Нормално дека нема да го најде, не е жена.
Затоа има жени - Телемити кои можат убаво да објаснат што сакале и како дошле до тоа преку Законот на Телема за да бидат исти со нас мажите во се.
Прашањето е каков одговор пронајдоа жените кои се православни христијанки на ова прашање „Што сакам?“.
Сигурно го „најдоа“ одговорот во православното христијанство... ?
Зад сенката на мажот, зад сенката на свештеникот...?
Секоја жена судија, адвокат, инжињер е сатанист.
Секоја жена чиј маж нема работа а таа носи средства дома за да опстане семејството не е православна христијанка во сржта на учењето бидејќи е поспособна од мажот кој што... е многу битен во православието, најспособен.
Изгледа тие жени што се запрашале што сакаат, и нашле прибежиште во православието - по се изгледа не го ни разбираат православието како што треба или стравот е премногу голем за да може да биде иста со мажот во сите мистерии поврзани и со животот и со божественото... нормално, знак прашање е воопшто ако пронашле било што за жената во тоа старо-еонско учење.
Голем знак прашалник...
Но што да се прави, има жена и Жена. Исто како што има маж и Маж.
Жената може да го имитира, но никогаш не може да биде како мажот.
Важи и обратното. Затоа постојат маж и жена - спротивности што се привлекуваат и надополнуваат.
Спротивности, почнувајки од физичкиот изглед па се до инстинктите.
Едниот не може без другиот.
Јас разбирам дека секогаш е полесно да се оди по линијата на помал отпор,
но не секогаш тоа е правиот пат,
полесно е да лежиш дома, а жена ти да работи и да те храни, и да се правдаш со тоа дека мажите и жените се еднакви,
отколку да го поднесеш товарот којшто секој маж треба да го поднесе.
Било која жена, макар да е судија, адвокат, па и претседател,
бара да биде заштитена од мажот - инстиктивно.
Кога ти би побарал - како маж, да бидеш заштитен од жената, прво ќе те погледне чудно, а на крај
народски кажано, ќе си останеш - па, со Телемата во раце...