Паметни.
Логика бе батка.
Така е, стави неспособен за да не ти го пронајде криминалот, така тие што потпишувале мислеле, ама јас според она што го гледам мислам дека тие што треба да се плашат се исплашени и изненадени од спремноста на СЈО.
Навредите и омаловажувањата од типот, глупа, неспособна, грда и сл. се само фино спакувани за јавност демек нема простор за паника,се е во ред. Наместо да го губат времето со вреѓање нека докажат дека се невини. Се е само маска за народот, за прикривање на стравот. Мислам дека СЈО има голема поддршка од внатре а поготово од надвор, што и мене не ми се допаѓа баш.
Зошто да мора секогаш некој од надвор да ни ги расчистува сметките во свој двор?
Зошто нашето судство, полиција и сл. никогаш не покажат способност дека се спремни да носат големи одлуки и да покажат храброст кога станува збор за криминал од државна важност?
Све нешто корумпирано,подмитено, све лингури.
Нешто ке должиме на странциве после, ама што, не знам, пошто самите сме неспособни, тоа е, вистината ке ја чекаме од страна, ама таа нема да биде бесплатна.
Ке видиме што ке биде, мене ми е најважно било кој суд, ако постои криминално дело, да биде докажано, и санкционирано, не ме боли уво за имиња, за рекла казала информации на медиумите, за локални патриотчиња што шпекулираат по улица, но ме боли ако некој си игра со народот и државата и сакам да биде казнет.
Преку глава ми е од криминалци и рекетари да ни ја водат државата,откако сум роден дозволуваме да продаваат фирми кои не се нивна сопственост и да крадат народни пари. Мора да се оправиме и јас верувам дека имаме потенцијал.
Лугето бегаат од овде, едвај чекаат да фатат магла некаде на запад, тоа е најголем мерач на квалитетот на животот.
Кога ке се иселат сите кој ке остане овде, администрацијата?
Па после нека не кукаат кога за ручек ке јадат хартија и тоа увезена, пошто нели нема производство све отишло у три пичке материне.