Од сите овие небулози овој дел ми остави најмногу впечаток. Хардкор албанскиот националист жали по социјализмот а берик дендарион принципелниот му става лајкови. Оваа држава не е наследена туку изградена од нашите татковци дедовци и прадедовци што не може да се каже за вашите татковци дедовци и прадедовци напротив! Вие ја уривавте од кога постоите се до ден денешен.
P.S. кога веќе лупеташ без врска бројки
број на патници во авионскиот сообраќај:
2006:550.000
2014:1.000.000
Во 2009 година премиерот вети 8 милијарди евра инвестиции во наредните 7 години. Ете тука сме, во 2016-та, можеш да ми ги наброиш тие 8 милијарди евра (не денари) инвестиции?
Во март годинава, Груевски најави дека во наредните седум години ќе бидат реализирани инвестициони проекти во
рудници, термо и хидроцентрали, гасификација, патишта, железница, аеродроми, кои ќе вредат осум милијарди евра.
http://www.vest.mk/?ItemID=75AB60D67A8115429DB54461579B1F65
Ако не е наследена, кажи ми во последните 25 години што се изгради? Ау да, овие за 25 години не успеваат да го уништат тоа што го изгради некој пред нив, а замисли колку ќе им треба да го изградат истото.
По болниците и понатаму се употребуваат средства во кои пишува Југославија, прошетај кај сакаш, полно е со инвентар од Југословенско време, само ги крпат.
Армијата сеуште се служи со остатоци од ЈНА.
Колку студентски домови се изградија? Ау чекај, нити можат да ги одржат тие што ги наследија.
Тоа што некој го изгради за 45 години, овие нити 5% изградија за 25 години.
Ни беа оставени патишта, кои и натаму истите се, само ги крпат. Сегашните патишта што се прават, за 5 години се претвараат дупка до дупка.
Споро е многу, сеуште главните енергетски капацитети се тие од Југославија, за 25 години ни филтри не успеваат да постават.
Во 1989 си имал 73 кино сали, сега колку реков: 12
Рекордот на посети во кино салите бил 8,8 милиони за една година, сега кината имаат 400.000 посетители.
Ти текнува за спорт нешто, 1000 гледачи моментално има на градски стадион на фудбалски натпревари. За други спортови да не правиме муабет, исчезнати се, а се претставуваат дека се грижат за младите.