„HBO“ е најпознатиот светски филмски канал кој секој месец ви донесува повеќе од 150 филмски наслови, меѓу кои 20 премиери, наградувани мега популарни серии, концерти, ексклузивни настани и контроверзни документарци. „HBO“ емитува програма 24 часа дневно со македонски превод и не прикажува реклами.
„HBO Comedy“ е тв канал од семејството на „HBO“ кој е фокусиран исклучиво на комедии. Носи разновидна понуда на забавни канали, од комедии до префинет, интелигентен хумор, не само од Холивуд, туку и од Европа и остатокот на светот. Само на овoj канал ќе ја имате можноста да ги гледате премиерите на најновите хумористични серии. „HBO Comedy“ им е достапен на сите претплатници на „HBO“ без дополнителна надокнада.
„HBO On Demand“ е услуга на видео на барање која на претплатниците им овозможува самите да одберат кога сакаат да ги погледнат содржините на „HBO“. И тоа колку пати сакаат, 24 часа дневно, седум дена во неделата. Секој месец, „HBO On Demand“, нуди најмалку 120 часа хит филмови и најдобри серии до кои претплатниците имаат негораничен пристап во текот на тој временски период, а нови наслови се додаваат секоја недела.
HBO го претставува HBO 3, HBO Comedy станува HBO 2
Овие три тематски канали нудат широк избор на врвни HBO содржини, вклучувајќи американска и европска HBO продукција, драмски содржини и комедии, документарци и хит филмови од сите жанрови.
ЛАНСИРАЊЕ НА ПОТПОЛНО НОВ КАНАЛ – HBO 3
HBO 3 е потполно нов линеарен канал посветен на сериски содржини во ударен термин. HBO 3 започнува со прикажување на програмата на 26. март и од тој ден ќе биде достапен за гледачите во Македонија 24 часа на ден.
HBO 3 им го донесува на гледачите најдоброто од светот на сериите – премиери на најновите HBO серии, но и хит серии на други студија, култната и наградувана американска HBO продукција, како и серии од оригиналната HBO Europe продукција. Покрај сериите, новиот канал донесува и одбрани филмски наслови кои ќе се прикажуваат во текот на денот или во доцните вечерни термини. Со HBO 3 гледачите ќе уживаат и во викенд маратоните на сите сезони на оригиналните HBO серии.