Fringe
Скитник низ паралелни светови
- Член од
- 24 септември 2011
- Мислења
- 7.898
- Поени од реакции
- 3.006
Јас па имам роднини,пријатели,другари и другарки во министерства кај што има неуставни технички министри да знаеш па тие какви закани и притисоци прават,бркаат вработени кои сепак се несреќно среќни е што не почнале живи да ги јадат и немаш представа каква каша попара направија.Гледам ова стана општа дискусија за политика па мора да пишам подолг пост...
Прво, читам и не можам да си објаснам една работа. Јас моменталната ситуација во МК одамна не ја гледам како борба на две политички партии. Ај пред бомбите и така и така, ама сега никако. Значи имаме докази што сите ги видовме и чувме дека државата ја водат злобни криминалци, луѓе со никаков морал, луѓе што комплетно ја уништија државата и ги уништија животите и на оваа и на идни генерации. И да ми простите вие поддржувачите на режимот, ама за мене само глуп, уценет или крајно расипан човек може да гласа за Груевски. Тука не санува збор за политичка борба, туку за диктаторски режим кој мора веднаш да биде срушен, и верувајте, ќе биде наскоро.
Второ, СДСМ со бомбите веќе оствари една голема победа, и тоа на долгорочен план. Бомбите се историски факт и од нив нема бегање, што и да биде во иднина. И ќе бидат достапни за следни генерации. Па пак да ве прашам вие што го браните режимот, како ќе ги погледнете вашите деца во очи кога еден ден ќе ве прашаат зошто сте бранеле луѓе, кои меѓу другото, се закануваат со убивање жени и деца во ендек, кога сите здраворазумни луѓе ги напаѓале?
Трето, не можам да верувам дека тука има луѓе кои тврдат дека немало закани и притисоци?!? Вие изгледа живеете во некоја паралелна Македонија??? Па јас со свои очи имам видено куп гадости од ДПМНЕ. И знам добро на што се се спремни. Имам другари во администрација што трпат нечовечки притисоци пред секои избори.
Четврто, немојте да ги користите минатите грешки на СДСМ како алиби. Тие си платија за своите грешки со тоа што 10 години се во опозиција. И немојте да ги ставате актуелните млади и амбициозни политичари од опозицијата во ист кош со потрошените транзициски кадри, кои веќе не се ни активни.
Петто, патетични сте со муабети од типот „Заев ќе јаде живи луѓе“. Ако таа изјава сте ја разбрале буквално, нема што да коментирате веќе никаде... А да, изјавата звучи грдо, ама не толку грдо како оние на Грујо дека на клоци ќе тепал и мавал и жени и мажи и се што е против него...
Што се однесува до бомбите само вие верувате дека се веродостојни.
Ниедна грешка не платија а парават се повеќе нови грешки кои тешко дека ќе им бидат простени и по 200 години[DOUBLEPOST=1457904143][/DOUBLEPOST]
Околу програмата на сдс пишав неколку страни наназад ама пак ќе пишам да послужи како потсетник дека комплетно ја имаат украдено веќе реализиираната програма на дпмне.Која партија ќе ги сруши на избори со фантомски гласачи со отварање гласачки кутии со закани и уцени? Дали си ја слушнала програмата на СДСМ или слушаш на Сител, МТВ, Канал 5 и Алфа дека СДСМ нема програма, зборам за медиуми од кои се информира 70 посто од населението на државава што поради застапеност што поради моите и твоите пари кои ги лапаат како национални телевизии. Било која партија и нова да се створи ДПМНЕ со помош на овие погани медиуми ќе ги направи салата, било кое образовано 30 годишно дете да се појави како нов политичар ќе му се извадат муабети дека до вчера купувал цигари и му мавале ластици.
Затоа единствен спас на оваа држава е Меѓународната која со помош на опозицијата ќе ја исечат оваа мафија еднаш за секогаш.
Како замислувате или сонувате да ја исече м.з. оваа мафија?
Може ли тогаш да ги исече 500к гласачи на дпмне.
И како партија со 2-3% електорат планира регуларно и легално да освои власт?
Имајте на ум дека од 2001/02 нема да има реприза
Последно уредено: