МАТА И РАМИРЕС СЕ НАЈНОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА НА ДОНЕВ
Екс фудбалерите на Челзи ги комплетираа своите трансфери во Њукасл и по потпишувањето на договорите излегоа на прес конференција заедно со менаџерот Донев. Мата е најскапото засилување за клубот под новиот менаџер. Тројцата дадоа свои изјави:
Рамирес: „По краткиот престој во Кина каде што отидов само за да ја пробам храната, решив дека е време да се вратам во Европа. Имав две понуди, но не можев да одбијам да играм за Донев, а секако плус беше и тоа што веќе имам играно со доста од играчите кои веќе се во клубот, а сега заедно со мене се придружи и Мата. Едвај чекам да заиграм за мојот нов клуб.“
Мата: „Пресреќен сум за мојот трансфер. Кога мојот агент ми кажа дека има понуда од Њукасл, и ми даде да разговарам со менаџерот Донев, се беше готово за неколку минути. Неговиот план за развојот на клубот е одличен и сигурен сум дека ќе донесе успех. Тука им се придружуваме заедно со Рамирес на нашите пријатели Чех, Тери, Лампард и Дрогба со кои ја освоивме онаа незаборавна титула во ЛШ, па убеден сум дека и со Њукасл ќе успееме да освојуваме трофеи и да донесеме радост за нашите фанови.“
Донев: „Мора да признаам, Мата беше мојот најпосакуван трансфер. Планот беше да се комплетира вчера, но поради одредени компликации мораше да почекаме дополнителни 24 часа. Пресреќен сум што конечно е официјално. Го следам Мата веќе неколку години и знам дека заедно со Коста ќе бидат главните ѕвезди во тимот. Рамирес се придружува на веќе силната средина, и покрај Туре и Сисоко мислам дека ќе се снајде одлично. Тој е играч кој може многу да ни помогне и во напад и во одбрана, а сите знаеме дека е неуморлив и трча постојано за време на целиот натпревар. Пресреќен сум со мојот тим, останува да донесеме уште 2-3 играчи и со тоа да бидеме комплетни и спремни за почетокот на сезоната.“