Во неделата му пееја 3 години на дедо ми. Имам едно прво братучетче помало од мене, 21 година има, ама ептен е големо, онака џин, шо се однесува на дебелината. Па така често се зафркаваме еден со друг, и си маваме калапчиња без лутење.
И на гробишта ги имаш оние стандард црн хумор-шеги, додека се чека попот да дојди да заврши работа.
Ми вели-Глеј ја надгробнана плоча (покажува накај некој рандом стар лик тука во близина). Оти онака го нацртале човекон, како букар со огромна глава? (прашува)
-Не се секирај (му велам). Тебе и онака нема да те собери да те нацртаат на една надгробна плоча.....
По некое време улетува од нигде никаде-Абе за колку време се распаѓа еден чоечки труп?
Оти имавме еден пријател гробар, ни објаснуваше еднаш дека то зависело од земјата, од местоположбата, од влагата (и реди таму надворешни влијанија и ефекти). Плус вика, ни кажа дека некогаш ко го отвориле еден ковчег после три години, трупов ептен малку бил распаднат.
-За тебе прашуваш му велам? За таква снага ко твојата 10 години се малку. Има да ги прејадиш црвите и сите подземни створој, гозба на векот
По некое време укапиравме дека присутните ни ги слушале муабетите. Свртени накај нас со „шо му е на децава" лик, ни маваат некоја фројдовска психоанализа. Сета среќа дојде по една минута попов и ја прекина целава ситуација.