FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Пак сум последен, но овој пат не е до мене 2 пати неуспешно го симнав па за на крај да погодам од трета мајка. Иначе порано ќе ми беше гледан :D

За разлика од претходниот филм овој беше тотално спротивен од него. Мене искрено ми се допадна филмот, плус не бев спремен да гледам некој тежок како претходниот па супер ми легна. Не е некој woооw филм ама ти буди некое убаво чувство во тебе додека го гледаш и не е досаден, барем мене не ми беше и брзо ми поминаа саат и пол.

Имам замерка за режисерот затоа што опфатил повеќе теми и некако на крајот пробува сите да ги затвори и успева во тоа на некој начин, но во сите е просечен. Подобро да се задржел на една-две работи кои ќе ги обработи одлично.
Како и да е интересно филмче, оцена 6,5.

Ми се допаѓа тоа што има разновидност во досега гледаните филмови, секој филм е со посебна тематика која потоа ја дискутираме тука, нема повторувања (y)
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.767
Поени од реакции
11.759
Океј филм, али у споредба со минатите 3 е класа две подоле. Торент најдов асален ама се намачив малце дур да најдам солиден превод. Имаше убави пејсажи, обработува како што кажавте погоре веќе доста видена тематика али се на се склопено е океј филм за тепање време. Глумата просечна, интересно беше малото дете. :D

Летиција Каста :love:

Оцена 3/5
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Oвoј пaт зaбушaвaм aмa немaв мнoгу време, дo пoлa гo изглеaв утре ше гo дoглеaм пa ќе пишaм кoментaр и oценкa, се нaдевaм немa дa ми зaмерите :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Последниот воз го фатив за филмов, ама битно го фатив.
Ми се свиѓаше мене бе, не дека е нешто којзнае што интересно, семеен филм што би вртел на Халмарк или МТВ околу 13:00. И ако случајно го начекам на ТВ, пак би го изгледал. Ако е целиот со деца (од кој она малоно ме нервираше страшно, Малиот Ага во француска верзија ми беше) сепак си има пораки за војната, Евреите, семејни односи за време на WWII сето тоа преку едно селце во Франција.
Кинематографијата беше опасно добра, дефинитивно. Глумата им беше средно жалосна на децава, возрасниве ај, колку-толку океј беа.
Е сега да, она со нацистите на крајот беше смешно и трагично направено, сериозно можеле некако поубаво да го смислат тоа ама ајде, ќе помине некако (Рамбо сам цела војска отепа па култен стана, шо останува за ова).
И за крај Летиција Каста....:love::love::love:

И да, секогаш кога ќе слушнев Ressistance, следните зборови мислев дека ќе бидат: „Listen to me very carfelly, I shall say this only once“ :)

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.331
Продолжуваме понатаму. Пред тоа, само да расчистиме во врска со претходниов за кој генералниот впечаток е дека не опушти, и ќе се осмелам да кажам - со тоа на сите ни се допадна. Благодарам за предлагачот @RectumAnale , само те молам пиши ми ја твојата оценка за филмот, ми фали. @Bojan Van Buuren рече да го почекаме, ќе го догледал, затоа него не го ставам за сега во ескиваторите, кои овојпат ги имаше во доста голем број: @MyloXyloto , @ManUtdChampions (со оправдување, рече дека ќе надомести), @Goodfella , @K!KI , @beaverknight - се надевам дека ќе надоместите ;) , а @Толстој , @Chovek , @џимеј , @Хоуп , @Saladin - ова ви е втор по ред негледан :confused:. @AniMagus - исто, плус и со ни еден коментар за ни еден филм од досега петте предложени. :eek: Од тројцата кои минатиот пат споменав дека ниту еднаш не ни се приклучија, иако имаа желба на почетокот, исто така ниту еден не го изгледал и овој филм. Многу ми е криво што полека се губи ентузијазмот, но среќен сум што некои од вас, како @grande-juve , @Anon , @devilko , @ob1 , @wot , @Leo Bonnie , @Krk1 , @Erich Zann , @dejan_k , @Iceboy, па и @Хефест - гледале сѐ до сега и коментирале на сѐ до сега. Од некои дури, морам да признаам, сум позитивно изненаден. Браво дечки! Само продолжете така и понатаму.

За сите кои испуштиле филм/филмови - никогаш не е доцна да ги гледате и да напишете збор-два овде. Дури и ве охрабрувам да го направите тоа. ;)

Од оценките на четиринаесеттемина кои го гледале (The New) War of the Buttons, средната добиена оценка е 5,8.

А сега продолжуваме понатаму. Следен за предложување беше @Џонтра Волта , кој е првиот што одбра филм кој и нему ќе му биде изненадување, затоа што и тој го нема гледано. Се надевам дека на сите ќе ни се допадне. Одиме пак во европска држава (интересно, само предлогот на @grande-juve за отворањето на клубов беше холивудска продукција :) ), овојпат Белгија. Филмот е:

The Treatment (De Behandeling)

Имате торенти:
The.Treatment.2014.1080p.BluRay.x264-VeDeTT
The.Treatment.2014.BRRip.XviD.MP3-RARBG


@wot, насловот - Film Club 2016 (The Treatment (De Behandeling): 07.03 - 20.03)

Letterboxd листата update-увана: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

Листата на членови исто така.

Уживајте!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
XviD алергија.
Јас го симнувам овој од 8 гига, ќе се потрудам до вечер да напраам некоја ~800 мегабајти 720p-ка и да ја качам на Pirate Bay.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.331
На рутракер сигурно има некоја таква. ;)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Тие имаат глуп сајт со непотребно руско аудио.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
XviD алергија.
Јас го симнувам овој од 8 гига, ќе се потрудам до вечер да напраам некоја ~800 мегабајти 720p-ка и да ја качам на Pirate Bay.
Има слики на Pirate Bay од ова XviD верзијата. Добри се.
Ќе го симнам ја после па ќе видам. Да бидам искрен не ни сум го проверил филмов, @Stefan-kobe копилето ми рече глеј го овој добар е и му реков ај у филм клуб ќе го препорачам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom