Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Еднаш порано реков еве да повторам...од мене зонашите пара не гледаат. Не катни гаражи не СМС пораки, не бели линии, нови пајаци....што сакаат нека прават од мене скршен денар нема да добијат.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Вести од Струмица

Верчето вели дека цела Струмица ќе ја ставела под зонско
http://24strumica.mk/9310/ke-se-prosiruva-zonskoto-parkiranje-na-ulicite-kade-sto-ima-golem-soobrakaen-mtez/
Знае ли некој дали Верчето е мажено?
Тоа што го пишав претходно се остварува, т.е. ќе се оствари, најверојатно постизборно (ако има избори).
Реков претходно, и сеуште тврдам, дека зонското, само по себе, не е решение!
Да не се повторувам пак, не може паркирањето да се реши само и исклучиво со воведување зонско, со цени како во Скопје... ова е сепак Струмица...
Од друга страна, градот треба да инвестира во израдба на паркинзи и/или катни гаражи, но во сопственост на општината.
Но, тоа се веќе други теми за дискусија...
Верчето не е мажена иначе :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Утрински известува од Тетово
- Тетовци веќе не се сигурни ни за момент да го остават автомобилот на недозволено место, бидејќи „пајаците“ се појавуваат од нигде никаде и веднаш ги креваат возилата и ги носат на паркиралиште во долниот дел од градот.
- Зонското паркирање наместо да го среди, создаде уште поголем хаос во Тетово.
- Жителите во овие станбени објекти имаат и проблем со паркирањето на своите автомобили.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=2D5B00930BBA4A47B26C3880D27F7A5B
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Скопските зонаши воведуваат плаќање на минута
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=553A093E6AA60F40B797709E2558955C

Сум забележал кога се наближуваат избори зонашите се многу активни и инвентивни
Ова го толкувам вака:
Кој и да победи на изборите зонашите се секогаш со победникот. Наместо „ лепачите на плакати “ од оваа „ политичка опција “ ќе вработат „ лепачи на плакати “ од другите
И тоа е суштината на злото - ниту една „ политичка опција “ не е против зонско
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208
Ми стигна опомена пред тужба(и фактура) од ПОЦ за 2 казни од 11 и 13 март 2013. Е сега појма неам кои се тие казни и на кој ги пишале. Да пробам да се жалам или да одам да си ги платам, да не се замарам со неписмените идиоти што работат во поц ?
И дали водат евиденција за казните, да отидам кај нив и да ми кажат каде точно, на која улица, во колку саат, се пишани казните ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ми стигна опомена пред тужба(и фактура) од ПОЦ за 2 казни од 11 и 13 март 2013. Е сега појма неам кои се тие казни и на кој ги пишале. Да пробам да се жалам или да одам да си ги платам, да не се замарам со неписмените идиоти што работат во поц ?
И дали водат евиденција за казните, да отидам кај нив и да ми кажат каде точно, на која улица, во колку саат, се пишани казните ?
Нема веднаш да те тужат туку ќе дадат до нотар предлог нотарот да донесе решение за присилна наплата. На тоа решение треба да поднесеш приговор во кое ќе кажеш дека мамат.
Сега засега ваквите опомени игнорирај ги, а ако добиеш решение од нотар поднеси приговор
Не ти препорачувам да одиш кај зонашите и да со нив разговараш или било што да потпишуваш. Тоа се криминалци и од тоа можеш да имаш само штета[DOUBLEPOST=1458598148][/DOUBLEPOST]Нови „ работни “ победи од градските зонаши
Имале промет од 2,6 милиони евра - најмногу од пајаците
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=28409BB3B702034D943E50236C5A0BC0
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Слично како Франкоо и на татко ми му стигнало да подигне препорачана пратка од пошта... Подигнал и гледа казна валјда (јас лично уште не сум ја видел).
Печат од 18.03.2016 од Паркинзи Центар со казна колку што разбрав ~900 ден. пишана на 02.05.2013 од Зона 2. Нит видел нит нашол нешто до сега...
Човече од пред скоро 3 години... Што е проблемов не разбирам сакаат да фаќаат на памтење? Еве и да имало нешто напишано и оставено на кола и поминал некој го фрлил. Што се чекало 3 години за да реагира?
Не го делам баш мислењето со Франкоо да платам или да се жалам во смисол ја би се жалел и тоа жестоко посебно ако немаат начин да ми докажат дека пишале казна...
Некои правни совети има некој да сподели...
Прво што ми текнува мене е застарувањето... Казна пишана од пред скоро 3 години сега им текнува да наплатат.

Поздрав
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Значи не е слично туку е исто како на Франкоо... Опомена пред тужба со фактура.
Ќе одам денес да видам дали имаат некаков доказ дека навистина ми напишале казна пошто се распрашав и наводно за нивно осигурување сликаат за да имаат и оправдување пред себе. Ако е така тогаш баш сакам да видам како тоа изгледа. Ако немаат незнам како мислат да докажат дека некој тоа го направил.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Бев и во ПОЦ... Наводно имаат "цврсти" докази во смисол слики и ќе ти ги покажат само строго на суд. Таков бил законот...
Некако чудно пошто логиката не ја разбирам...
Прво зошто толку чекање (скоро 3 години)...
Наводно толку време требало да помине додека да успеат да ги добијат сите валидни податоци за прекршителот и да ги испратат каде што треба.
Второ зошто ако ја стварно сум згрешил и ми пишале казна ако ми покажат одма ќе си платам ем нема по судови да се бркаме ем они парите ќе си ги добијат одма.
Се консултирав со адвокат кој вели најмаку 100тина евра за сите пропратни работи и + ако се одолговлечи од било која причина.
Неговото мислење е дека можно е тоа да е блеф од нивна страна за да приберат пари сега предизборно... Исто така вели дека такви казни застаруваат дури по 5 години...
Сега пошто е пред 3 години и немам никаква гаранција дека тоа не е сторено или треба да платам 950ден или по судови каде што повторно има шанси да е се регуларно и да падне на мој трошок што би значело можда и 10000ден ако не и повеќе доколку се изгуби...
Во секој случај многу сомнително и доколку има некој што ја следи темава да сподели мислење нека повели пошто имам уште 2-3 дена за плаќање ако не присилна наплата...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зонско во Кавадарци- Градоначалникот „ апелира “ да се јави некој на тендерот и граѓаните да се израдуваат на зонско

http://vecer.mk/makedonija/zonski-parking-se-voveduva-i-vo-kavadarci

Од Тетово вест дека зонското само ја влоши ситуацијата
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=108289#.Vxk--NR97hs

Не ми се јасни работиве - Сите гледаат дека зонското е катастрофа - но зонското и понатаму се шири
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И во Дојран воспоставија зонско


http://www.exclusive.mk/News.aspx?IdNews=13019

Чувствувам потреба да ви кажам
Зонското е спротивно на Уставот. Но оваа власт направи се да одржи зонското и Уставниот суд да не го забрани
Штом ќе се смени составот на Уставниот суд, ќе се обидеме повторно
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Кавадарци поскапело зонското
За еден час паркирање во периодот од 07 до 24 часот ќе се плаќа по 30 денари, а секој нареден час ќе биде поскап за 10 денари од претходниот. Наместо до 22 часот, зонско паркирање согласно денешната нова одлука на советот ќе се плаќа до 24 часот.
Ова е најскапо зонско во РМ
Но ни тоа нема да им помогне. Пак ќе имаат загуби и општината ќе мора да ги дотира
Но зонското не е направено за било што друго, туку да се вработат швалерките и роднините на општинските лешинари
http://duma.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=21086:2016-06-16-14-46-19&catid=15:kavadarci&Itemid=51

Паркингот кај Тутуски комбинат ќе се наплатува
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=4F876EA618A8144E94ADB7442E4C46DD
 

Kajgana Shop

На врв Bottom