Па не сум баш сигурен дали ова треба да го има во македонскиот Правопис. Нашето писмо е кирилично писмо, и има одвоено голем дел во сите досегашни правописи за транскрипција на туѓите имиња на кирилица. Еве, во новиов слушам дури и проширен бил тој дел. За транскрипција на македонските имиња на некој друг јазик мислам дека би требало да бараш во правописот на тој јазик.
Можеби грешам, но според мене, на македонски се пишува на кирилица и нема што во македонскиот јазик да си ги транскрибираме нашите имиња на туѓа азбука.