Деновиве коментарите околу се што ќе се случи се:
а) Гвујо е крив за све
б) ВМРОвците криви се за све. Дебили, прости, глупи, смрдени, дегени, заостанати дрн дрн дрн...
Се чудам како може, луѓе што за себе тврдат дека имаат умни, современи и либерални сфаќања и се сметаат за прилично интелигентни да ги пишуваат погорниве коменари. Прво, логикава ви чкрипи. Дали сте сериозни дека Груевски е крив што некој болесник убил човек некаде за нешто? По истата аналогија ја сеа треба да одам и да кршам прозори по комшиите на пример и да речам дека тоа е поради тројката по математика на полугодие во четврто одделение што ми ја пиша учителката. Второ, да тврдиш дека сите членови од одредена партија се исти (читај придавки во коментарот под б)) треба да си надвор од умот. Ниту Груевски е виновен за ваков злочин и ваква глупост, ниту Груевски и компанија се вистинското на ВМРО. Не ја поистоветувајте партијата со куп криминалци кои не знаат главата кај им е. Најлошо е што таквите кои ги пишуваат коментариве што ги спомнав не прифаќаат дискусија, не нудат здрави аргументи и ги завршуваат разговорите со: ,,глуп си" и ,,оди утепај се" истовремено обвинувајќи ја другата страна дека не знае да води дискусија.