Не фаворитизам, фаворитизмот е повеќе генерален впечаток, ова у моментов е единствен начин без алтернатива, и џабе ќе ми го продаваш тоа дека и порано било така, барем не у последни 20 години.
А тоа што ќе очекувам од другата партија ќе оформам за тоа мислење коа ќе дојде како и до кој степен ќе ги користи истиве техники од оваа влада тогаш ќе оценам.
Пак, познатава реторика за тоа дека корективот не го бива па позицијата користи не иде некако.. сите апсења, рекети, отпуштања, заокружувања, јавни линчови и што уште не се се доволен показател за тоа кој е одговорен. Некако дури го менувате светогледот за тоа кој треба да понесе одговорност во кризни состојби, извлекувате некои нови логички операции само за нечија корист.
Во едно сум сигурен, ако сега не се осудат сега одговорните за еден од најголемите криминали во нашето постоење, ќе има нови преседани во политиката кај нас, кои ќе бидат практика отпосле со новата власт кога и да дојдат.
А да поддржувам некој да се извлече од одговорност после сето ова, ни на крај памет.