Девојки и момци, еве ви уште една занимација пред Оскарите: првите
Kajgana Movie Awards 2016 (неофицијално втори се, де, зашто пред две години за потребите на Кајгана форумскиот весник веќе гласавте и се доделија едни, но еве ветувам дека ќе се обидам овие да прераснат во традиција. Не отварам посебна тема за сега, туку пишувам тука, зашто сметам дека тие кои ја следат темава се вистинските филмомани на форумов, и истите заслужуваат да станат членови на Kajgana Movie Academy.
За почеток се одлучив за 15 категории (филм на годината, режија, актер, актерка, актер и актерка во споредни улоги, анимиран филм, документарец, неанглиски филм, најдобра драма, научна фантастика, акција/авантура, комедија/мјузикл и најдобар македонски филм). Ако мислите дека треба да се додаде уште нешто, слободно поднесете амандман.
За сега го имате само формуларот за гласање, а може да гласате една недела - до 25-ти февруари. Таман пред доделувањето на Оскарите ќе ги објавам номинациите. Еве го линкот до
формуларот за гласање: http://goo.gl/forms/Elwx1NFD6n
Во секоја категорија ќе има максимум 5 номинирани (или помалку, доколку постои консензус некаде), освен во категоријата Најдобар филм каде нема да се одлучува со мнозински принцип, туку на начинот на кој АМПАС ги одредува номинираните (малку е комплициран, па затоа нема да го објаснувам сега, но ако ептен ве интересира, ќе ви објаснам). Значи за најдобар филм ќе има минимум 5 а максимум 10 номинирани.
Затоа е потребно да ги наброите 5те најдобри филма од 2015-та според вас, рангирајќи ги од прво до петто место (ќе видите во формуларот, има посебно прашање за секое место).
Шесте главни категории се задолжителни, па затоа секој кој сака да гласа, мора да ги одговори прашањата за тие категории. За останатите - пожелно е, но не задолжително.
За најдобар филм можете слободно да номинирате и анимирани, и документарци, и странски, доколку сметате дека заслужуваат.
Eligible се само филмови кои според IMDB се направени во 2015-та, што значи, не можете да го номинирате Theeb, на пример, иако е номиниран за Оскар годинава, зашто тоа е филм од 2014-та кој американската премиера ја имал во 2015-та.
Може да гласа било кој член на Кајгана форум, со што истиот станува член на Кајгана филмската академија.
Но, ве молам не бидете douchebags и гласајте само еднаш. За да ја олеснам работата при гласањето, направив формуларот да биде достапен за сите, и да не мора да се логирате со google акаунт. Затоа гласајте само еднаш. Сомнителните гласачи ќе се обидам да ги проверам.
Ако има прашања, слободно прашајте. Па повелете, формуларот за номинирање:
http://goo.gl/forms/Elwx1NFD6n