Кошарката нво државава почна да пропаѓа во 2001, па се дигна некако во 2006 и после повторно почна да оди надоле со распадот на Струмиц и ете ја иронијата која тогаш ја говорев...распадот на Струмица не значи само распад на клубот, туку почеток на нов лош циклус во нашата кошарка...секога ш е така кога се губи екипа која претендира кон врвот...а што да речеме за Мзт тим кој има успешна историја и во прва југословнеска лига, тим кој беше дундамент на кошарката во Макеоднија....
но едно запаметете кој сака што сака нека каже, утре МЗТ СКОПЈЕ ЌЕ ВОСКРЕСНЕ, памтете ми го зборот.
MZT SKOPJE till I die !!!
Да...така испадна работата...
Иако, еве си признавам, сметав дека Струмица отиде во раце на озбилни луѓе, кои имаат визија како понатаму, дека ќе прерасне во силен клуб...ама наивен бев
Сепак, да не ја тупам со тоа, темава е за Мзт, поентата ми е следна:
Влезе кошарката во еден лош циклус со згаснувањето на Струмица, па како капак на се и она сите што го трубат „светска криза“, што резултираше со повлекување на спонзори (Пелистер на пр.), или сосем трети причини (Работнички).
Но, не треба и да заборавиме дека по 1991, т.е. осамостојувањето, се променија и многу работи околу финансирањето на клубовите, но и спортот воопшто.
Македонија не успеа да донесе и спроведе квалитетни закони од областа на спортот, тргнувајќи од обликот на организација на самите клубови, финансирањето на клубовите...едноставно, во ситуација сме кога вложувањето во спортот е само губење пари, за жал...или облик на перење пари.
Дел од вината сносат и спортските работници, и генералниот недостаток на идеја и брендирање на производот-клубот. Па од маркетинг колку само може да се собере, од продажба на дресови на пр...Но, сето тоа е остварливо со предуслов квалитетен и спроведен закон, како што реков и погоре.
МЗТ е неспорен македонски кошаркарски бренд, исто како и Работнички. Срамота и грев е да пропадне. Еве, јас памтам дека средината на 80-тите играше во најквалитетната југословенска лига...Прва А мислам се викаше.
Тие генерации играа и во почетокот на самостојната македонска кошарка, играа и на европска сцена...Па и таа генерација после, во средината на 90-тите, оние со Порто, Реал, Улм натпревари...и денес, 2009, сето тоа оди туку така...
Секој искрен фан на кошарката неможе и несмее да биде рамнодушен кон ова.
Уште еднаш, посакувам спас на МЗТ, и, моја целосна подршка на вашите напори за спас.