Едно (не) можно сценарио...
Саудијците и турците влегуваат во Сирија. Американците прават проблеми во Украина, Грузија и Чеченија за да ги дефокусираат русите. Русите исфрлаат неколку контењери оружје во источна Турција и на Кипар. Курдите започнуваат граѓанска војна во Турција, грците го окупираат Кипар. Иран официјално влегува во Сирија. Се придружува и Либан. Израелците седат сус бидејќи се предупредени од русите дека ќе ги активираат палестинците. Пакистан се приклучува како помош на саудијците. Индија врши инвазија на Кашмир. Америте се растрчани на сите страни. Емигрантите од Кина, Мексико, Порторико...прават немири. Северна Кореја ја напаѓа Јужна Кореја. Кина користи ситуација и му се одмаздува на Јапан и врши инвазија на Тајван. Хутите од Јемен притискаат кон Мека. Баскиците прогласуваат независност исто и Шкотска. Фламанците дигаат бунт. Сицилија се отцепува од Италија. Србите влегуваат во Косово. Аргентина си ги враќа Фокландите. Канада ги тепа американците во хокеј. Бугарките за две чрвени одат кај што дува ветерот. Мароко и Алжир ја делат Франција.И на крај соте се исцрпени и без ресурси, македонците со пронајдоците на Војо стапуваат на сцена и ги покоруваат сите. Во Атина службен јазик е македонскиот, а Зоте во Мека брани докторска дисертација за обликот на Земјата.