Конфликтот во Сирија

Член од
28 август 2013
Мислења
4.203
Поени од реакции
12.811
Како што ви реков САД и Турција ќе ги искористат саудијците како топовско месо во Сирија. А на крајот американците и турците ќе влезат во Сирија и ќе заврши војната. А можно е и НАТО комплетно да реагира.
Они го дрмаат светот, кај сакаат носат демократија... А да те прашам нешто, зошто не го симнат режимот во Саудиска Арабија?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Нема да влезе Турција со војска ниту пак Саудиска Арабија. Договорено е да стапи прекин на оганот за една недела. Ако влезат Турците со војска или пак Саудијците тогаш ќе наидат на огромни критики ширум светот (особено од Западот) и нема да имаат од нив поддршка. Тогаш сигурно е и дека ќе настапи Русија со нејзина војска а и Иран нема да седи мирен тоа е сигурно.

А Американците никогаш не вршеле воена интервенција без било каква причина. Американците секогаш играле на таа карта (со цел да си го зачуваат образот и статусот „праведни“ ширум светот). Плус таа интервенција нема да биде одобрена од Советот за безбедност и плус е тоа што Америка нема да влезе во војна со Русија поради Турција. Тоа сценарио заборавете го.

А Саудиска Арабија и Турција сакаат да влезат зошто гледаат дека ќе им пропадне стратегијата која ја коваа заедно сите овие години. Гледаат дека веќе не им успева стратегијата со давање поддршка во оружје, храна, и лекарства и сега сакаат да преминат на план Б. Ама план Б им е поврзан со премногу ризици и нема така лесно да излезат од тој оган. Затоа и огромни се можностите да не влезат воопшто.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Они го дрмаат светот, кај сакаат носат демократија... А да те прашам нешто, зошто не го симнат режимот во Саудиска Арабија?
Бидејќи се сојузници со САД. Односно не сојузници туку обични пиуни. А вистинските сојузници на САД во Блискиот исток се Израел и Турција..[DOUBLEPOST=1455453282][/DOUBLEPOST]
Нема да влезе Турција со војска ниту пак Саудиска Арабија. Договорено е да стапи прекин на оганот за една недела. Ако влезат Турците со војска или пак Саудијците тогаш ќе наидат на огромни критики ширум светот (особено од Западот) и нема да имаат од нив поддршка. Тогаш сигурно е и дека ќе настапи Русија со нејзина војска а и Иран нема да седи мирен тоа е сигурно.

А Американците никогаш не вршеле воена интервенција без било каква причина. Американците секогаш играле на таа карта (со цел да си го зачуваат образот и статусот „праведни“ ширум светот). Плус таа интервенција нема да биде одобрена од Советот за безбедност и плус е тоа што Америка нема да влезе во војна со Русија поради Турција. Тоа сценарио заборавете го.
Нема да влезат сега туку за еден месец. Така рекоја саудијците. САД и Турција нема да влезат сега. После 1 месец саудијците ќе бидат искористени како пробен балон. Потоа ќе се случи тоа што треба да се случи.
 
Последно уредено:
B

Borg_Drone

Гостин
Бидејќи се сојузници со САД. Односно не сојузници туку обични пиуни. А вистинските сојузници на САД во Блискиот исток се Израел и Турција..[DOUBLEPOST=1455453282][/DOUBLEPOST]
Нема да влезат сега туку за еден месец. Така рекоја саудијците.
Е како ќе влезат кога треба да настапи прекин на огнот за една недела? Ако настапи прекин на огнот за една недела нема да влезат ниту Саудиска Арабија ниту Турција или пак било кој друг. Ќе настане „статус кво“ како што има во моментов во Украина. Асад пред некое време кажуваше дека сака да ја освои цела Сирија (и дека намерува тоа да го направи) ама со овој прекин на оган ќе им бидат на сите во регионот (со исклучок на ИД) рацете врзани. Едни ќе си контролираат една територија, другите друга територија и ќе се насочат повеќе нападите кон ИД. Ако настапи тој прекин на оган за една недела нема да гледаме после тоа борби помеѓу „умерениве“ бунтовници и војската на Асад долго време.
 
Ќе има провокации за да се поништи мировниот процес.Повод за војна е многу лесна работа.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.103
Поени од реакции
3.301
Se mi se cini deka rusite pametno postapija, Asad ke odi na ISIS ovoj mesec dena i potoa ovie drugite nema da mozat da vlezat (neli sakaat da vlezat za da go pobedat ISIS)
ama aj ke vidime sto kako ke bide.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ќе има провокации за да се поништи мировниот процес.Повод за војна е многу лесна работа.
Можно е, ама тоа допрва ќе се види. Прво сè уште не настапил прекинот на оганот. Али јас сум сигурен дека ќе настапи. После понатаму како ќе се одвиваат работите ќе се види допрва. Има огромни шанси да не издржи многу тој прекин на оган (не велам не, се работи за крајно нестабилен регион во кој религијата и културата се далеку поразлични од тие во Украина на пример) ама ќе се види допрва како ќе се одвиваат работите. Пак мора да се даде шанса на тој прекин на оган.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Сирија ги повикува ОН да го запре турското гранатирање

14 февруари 2016

МИА

Сириската Влада денеска го осуди турското гранатирање на курдските сили на северот на Сирија и ги повика Обединетите нации да дејствуваат, пренесува Танјуг.

- Министерството за надворешни работи остро ги осудува повторните турски злосторства и напади врз сирискиот народ и територијалниот интегритет на Сирија, јавува САНА.

Министерството го повика Советот за безбедност на ОН да ги „запре злосторствата на турскиот режим“, наведува сириската агенција.

Турската војска, втор ден по ред, ги гранатира позициите на курдските борци на северот на Сирија.
http://plusinfo.mk/vest/57922/sirija-gi-povikuva-on-da-go-zapre-turskoto-granatiranje
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
и американците ги нервираат со ова што го прават
Јас мислам дека американците знаеа дека ќе има напади од турска страна. Исто беше и со израелските напади пред неколку години во Палестина. САД беа против тие напади а овие продолжуваа да ги бомбардираат. А пред медиумите глумат демек американците се против тие напади.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ќе видиме што ќе се случи, но во едно бидете сигурни САД нема воено да се вклучат во сирискиот котел. Можеби сега ќе глумат со цел да ги вовлечат турците, саудијците и другите, но самите нема да се мешаат. Од страна ќе уживаат во нивното најголемо надворешно-политичко ремек дело.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
Едно (не) можно сценарио...
Саудијците и турците влегуваат во Сирија. Американците прават проблеми во Украина, Грузија и Чеченија за да ги дефокусираат русите. Русите исфрлаат неколку контењери оружје во источна Турција и на Кипар. Курдите започнуваат граѓанска војна во Турција, грците го окупираат Кипар. Иран официјално влегува во Сирија. Се придружува и Либан. Израелците седат сус бидејќи се предупредени од русите дека ќе ги активираат палестинците. Пакистан се приклучува како помош на саудијците. Индија врши инвазија на Кашмир. Америте се растрчани на сите страни. Емигрантите од Кина, Мексико, Порторико...прават немири. Северна Кореја ја напаѓа Јужна Кореја. Кина користи ситуација и му се одмаздува на Јапан и врши инвазија на Тајван. Хутите од Јемен притискаат кон Мека. Баскиците прогласуваат независност исто и Шкотска. Фламанците дигаат бунт. Сицилија се отцепува од Италија. Србите влегуваат во Косово. Аргентина си ги враќа Фокландите. Канада ги тепа американците во хокеј. Бугарките за две чрвени одат кај што дува ветерот. Мароко и Алжир ја делат Франција.И на крај соте се исцрпени и без ресурси, македонците со пронајдоците на Војо стапуваат на сцена и ги покоруваат сите. Во Атина службен јазик е македонскиот, а Зоте во Мека брани докторска дисертација за обликот на Земјата.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.120
Поени од реакции
10.877
Дојдоа у тесно, им ја затворија границата и сеа удри али касно е, очајнички обиди им се ова. Јеби ти војна без воздушна подршка

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom