не си правете екскурзии на мозок дека некој ќе биде иден број 1 со тоа што одиграл 2-3 меча добри во низа, или еве да речеме 1-2 турнири, за да бидеш број 1 потребна е константност, секој од овие топ 100 тенисери може да одигра перфектен меч, каде се ќе му оди од рака, сервис, винери, малку неизнудени, ама за да бидеш број 1 треба поштено да се испотиш, не толку за да стигнеш до првото место, туку за да се задржиш таму, полека со заклучоците, за Нишикори велевте дека има подобар бекхенд од Новак, Бердих лани кога ја отвори сезоната со ненормално добра игра велевте дека има шанси за гренд слем, Чунг го најавувате за иден број еден а јас мислам дека ако влезе во топ 10 ќе биде добро, и да за крај, тенисер не се станува на 25 години, така да ова што ве толку фасцинира мене не ми е ништо посебно, Шарапова на 17 години освои гренд слем, а овие на 18 години ќе играле финале на 250ка и одма како чудо ги најавувате