Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Па немаш баш право да живееш каде што сакаш, има закони и прописи кои одредуваат кој и под кој услови може да добие жителство. Ако беше така секој да живее каде што сака општина центар ќе имаше близи 1800000 жители, а останатите општини бо МК близу 0.
Тоа било во времето на дедо ти и удба.
Сега се има уставно право секој да живее каде сака.[DOUBLEPOST=1455377928][/DOUBLEPOST]
Basterd, што збориш жити се? Зврлевски кој е до гуша компромитиран го споредуваш со СЈО-то и правиш споредби?

СЈО е пристрасно? Чекај што мислиш дека е СЈО? Мериторен орган?
СЈО е странка во постапката, "парничар", кое гони според дела и треба да го докажува обвинението и да протестира на се што не иде и во најмала полза на барањата кои ги има преку обвиненијата и слично... ти како што го третираш обвинителството? Како суд?

Разбирам да се пишат алибија, ама дај не ги потценувај членовите со ова...
Зврле е неутрален професионалец во споредба со некои татини и мамини дечиња кои на тацна добиле дипломи и глумат експерти.
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Читам и се чудам, дали искрено во себе стварно си мислите дека Заев прислушкувал со помош на Верушевски со помош на свои бивши колеги од УБК? Дали исто верувате дека Заев со Чауш правел лични карти, дека Чауш имал материјали од прислушуваните разговори, дека Заев со помош на САД го смислија и остварија Диво Насеље, и што уште не.
Или чисто онака ви е интересно(можеби и ви се гади кога го правите ова, не сте криви си имате задача) кога ќе чуете од Сител и Канал 5 вакви стории па дополнувате, форсирате на форуми, фејсбук се со цел што повеќе да чуе народот за вакви приказни, и со цел да се замрази уште повеќе опозицијата која го откри токму спротивното.
Изгледа нема никогаш да дознаеме, бидејќи ќе немате муда да признаете дека цело време имате задача да го манипулирате народот да верува во она што вие сакате.
Дали е случајно кога Заев сакаше да почне со бомби, вие одма у старт се истрчавте со снимки и обвинение дека извршува државен удар, па предвидувавте Украинско сценарио, дестабилизација, војни, а во меѓувреме си произведовте војна од 2 дена, па вадевте газ дека тоа е целта на Заев. Па глумевте странски служби, мрачни сили, комбиња, насилство врз вас невини човечиња.
Дали со фабриката афери сакавте да започнете и завршите процес пред да може Оливер да истражи и да го заврши процесот, сигурен сум дека да. Истите луѓе кои ги гони Катица, Буревесник ги објави пред месец дена на ФБ.
Зошто баш сега запнавте со процесот Диво Насеље, да може што поскоро да го решите да не се откријат најбитните работи?
Секогаш успевате со вакви финти кога ви е најгусто, се деси некој проблем у државата пример како убиството на паркинг у Гостивар одма сторија на вестите - се чистат икони сами од себе, те нов грб на државата ќе имаме, те листерија од Екстра Меин, те нов закон за ова-она. Дали народот го сметате за толку мутав, дека не може да ве процени што следно ќе смислите.
Вчера цел ден ми се мота по глава викам до вечер пази на Курир одма ќе иде вест: Катица го послуша Заев кога ја викна после интервјуто на Сител. И слична вест имавме вчера, дека го спасува.
Убаво рече еден член погоре, вчера минијатурни вести во врска со СЈО, дури ни имињата на Горде и Миле не ги спомнаа, ни па текст немаше горе на екранот кога идеа серии пред вести, оти така бе? Кога имаше афери за СДСМ одма имаше текст горе на екранот и по 20-30 минути пред вестите, дури и сериите ги прекидаа само да ги најават вестите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Basterd, што збориш жити се? Зврлевски кој е до гуша компромитиран го споредуваш со СЈО-то и правиш споредби?

СЈО е пристрасно? Чекај што мислиш дека е СЈО? Мериторен орган? Орган кој ќе решава судир на интереси?
СЈО е странка во постапката, "парничар", кое гони според дела и треба да го докажува обвинението и да протестира на се што не иде и во најмала полза на барањата кои ги има преку обвиненијата и слично... ти како што го третираш обвинителството? Како суд?

Разбирам да се пишат алибија, ама дај не ги потценувај членовите со ова...
Јас ги споредував Јанева и Зврлевски, не Јанева и Андреевска. Не ми подметнувај глупи паралели.

Каков и да е Зврлевски никогаш не му се случил срамот што вчера и се случи на Јанева. Пресот беше школски пример за аматеризам и политиканство. Денешното Фб соопштение уште повеќе. И тоа се прави со намера, Катица е тотално свесна. Тоа е и ќе остане факт.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
Тоа било во времето на дедо ти и удба.
Сега се има уставно право секој да живее каде сака.[DOUBLEPOST=1455377928][/DOUBLEPOST]

Зврле е неутрален професионалец во споредба со некои татини и мамини дечиња кои на тацна добиле дипломи и глумат експерти.
ај читни малку закон
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Абе не ми се верува најавнава шпица на Сител :pos:
Многу интересно како вчера веста за барањата за притвор беше соопштена на крај на дневникот како маргинална вест, денес одбивањето за притвор е топ вест секако проследено со соросоидни, Заев, инвестиции.....
Значи Сител го гледаш и ти. Се знае која е најизбалансирана тв :)
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Јас ги споредував Јанева и Зврлевски, не Јанева и Андреевска. Не ми подметнувај глупи паралели.

Каков и да е Зврлевски никогаш не му се случил срамот што вчера и се случи на Јанева. Пресот беше школски пример за аматеризам и политиканство. Денешното Фб соопштение уште повеќе. И тоа се прави со намера, Катица е тотално свесна. Тоа е и ќе остане факт.
Све што не е ВМРО е глупо, просто, аматеризам, идиотизам, предавници...

Абе вие од господ сте пуштени да не водите на патот на светлината и свезнајноста.
 
W

wicked_1

Гостин

Нека е така за паралелите еве.

Кои се овие тези дека на пресот биле смешни, што е тука фората со ова не ми е јасно? Сакаш некомпетентност да утврдиме по тоа дека праеле гафови и не читале добро? Добро..

Пак се фаќаш дека биле пристрасни преку фејсбуците... како не сфаќаш дека СЈО е странка во постапката, и кое ќе изнесува свои ставови и ќе презема дејствија за да го докаже основот и делата по кои гони?
Тоа е како да кажеш дека адвокатите на обвинетите се пристрасни и тераат кампања на партијата на власт..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Све што не е ВМРО е глупо, просто, аматеризам, идиотизам, предавници...

Абе вие од господ сте пуштени да не водите на патот на светлината и свезнајноста.
Други се бават со господи, правди, демократии, стандарди. И редовно испаѓаат глупи.

Ние во ВМРО се бавиме со конкретни работи, кои можат да се видат на слика или покажат на терен. Немаме вселенски претензии.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.979
Поени од реакции
12.531
Значи Сител го гледаш и ти. Се знае која е најизбалансирана тв :)
Два пати те имам цитирано во темава и безбројпати во други теми и избегнуваш да дадеш реплика на цитираното. За Сител се фати битно.
Не го гледам Сител, си ги сакам мојте мозочни клетки.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.217
Поени од реакции
25.977
Нека е така за паралелите еве.

Кои се овие тези дека на пресот биле смешни, што е тука фората со ова не ми е јасно? Сакаш некомпетентност да утврдиме по тоа дека праеле гафови и не читале добро? Добро..

Пак се фаќаш дека биле пристрасни преку фејсбуците... како не сфаќаш дека СЈО е странка во постапката, и кое ќе изнесува свои ставови и ќе презема дејствија за да го докаже основот и делата по кои гони?
Тоа е како да кажеш дека адвокатите на обвинетите се пристрасни и тераат кампања на партијата на власт..
Не начинот на кој читале, туку содржината на кажаното. Историски одговорности, вакви и онакви посветености, кур се тресе. Се знае што е работа на обвинител. Да каже што, кога, како и кој направил противзаконски. Вчера слушавме Курир демагогии, од устите на обвинителки.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
До сега не сум слушнал обвинителство да дава имиња на акции особено не да ги нарекува вака - Титаник? Демек бродот тоне? пристрасност? Нееее.
Кога се случило и акде се случило јавниот обвинител да каже - Судот не смогна сили да донесе промени? Што е тоа ако не политички говор што нема врска со постапката?
Каде јавниот обвинител излегува и држи прес во кој 5% од зборуваното се однесува на случајот од правен аспект а 95% е млатење празна слама и политички говор - светла иднина, поддршка од ЕУ, ние сме за правда и тн. Да не се кандидира на следните избори Катица?
Дали до сега се случило Јавен Обвинител особено во моменти кога е под лупа на јавноста на социјални мрежи да стиска лајкови на статуси кои директно се однесуваат на случаите кои ги води? Ете вчера кејти јан стиснала лајк на слика од јанкулоска и јанакиески на бродот титаник.
Од назначувањето до денес, изјави дава стриктно само за опозициони медиуми (интервјуа кратки изјави и тн.).
Тоа е само дел од пристрасноста на госпоџава што била на семинар во италија.
 
D

Darko_ufo

Како имаш тргнато порано беше загрижен граѓанин, па симптазиер на ДПМНЕ, па член на ДПМНЕ, па сега ги спремаш за избори, утре ќе се претставуваш како висок функционер. Тоа што си имаш проблем у главата си имаш. Него нешто да те прашам, нели сите функционери се во државава? Како сега Гоцка не била присутна? Како тоа авионски карти приложувале? Кај е тоа Гоцка у азил?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.979
Поени од реакции
12.531
До сега не сум слушнал обвинителство да дава имиња на акции особено не да ги нарекува вака - Титаник? Демек бродот тоне? пристрасност? Нееее.
Кога се случило и акде се случило јавниот обвинител да каже - Судот не смогна сили да донесе промени? Што е тоа ако не политички говор што нема врска со постапката?
Каде јавниот обвинител излегува и држи прес во кој 5% од зборуваното се однесува на случајот од правен аспект а 95% е млатење празна слама и политички говор - светла иднина, поддршка од ЕУ, ние сме за правда и тн. Да не се кандидира на следните избори Катица?
Дали до сега се случило Јавен Обвинител особено во моменти кога е под лупа на јавноста на социјални мрежи да стиска лајкови на статуси кои директно се однесуваат на случаите кои ги води? Ете вчера кејти јан стиснала лајк на слика од јанкулоска и јанакиески на бродот титаник.
Од назначувањето до денес, изјави дава стриктно само за опозициони медиуми (интервјуа кратки изјави и тн.).
Тоа е само дел од пристрасноста на госпоџава што била на семинар во италија.
Не знам кој даваше имиња како Змиско око, Шпиун итн.
Кај виде политички говор или говор на омраза? Во 13 минутното излагање на јавната обвинителка никаде не приметив политички говор. Си кажува жената дека правдата ќе биде задоволена и го објаснува случајот.
Нели баравте отчет, плачевте по форуми и телевизии како тоа 6 месеци работи обвинителството и немало никакви резултати. Еве ви први резултати, не ви одговараат. Па одма пристрасна била Катица. Нели ја гласавте во Собрание, како е пристрасна? Пратеници кои сте ги изгласале го дале гласот за Катица, како сега не ви одговара?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
И ова е исто чисто правнички коментар од Катица Јанева вчера.
„Во овој предмет... произлезе основано сомнение дека одредена група луѓе..., а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво и особено заради свои непосредни привилегии од практикување на власта, создале група, која имала цел вршење кривични дела против изборите и гласањето или во превод преку целокупното криминализирање на изборниот процес, освојување власт“
 
Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Некои толку може да разберат и толкав им е менталниот и интелектуалниот капацитет.

А некои и ја мразат Македонија и свесно работат против македонските национални интереси.
а кои се тие `македонски национални интереси`? ВМРО да има апсолутна, стопостотна власт во земјава?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom