Читам и се чудам, дали искрено во себе стварно си мислите дека Заев прислушкувал со помош на Верушевски со помош на свои бивши колеги од УБК? Дали исто верувате дека Заев со Чауш правел лични карти, дека Чауш имал материјали од прислушуваните разговори, дека Заев со помош на САД го смислија и остварија Диво Насеље, и што уште не.
Или чисто онака ви е интересно(можеби и ви се гади кога го правите ова, не сте криви си имате задача) кога ќе чуете од Сител и Канал 5 вакви стории па дополнувате, форсирате на форуми, фејсбук се со цел што повеќе да чуе народот за вакви приказни, и со цел да се замрази уште повеќе опозицијата која го откри токму спротивното.
Изгледа нема никогаш да дознаеме, бидејќи ќе немате муда да признаете дека цело време имате задача да го манипулирате народот да верува во она што вие сакате.
Дали е случајно кога Заев сакаше да почне со бомби, вие одма у старт се истрчавте со снимки и обвинение дека извршува државен удар, па предвидувавте Украинско сценарио, дестабилизација, војни, а во меѓувреме си произведовте војна од 2 дена, па вадевте газ дека тоа е целта на Заев. Па глумевте странски служби, мрачни сили, комбиња, насилство врз вас невини човечиња.
Дали со фабриката афери сакавте да започнете и завршите процес пред да може Оливер да истражи и да го заврши процесот, сигурен сум дека да. Истите луѓе кои ги гони Катица, Буревесник ги објави пред месец дена на ФБ.
Зошто баш сега запнавте со процесот Диво Насеље, да може што поскоро да го решите да не се откријат најбитните работи?
Секогаш успевате со вакви финти кога ви е најгусто, се деси некој проблем у државата пример како убиството на паркинг у Гостивар одма сторија на вестите - се чистат икони сами од себе, те нов грб на државата ќе имаме, те листерија од Екстра Меин, те нов закон за ова-она. Дали народот го сметате за толку мутав, дека не може да ве процени што следно ќе смислите.
Вчера цел ден ми се мота по глава викам до вечер пази на Курир одма ќе иде вест: Катица го послуша Заев кога ја викна после интервјуто на Сител. И слична вест имавме вчера, дека го спасува.
Убаво рече еден член погоре, вчера минијатурни вести во врска со СЈО, дури ни имињата на Горде и Миле не ги спомнаа, ни па текст немаше горе на екранот кога идеа серии пред вести, оти така бе? Кога имаше афери за СДСМ одма имаше текст горе на екранот и по 20-30 минути пред вестите, дури и сериите ги прекидаа само да ги најават вестите.