Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Колку само овдека на форумов се спомнуваат дерогативите фироми и фиром. И после се чудат ако дпмне води со 300.000 гласа.
СДСМ своето функционирање го префрли на социјалните мрежи комплетно. Таа атмосфера (шизофренија) се пресликува кај сите што социјалните мрежи ги гледаат како реална слика на општеството. Затоа употребата на такви дерогативи е се почеста.

Затоа и вчерашниот речник, во моментот кога забегаа во еуфорија дека добиле нешто, беше таков каков што беше. Тоа е микрокосмосот во кој тие ја поседуваат моќта, и ја презентираат и користат, на најбрутален начин.

И за мене тоа е ок. Само ме чуди зошто побогу плачат за потполно истиот однос кон нив, од луѓето кои ја поседуваат моќта настрана од виртуелниот свет.
 
Не ми е јасно од која националност или "филство" се оние што употребуваат говор на омраза и понижување на Македонците од Албанија? Колку само овдека на форумов се спомнуваат дерогативите фироми и фиром. И после се чудат ако дпмне води со 300.000 гласа.

Државјаните на Македонија, без разлика дали се од Албанија,Пустец или Косово или Австралија итн., имаат право на гласање и право да имаат своја адреса и живеат во РМ каде што сакаат. Сите државјани уживаат исти права.

За човечињата на Гоца зборуваш?
 
Кога ќе видам како некој ги правда ситните души што извадиле бугарски пасош.. :D
Јас тие што ги познавам што се пишале бугари се од Скопје и добро стојат финансиски.
На прашање зошто го направиле тоа, одговорот е: Па што бе, може ќе ми се најде за нешто. :cool:

Назад на темата. Најјаки се овие изливи на соросовите поддржувачи како вчера, кога влегуваат во масовна еуфорија проследена со "пада влада" и "идемо у чорќе", за само ден потоа пак да се посрани.

Ова било борба за правна држава, а истовремено странски амбасадори те командуваат и се создаваат неуставни институции :)

Се бега и од простотилак во државава еве како твојот на Брутус и пар слични луѓе на форумов, што се спремни да замижат пред сите криминали на владеачката партијата само поради тоа што ги вработила на државна цицка за 20тина илјади и мислите дека којзнае што сте постигнале во животот. Се бега поради корумпирани судови и судии кои се местат и судат по директива на Мијалков и фамилија, се бега поради пијани доктори кои убиваат трудници при пораѓај, се бега поради тоа што иако добро заработуваш ако кажеш нешто лошо против фамилијата јавно може преќу ноќ да те затворат без око да им трепне, се бега поради тоа што се е испартиризирано во државава и затоа ги оправдуваме тие што вадат бугарски пасоши иако стојат добро финансиски.
 
Научи што е простотилак па после кукај и бегај.
 
И баш така се погоди од 2000 жители на Пустец, сите да живеат во Центар. Богами се гледаше и на снимките кога ги прашуваа новинарите дека се видно возбудени зошто имаат право да го остварат своето право на гласање, до толку беа возбудени што не знаеа ни на која адреса им е живеалиштето во Македонија.

Нивно право да си изберат адреса каде што сакаат во Македонија. Исто како што јас имам право да живеам било каде во РМ.

Прашањето кое требе да си го поставите е зошто македонската дијаспора, која е надвор од сите пропаганди и реално гледа на работите, е, провмровски настроена?
 
Пресметај колку општини има низ цела Македонија, епа 1/бројот на општини е веројатноста дека сите баш во Центар си ја одбрале адресата. Нема нишо симптоматично.
Општо познато е дека најголемите патриоти ја бранат државата од плажа во Австралија, ете ти одговор на прашањето.
 
Нивно право да си изберат адреса каде што сакаат во Македонија. Исто како што јас имам право да живеам било каде во РМ.

Прашањето кое требе да си го поставите е зошто македонската дијаспора, која е надвор од сите пропаганди и реално гледа на работите, е, провмровски настроена?

Пак ќе те прашам, за човечињата на Гоца зборуваш?

Оти бегаш од одговорот, гнидо една гнасна?
 
Овие од ЛДП изгледа го читаат форумот. Итно бараат оформување на специјален суд. :pos::pos:
 
Таман цела меѓународна заедница пред некој ден имаше прилика да ја види состојбата на медиумите а сега имаше прилика да ја види состојбата во судството.

Се чека јавно објавување на Решенијата со кои се одбива притвор па ќе ги видиме реакциите.
 
Ај едно прашање. А што ако СДСМ ги бојкотира изборите? Има ли цензус за парламентарни избори?[DOUBLEPOST=1455374169][/DOUBLEPOST]А што ако СДСМ ги бојкотира изборите? Има ли цензус за парламентарни избори?
 
Нема цензус...
 
Ај уште една обзервација, како чудно се менуваат стандардите и дискусиите кога си (или кога браниш некој) на другата страна.

Судот станал многу попустлив, на Темелко не му дале притвор оти бил со лошо здравје, за луѓе кои низ годините без обвинувани за полесн дела немаше никаков слух за нивното здравје.

Исто така, многу господски се прошетаа и си заминаа од судот осомничените, каде се наместените камери, маскирани специјалци, лисици на рацете.

Двојни стандарди нешто?
 
не ми е јасно како Гоца,Миле,Началникот си дадоа оставки по толку години успешна работа во министерствата и институциите,ако сака некој да објасни пошто стварно не ми е јасно
 
Гоцка е во бегство а Гракулата вчера викаше дека сите се присутни во државата... Некој ќе го јаде... :icon_lol:
 
Ај уште една обзервација, како чудно се менуваат стандардите и дискусиите кога си (или кога браниш некој) на другата страна.

Судот станал многу попустлив, на Темелко не му дале притвор оти бил со лошо здравје, за луѓе кои низ годините без обвинувани за полесн дела немаше никаков слух за нивното здравје.

Исто така, многу господски се прошетаа и си заминаа од судот осомничените, каде се наместените камери, маскирани специјалци, лисици на рацете.

Двојни стандарди нешто?

Тој пустиот за кебапите во Велес доби триесет дена. Тие за патарините цела година притвор лежеа за на крај да ги ослободат.
Беспредметно е да се збори за релевантноста на судството. Тоа и пред снимките имаше ужасна доверба, сега па да не правиме муабет. Обична смешка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom