- Член од
- 12 март 2009
- Мислења
- 20.579
- Поени од реакции
- 16.777
Лук и Вода . 2013 ??? ..зошто се пратени случаите во ХАГ, зошто тој ги држел во Фиока до 2007??; што се чекало од 2007, зошто СДСМ и пред се Бранко Црвенковски ( ПРЕДСЕДАТЕЛ на РМ) не покренаа 2007 иницијатива за процесуирање ??ОК, за очекување е Брутус и компанија со постови во кои ништо не се кажува да се обидат да го покријат мојот пост. Во очекување на километарски ѕид од текст на Ireal, во кој ќе се збори за апсолутно ништо, ќе ставиме нешто од "притисокот на западот за амнестијата" на воените злосторства на припадниците на ОНА:
Амбасадор на Стејт департментот и порачува на македонската власт да ги истражи и процесуира хашките предмети
Април 9, 2013
Вчера, пак, на трибината организирана во Институтот Брукингс во Вашингтон, амбасадорот за воени злосторства Стивен Рап проговори за таканаречените хашки случаи кои во земјава беа вратени од Хаг и од пред некоја година амнестирани со Законот за амнестија.„Сметам дека пресудите што се носат на меѓународно ниво треба да бидат ограничени на најсериозните дела коишто имаат најшироки последици. Но, на ниво на државите исто така треба да има гонење на сериозните прекршители и тоа треба да се направи на балансиран начин. Ако имало кршење на правото од двете завојувани страни, тогаш двете страни треба да бидат истражени и обвинети. Ова се одлуки коишто треба да ги донесат обвинителите, во демократски процес, заснован на владеење на правото и треба да ги одразат погледите на општеството. Без навлегување во индивидуални одлуки, секогаш интерес е правдата да биде фер и независна од етничката припадност, националноста и религијата. Сериозните злосторства треба да се соочат со правдата, независно од која страна доаѓаат“, изјавил амбасадорот на американскиот Стејт департмент за воени злостоства, Стивен Рап.
Во извештајот на Советот на Европа на Нилс Муижниекс:
Правдата, вели тој, е потребна не само за преку праведна постапка да се обезбеди одговорноста на сторителите на ваквите прекршувања, туку е потребна, исто така, и за да се повратат правата на жртвите кои дополнително страдаат од постојаното неприфаќање дека им е нанесено зло.Понатаму, тој објаснува како амнестиите не треба да важат за тешки прекршувања на човековите права бидејќи тоа е веќе потврдено од Комитетот на министри на Советот на Европа во Упатствата за искоренување на неказнивоста за сериозни кршења на човековите права од 2011 година. Потсетува, Европскиот суд за човекови права во неодамнешната пресуда „Маргуш против Хрватска“, е нагласено дека предмет што опфаќа воени злосторстваа против цивили и давањето амнестија во поглед на „меѓународни злосторства” е всушност термин што опфаќа злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид. Констатацијата на комесарот е дека амнестијата се повеќе се смета за забранета со меѓународното право.Комесарот е информиран дека се уште е непознато што се има случено со 14 лица исчезнати во тек на конфликтот, смета треба да се вложат сите напори за да се разјасни нивната судбина. Што се однесува до ситуацијата со 95 раселени лица кои се се уште во колективните центри, Комесарот препорачува да се даде приоритет на изнаоѓањето трајни решенија за нивно домување.
Има и други реакции на таканаречената меѓународна заедница по овој предавнички преседан.
Сепак, каква врска има ова со Диво Насеље?
Кога за воени злосторства се добива амнестија наспроти убедувањата на меѓународната заедница, македонската јавност и секако општите морално-етички начела, тогаш зошто овие од Диво Насеље да одговараат? Така веројатно би си резонирале они, а и било кој друг кој ќе дигне рака врз македонескиот народ.
Од партиските членови на Кајгана прочитавме секакви изговори:
Го читаме небулозите Ireal за тоа како амнестијата на хашките случаи ја направила СДСМ 2001-ва. Али добро, него и така никој не го есапи за сериозно, па нема ни за оваа глупост. Потоа го читавме Инглориус, кој вели како ние сме ја изгубиле војната и затоа "сме морале" тоа да го потпишеме. Доколку сметаме дека сме ја изгубиле војната, тоа што "сме морале" да го правиме сме го правеле под јавниот и деклариран притисок на меѓународната заедница, пред десет години. (мада ја викам ни тоа не сме морале да го правиме).
Амнестијата е донесена во услови кога владеачката партија има над 51% пратеници, кога цврсто ја држи целата власт во државата. Видовме како имаат целосна контрола над МВР (од устата на министерката), како вториот човек на партијата ги одредува судиите судиите и како носат закони, одлуки без преседан и надвор од сите норми, како АлиАхмети немо посматра што прават, а Тачи им е верен до смрт. Истовремено читаме за реакции на меѓународните фактори (погоре во линковите, а има и уште) кои нодат контра одлуката. Па зошто тогаш?
Ме чуди како никој од партиските членови не ја спомена вистинската причина. Можда Инглориус можеше, во некој изблик на искреност, пошто другиве се без капацитет за било каква дискусија.
Два од хашките случаи беа убер флагрантни (знаете кои), а два не беа баш толку флагрантни (Куманово со водата). За барем еден од двата нефлагрантни случаи ќе требаше Али Ахмети да иде на тапет, а тоа е no-no. Баш тогаш коа им тргна дружбата тоа да го праат?
Тоа е причината.
Овој случај и овој преседан, ќе отвори пат и за други такви во иднина. Тоа е врската и со Диво Насеље и со сѐ друго што нѐ очекува.
Едно е некој што ќе кажува на Трибина, друго што ти кажува директно... Борис Трајковски се инатеше па ете што се случи. Типичен пример на фуцк ин браин беше случката со Арачиново 2001. Брат Љубе тргна да влезе во Арачиново, а АРМ ( под команда на СДСМ) прати од другата страна на Арачиново, млади и неискусни војници кој го натфрлуваа Арачиново и ги гаѓаа своите , од другата страна.. По 2-3 дена трткање дојде кавијар со лајна и гоа брат Љубе се испокара со него ( онака, за публика); и се прекина, со автобуси ги изнесоа платениците од Арачиново. А тој што ги издаде волците од Вејце по казна го пензионираа... А што молчиш за случајот Радуша, отворена Агресија на КЗК ??
Ако чекате странскиот фактор отворено да ви каже дека е замешан, НЕМА, ама ќе ти стави до знаење преку неговите сателити...уште на денот на борбите во дивље насеље се јави баба најче да критикува употреба на несразмерна сила...Крај на приказната...
патем, и 2011 погледај како гласал Тито, Бишевац... а зошто не дал СДСМ едно 6000 амандмани, зошто не лежеле на патос како на 24 декември за Буџетот ??Лесно е после да се јаде гомна... исто беше и за размена на територии, ја дадовме Кодра Фура на Косово, СДСМ најави дека ќе оспори на Уставен суд ама НЕ ДАДЕ ... им удрија чушка...... е сега после 10 години ќе кажат ама ние се спротивставувавме...
Последно уредено: