Ако е вистина сето тоа, Мурињо си направи паметен потег со тоа што ќе не зема од Јули. Ќе си го скоцка тимот како што сака и после тоа ќе му се суди, а доколку сега се одлучеше за тоа и продолжеше сивилото без негов избор на играчкиот кадар пак ќе се зголемеше притисокот кон него и би имало контра ефект...Со оглед на назначувањето на Пеп на Сити мислам дека изборот на Мурињо не беше прашање.
Инаку Покетино и мене ми е креативен менаџер, но преголем е влогот од следната сезона да се експериментира повторно со недокажани менаџери на високо ниво. Не дека Мурињо гарантира успех, но се надевам дека овој пат би дал 200% од себе да го обели образот кој го извалка годинава.