Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.808
- Поени од реакции
- 38.643
Злате во право си за кажаното, но за подвлеченото не се согласувам со тебе. Тоа се веќе индивидуални пресметки, и зависи од потребите (и претходната потрошувачка) на разните поединци.neka si kupat eden obicen ured sto ce kosta 2-3 pati pomalku, ce bide mnogu poednostaven i poeftin za odrzuvanje, bidejci parite za poskapiot ured najverojatno i NIKOGAS nema da im se vratat...
Точно е дека кај нас струјата сеуште не е толку скапа, за целосно да важи резонот и логиката од западните земји. Но проблемот не е во разликата на концептите, он/оф наспрема инверторите. Разликата е во тоа што сите произведувачи он/оф климите ги прават со акцент на ладењето, и не се замараат со подобрување на спецификите на греењето. Под нулата овие уреди стануваат драстично понеефикасни, а разликата во конфорот што ја наведуваш - станува десетоструко поизразена. Кога зборуваме за надворешни температури под нула, нема таков човек што нема да му смета постојано јако дување на скоро па ладен воздух. Затоа што он/оф клима кога надвор е под нула, драстично губи на моќност, многу често влегува во дефрост, и практично цело време дува млак кон ладен воздух.
Тоа е жива болест, и мачење за луѓето.
Само пак да повторам, тоа не е слабост на он/оф концептот. Едноставно така (евтино) ги дизајнираат он/оф климите.
....togas nikogas nema da iskljuci, i ke potrosi kolku sto napisav, za 10casa 10Kw.