Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

A

Aexil Kong

Гостин
абе види има различни болки и треба да осекаш кога имаш болка после добар тренинг и болка кога си повредил нешо.. обично кај мене се јавуваат болки кога ја покачувам тежината, или суперсетови, тоа е нормално после 1-2 дена да имаш болки си апаш витамин ц и ако ептен нешо јака парацетамлоче или аналгин
ама не е тоа секогаш болка да биде услов за растење на мускули тоа бајки се нема врска
Болки од повреди немам обично до сега, имав болки после онака добар исцрпен тренинг затоа прашав зошто баш денес не ги осеќам оние нормални болки од вчерашниот добар тренинг, тоа ми беше прашањето а инаку како што велиш дека тоа не е услов за растење на мускули и дека е бајки е тоа е тоа што сакав да го слушнам. :D
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Дали се воведе полагање за лиценца за личен тренер ? што со таа лиценца ? за што друго може да се користи таа лиценца освен за личен тренер ? ќе може некој детално се да објасни околу ова ? фала однапред
 
Член од
6 октомври 2015
Мислења
7
Поени од реакции
0
Секојдневно внесувам протеини нели се подразбира.. но ако не вежбам што се случува дали тие одат како сало или пак??
Со што најдобро можам да ги опоравувам мускулите доколку чуствувам нормална болка нели после вежбање..
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294

Да, одат како сало и плус ако претераш непотребно ги оптоваруваш бубрезите и џигерот зашто они мора да ги обработат неискористените протеини што ги внесуваш.
За болка после тренинг земи било каков аналгетик ако ептен те боли, ако не истрпи, максумум за 3 дена проаѓа тоа.
 
Од каде ова дека се оптоваруваат бубрезите и џигерот од протеинот ? да не ме сфатиш погрешно не те прашувам иронично туку онака прв пат слушам па ако не ти е тешко да објасниш :)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
Од каде ова дека се оптоваруваат бубрезите и џигерот од протеинот ? да не ме сфатиш погрешно не те прашувам иронично туку онака прв пат слушам па ако не ти е тешко да објасниш :)
Бидејќи не можеме да складираме протеини или амино-киселини бубрезите и џигерот се задолжени за нивно конвертирање во енергија што телото може да ја искористи или складира како јаглехидрати или масти.
Логично е дека ако на подолг рок константно внесуваш повеќе протеини од што телото може да употреби ги ставаш овие органи под додатен стрес, зашто постојано и со засилено темпо мора да го извршуваат овој процес на метаболизација на неискористени протеини.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Бидејќи не можеме да складираме протеини или амино-киселини бубрезите и џигерот се задолжени за нивно конвертирање во енергија што телото може да ја искористи или складира како јаглехидрати или масти.
Логично е дека ако на подолг рок константно внесуваш повеќе протеини од што телото може да употреби ги ставаш овие органи под додатен стрес, зашто постојано и со засилено темпо мора да го извршуваат овој процес на метаболизација на неискористени протеини.
Јас сум го немал ни па ќе го имам овој проблем така да другите нека му ја мислат :)
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Пон-Нозе
Втор-Гради
Среда-Грб
Чет-Триц+Рамо
Пет-Бицепс

или

Пон-Туркање
Втор-Влечење
Среда-Нозе
Чет-Туркање
Пет-Влечење
Саб-Нозе

Кое подобра опција од овие две ?
Јас моментално сум на втората.

Ме интересират пошо одамна не сум вежбал една мускулна група во денот ама пак не ми се експериментират моментално пошо конечно успеав да вежбам подолг период без повреда.
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Секојдневно внесувам протеини нели се подразбира.. но ако не вежбам што се случува дали тие одат како сало или пак??
Со што најдобро можам да ги опоравувам мускулите доколку чуствувам нормална болка нели после вежбање..
Протеините ниту се складираат како сало(lol), ниту пак значајно ги оптоваруваат бубрези или ливерот.
Секој човек има потреба од секојдневно внесување протеини поради тоа што тие учествуваат во бројни процеси во телото.
Кога вежбаме таа потреба од протеини е зголемена (би кажал поради растење на мускули ама не е се толку едноставно, во позадина е доста комплициран процесс за да го разбереш треба да докторираш биологија ;)) ама еве да кажеме протеини ни требаат за раст на мускулите.
Кога примаш повеке протеини тие едноставно се исфрлуваат со мокрачата па џабе ги внесуваш без да вежбаш.
Дозата колку треба да внесуваш протеини зависи во основ од твоја тежина и интезивноста на вежбањето, гуглај на нет има доста калкулатори и статии за тоа нема да пишувам овде.
Ама не заборавај што тие исти проттеини ти ги внесуваш и со месо што го јадеш јајца, млеко и т/н. И поголемата доза на протеини треба баш да се внесува од исхраната а не суплементи.[DOUBLEPOST=1454594587][/DOUBLEPOST]
Пон-Нозе
Втор-Гради
Среда-Грб
Чет-Триц+Рамо
Пет-Бицепс

или

Пон-Туркање
Втор-Влечење
Среда-Нозе
Чет-Туркање
Пет-Влечење
Саб-Нозе

Кое подобра опција од овие две ?
Јас моментално сум на втората.

Ме интересират пошо одамна не сум вежбал една мускулна група во денот ама пак не ми се експериментират моментално пошо конечно успеав да вежбам подолг период без повреда.
Јас моментално сум на втората.
и како е 6 пати неделно? има резултат нешо?
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
Протеините ниту се складираат како сало(lol), ниту пак значајно ги оптоваруваат бубрези или ливерот.
Секој човек има потреба од секојдневно внесување протеини поради тоа што тие учествуваат во бројни процеси во телото.
Кога вежбаме таа потреба од протеини е зголемена (би кажал поради растење на мускули ама не е се толку едноставно, во позадина е доста комплициран процесс за да го разбереш треба да докторираш биологија ;)) ама еве да кажеме протеини ни требаат за раст на мускулите.
Кога примаш повеке протеини тие едноставно се исфрлуваат со мокрачата па џабе ги внесуваш без да вежбаш.
Дозата колку треба да внесуваш протеини зависи во основ од твоја тежина и интезивноста на вежбањето, гуглај на нет има доста калкулатори и статии за тоа нема да пишувам овде.
Ама не заборавај што тие исти проттеини ти ги внесуваш и со месо што го јадеш јајца, млеко и т/н. И поголемата доза на протеини треба баш да се внесува од исхраната а не суплементи.
Не треба да збориш на памет. Си слушнал ли ти за процес на де-аминоза? Како може протеините да се исфрлат низ мокрачата, зарем стварно мислиш дека телото туку така само би исфрлило значајни хранливи компоненти?

Секој протеин кој што останува неискористен се преработува и се конвертира или во масти или во јаглехидрати затоа што тоа се енергенси кои телото може да ги искористи. Протеините се калории како и сите други, доколку не вежбаш а внесуваш многу протеини погоди што ќе се случи со тие екстра калории? Ќе завршат како сало. Смешно е да мислиш дека можеш да внесуваш неограничен број на протеини и после да ги мочаш како ништо да не било.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Протеините ниту се складираат како сало(lol), ниту пак значајно ги оптоваруваат бубрези или ливерот.
Секој човек има потреба од секојдневно внесување протеини поради тоа што тие учествуваат во бројни процеси во телото.
Кога вежбаме таа потреба од протеини е зголемена (би кажал поради растење на мускули ама не е се толку едноставно, во позадина е доста комплициран процесс за да го разбереш треба да докторираш биологија ;)) ама еве да кажеме протеини ни требаат за раст на мускулите.
Кога примаш повеке протеини тие едноставно се исфрлуваат со мокрачата па џабе ги внесуваш без да вежбаш.
Дозата колку треба да внесуваш протеини зависи во основ од твоја тежина и интезивноста на вежбањето, гуглај на нет има доста калкулатори и статии за тоа нема да пишувам овде.
Ама не заборавај што тие исти проттеини ти ги внесуваш и со месо што го јадеш јајца, млеко и т/н. И поголемата доза на протеини треба баш да се внесува од исхраната а не суплементи.[DOUBLEPOST=1454594587][/DOUBLEPOST]

и како е 6 пати неделно? има резултат нешо?
Имат, ставив малце мускул на мене, накачив на сила, а и редовно сум во можност да зголемувам тежина, на некои вежби на секоја недела, на некои на секои две.
Само неможам да споредам со првиот пример на вежбање затоа што 7 месеци сум на оваа, и слични на нејзе.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357

Убаво е да правиш ротација во програмите на секој 5,6 месеци и да менуваш вежби и мускулни групи. Ако веќе вежбаш 7 месеци пробај со првата само многу пренатрупано ми изгледа и напорна, вметни одмор во среда и помести +ден за во сабота. За подобра која е неможи да ти кажат точно и прецизно, кај сите различно реагират програмите и тренингот. Дури не си пробаш на твое тело како се вклопват програмите и какви резултати добиваш во наредните 4,5 месеци, тешко дека ке најдиш одговор од некој тука. Тој ти е најдобриот одговор сам да си тестираш како се движи телото и во која насока оди. Јас на пример менувам програми и вежби на секој 3-4 месеци и сум премногу задоволен. Програма ко програма секоја е добра на свој начин. Ако ги немаш другите пелементи средено од исхрана па се до калкулаторот не барај резултати од никоја програма.
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Убаво е да правиш ротација во програмите на секој 5,6 месеци и да менуваш вежби и мускулни групи. Ако веќе вежбаш 7 месеци пробај со првата само многу пренатрупано ми изгледа и напорна, вметни одмор во среда и помести +ден за во сабота. За подобра која е неможи да ти кажат точно и прецизно, кај сите различно реагират програмите и тренингот. Дури не си пробаш на твое тело како се вклопват програмите и какви резултати добиваш во наредните 4,5 месеци, тешко дека ке најдиш одговор од некој тука. Тој ти е најдобриот одговор сам да си тестираш како се движи телото и во која насока оди. Јас на пример менувам програми и вежби на секој 3-4 месеци и сум премногу задоволен.
и мене секој ден некако напорно ми изгледа пробав некое време така да вежбам, ама повеке бев изморен одколку некој резултат се појави незнам можеби сите поразлично реагираат некој генетски се појаки и можат да издржат таков интензитет изгледа јас не :confused:
мислам што better slow progress than no progress (во случај на повреда)
а и плус ако работиш она ова секој ден да киснеш во теретана по 2 сати некако многе е[DOUBLEPOST=1454601113][/DOUBLEPOST]
Не треба да збориш на памет. Си слушнал ли ти за процес на де-аминоза? Како може протеините да се исфрлат низ мокрачата, зарем стварно мислиш дека телото туку така само би исфрлило значајни хранливи компоненти?

Секој протеин кој што останува неискористен се преработува и се конвертира или во масти или во јаглехидрати затоа што тоа се енергенси кои телото може да ги искористи. Протеините се калории како и сите други, доколку не вежбаш а внесуваш многу протеини погоди што ќе се случи со тие екстра калории? Ќе завршат како сало. Смешно е да мислиш дека можеш да внесуваш неограничен број на протеини и после да ги мочаш како ништо да не било.
па друже незнам колку треба да јадеш протеин тој да се преврати во сало, попрво во тој случај јас би се грижел за стомакот дека ке имаш проблем со вцто, се разбира се е калории само ти во случај јагли/масти да изедеш 200 грама мрсен бурек и да изедеш 200 гр чист протеин драстично различно ти е
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
па друже незнам колку треба да јадеш протеин тој да се преврати во сало, попрво во тој случај јас би се грижел за стомакот дека ке имаш проблем со вцто, се разбира се е калории само ти во случај јагли/масти да изедеш 200 грама мрсен бурек и да изедеш 200 гр чист протеин драстично различно ти е
Епа еве да речеме ако пиеш протеински шејк 3 пати во денот а притоа да не вежбаш воопшто за некој месец сигурно ќе накачиш некое кило плус, кое секако нема да биде мускул.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom