1. Мора да ги изиграат овие 3 утакмици без никаков притисок, да не се оптоваруваат дека мора да победиме два натпревари, да бидеме тоа и тоа место итн. Ако успеат во тоа има шанси сите да ги победиме. Главната цел е остварена, поминаа група и то е то.
2. Мора да добијат шанса сите играчи на овие 3 утакмици. Вечер нека почне со Кузмановски, барем 10-15мин ќе ги одмори и Прибак и Јоновски. Нека му даде минутажа на Вилипче, Мојсо, Пешевски.
Ако играат по 50 мин Прибак и Миркуловски тури им пепел веднаш.
Зошто одиме тогаш со 16 играчи? Најлошо е кога немаш доверба во играчите, ротација мора да има, каква таква!!!
3. Вечер колку што можеме повеќе да ја умртвиме играта, ако се бркаме по терен со нив ќе не плеснат 10 разлика. Најбитно да ја сопрат транзицијата нивна. Убедливо најјаки во свет се таму.
Дувњак влече, Штрлек и Чупич додека трепнеш се пред нашиот гол.
4. Најверојатно ќе почнат 6-0 одбрана па ќе менуваат во 5-1 доколку не одат работите. Можно е и да почнат 5-1 одбрана со Дувњак напред. Го уништија Исланд со таа 5-1 одбрана, затоа нашите мора да бидат спремни на тоа.
5. Сега ако не ги тепаме незнам кога. Коа дојде ред Циндриќ да игра за Хрватска репрезентација, се е кажано