Бате го продаде натпреварот.Прво промаши,па лоб проба,па пас до Столе в нозе,па уште еднаш мислам згреши.Првото изигра сосема солидно,дури бапна голче од 9-10 метри,и пак по старо во второ продолжи.
Кирца прво изигра супер,второ се укака од шансата што ја добија.Ај да изиграше лошо прво полувреме,па да се упрпа,ама тој изигра супер и во второ не превзеде ич иницијатива кон голот на Шмал.После се олади,па два седмерци промаши и уште 2-3 безвезни удари од 10 метри.На крај се појави кога тонеше бродот.
20 минути го снема од "мапата".
Оној бе гремлинон Јоновски,па дали има поглуп човек од него мамето негово ????
Првото исклучување зедол го влече за врат,како куче некое.Три гола ни бапнаа,а ниеден не дадовме.Второто над Дашек,од цело тело да го удри негде,тој директно в глава.
Нема осет на рацете да му ебам гремлинот.
И последниот напад гледам Прибак вика вежбана акција била,ама имаше уште осум секунди кога се дигна на шут а Лазаров отиде нигде никаде на лев бек,можеше да пушти пас кога немаше убава шанса за шут.Осум секунди се огромни.Не знам зошто тој ја зеде топката,требаше другите акцијата да ја направат и само тој да распали па што биде биде.Вака влезе кај што имаше 100 раце.А и на крај имаше четири секунди,ама сите више се предадоа,Манасков чекаше да добаци ама никој немаше,се предадоа.
Лазаров ептен многу забегува,и тоа често.Од десен бек до лево крило некогаш тера,па го влечат како куче после.Не знам зошто чека фаул тогаш,па пушти пас набрзина,одбраната им е каша попара.Миркуловски е мајстор за пробивање таква раштимана банда.Па и Прибак е добар.
Ееее Манасков,Манасков +3 и напад во второ.Каква шанса пропуштивме.Дибек бе,три зицери по ред заеба.
Во вторава група ниедна селекција нема да пренесе 4 поени најверојатно,каква само шанса пропуштивме.