Македонија-Полска 17.01. (20:30 часот) Група А

Кој ќе биде крајниот исход на овој дуел?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не сме ние нешто слично на нив :D?
ние си коментираме на посебна платформа, барем јас не одам на профили у сред нервоза да им ломотам свашта :)
 
Член од
20 декември 2014
Мислења
99
Поени од реакции
106
ние си коментираме на посебна платформа, барем јас не одам на профили у сред нервоза да им ломотам свашта :)
До некаде си право, али сепак поентата е иста, дали тука или на социјална мрежа сеедно е :D
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Кој му курац на братот Филип со тие лоши пасови , два пати го утепа Стоилов у нозе му ја дава топката и оваа цепелинот за Георгиевски :facepalm: , па пушти го Кузмановски бе ДЕГЕНУ! дечкото е одличен играч ако не се покаже сега кога ке биде тоа ?
Абе дај бе златна утакмица Лазаров незнам зошто не ја превзема одговорноста на крај да шутира ,можеби и он падна малку по оние два промашени пенали.Мораше да се добие оваа утакмица ама ајде треба да се гледа напред и мора да се победи против Србија мислам оти сме подобра репрезентација од Србите и можеме да поминеме добро...
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.750
Миленко еднаш изјави, како демек еден колумнист (име нејќам да и спомнам) искажувала во своите колумни она што го чувствувал обичниот народ, а не знаел да го напише така скоцкано.Така е и @Tomasino на Кајгана за ракометов, од збор до збор ги опишува чувствата што ги доживуваш на утакмица, а неможеш да ги опишеш со зборови.Секоја ти чест мајсторе, со ќејф ти ги читам мислењата, поточно може да се каже колумните :D.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.662
Поени од реакции
6.527

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.374
Поени од реакции
42.566
Па реално имаме одлични шанси да фатиме место на Олимписките игри.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.662
Поени од реакции
6.527
Па реално имаме одлични шанси да фатиме место на Олимписките игри.
Tаман за прв и последен пат и таму да ги оставиме нервите и толку со оваа генерација, дајте други деца :LOL:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.374
Поени од реакции
42.566
Tаман за прв и последен пат и таму да ги оставиме нервите и толку со оваа генерација, дајте други деца :LOL:
Мислам дека заслужува генерацијава да се најде на еден таков настан. Колку и се посеруваат во клучни моменти.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.392
Поени од реакции
2.430
http://sportmedia.mk/rakomet/reprezentacija/so-domashna-podrshka-poblisku-do-rio-makedonija-kje-se-kandirira-za-domakjin

Ако има Господ, ќе ни ги сервира Полјаците во Борис Трајковски и има крв да плачат, па да видат што е публика и како 5000 се погласни од 15000
Баш тие гласните 5000 ќе си гледаат од дома затоа што други 5000 семкари ,јавни фаци во костуми и богатела ќе имаат карти и ќе си го следат натпреварот во живо
 
Член од
7 февруари 2007
Мислења
12
Поени од реакции
6
Факт е дека ни фали добар лев бек шутер. Со таков играч оваа репрезентација, со овој тренер и со ваква дрскост можеше за медал да се бори на секое првенство. Али тоа е што е. Мојсо надополнуваше колку толку кога беше во топ форма ама сега до Олимпијада може да се надеваме оти Кузмановски ќе напредува уште повеќе. Во Талески веќе немам надеж, а Нелоски е пре склон на повреди. Оти заслужуваат барем еден медал на едно големо натпреварување.
Во врска со натпреварот што да се каже, страшно бевме тактички подготвени, изигравме страшна одбрана, без разлика што Сипжак не растури. Примарна цел беа бековите и нив повеќе од успешно ги сопревме.Сепак Полјаците дадоа 24 гола што е голема работа за нас, посебно против овие бекови кои ги има Полска. Нападот ни беше многу слаб, посебно двата промашени пенали и 5-6 зицери. И покрај тоа пак можевме да го добиеме натпреварот ама Обрван колку и да е добар тренер за пред натпревар мислам дека лош е за да повлече правилни потези за време на натпревар. Најголема грешка беше што Филип Лазаров го држеше во игра толку време. Дали заради повредите на Прибак и Миркуловски али мораше да се смени. Дечкото нема срце за пред 15 000 публика да игра.
Мислам дека мораше во 45 мин да се проба со убрзување на играта, со брзи центри и со полу контри. 6 на 6 бевме ептен без идеја, а кога убрзавме последни 3 мин. , 3 гола им дадовме.Ама и ние сме многу слаби во ротација, колку и играчите да го тврдеа спротивното така да којзнае и тоа дали ќе беше ефективно.
Се на се мислам дека го испуштивме натпреварот крајот на прво полувреме и почетокот на второ. Мораше да направиме поголема разлика, посебно оти имавме повеќе шанси за тоа(престапите на Манасков) и неколку зицери.Во егал утакмица нашите шанси беа многу помали. Факт е дека Полска мораше да победи за да биде сигурна за втора фаза. А квалитет не се за таму, ама повеќето играчи се Германска школа така да второ полувреме тепаа, кубеа, гребеа и маваа само за да победат.
Останува на нас да ја победиме Србија оти сме поквалитетни и многу повеќе тактички спремни, плус го имаме Кире кој мислам дека ќе растури конечно против Србија.
Од овој натпревар остануваат само нервозите и чуството дека си бил подобар а не си победил.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Прво полувреме лавовски изиграно, второ - АМАТЕРСКИ !
1. Koj КУР е Филип Лазаров во репрезентација бе?? :mad:
Немој некој да ми кажи "немаме подобар" оти има ПОДМОРНИЦА ВГАЗ ДА МУ НАПИКАМ !
Каков колбас е овај бе, абе и децата ретарда ќе му бидат како него, зато си берел топки после тренинг во Металург, како уште само те чуваат во Вардар ? Па пушти го таму во Тинекс Пролет, овај ни СЕХА лига не игра со Вардар ние чекаме придонес во репрезентација...
Какво само додавање направи до Георгиевски :shok2::shok2::shok2:
Шо беше тоа бе дегену ? Како на двочекор да отиде на обрач :pistoldz: Па и да ја прифатеше Џомба таа топка, немаше никаков агол за влез, шо мисли имаше оваа лопатата во таа главата ??????
Лелелеел како се изнервирав тогаш, да можев ќе влезев в телевизор, ќе те истрижев ќелјав и кукаст крст ќе ти нацртав на глава и нека те земеа германските судии шо подалеку од Македонија....

2. Тука Обран го наоѓам кривец, зошто Филипче доби толку голема минутажа на терен, а ефикасност од него скоро 0. ПА ПУШТИ ГО ПРИБАК ДА МУ СЕ НЕВИДИ, ако не друго барем има МАДИЊА ДО ЗЕМЈА, знај да влези, да дај гол, пенал да изнуди се знај повеќе од таа џукелата ВилипЧе...
Не дека не играше Прибак, ама подолго време остана на терен Фичо или пак зошто не проба со Фитиљот?
Го клава со Франција стартер, сега не ни влезе...
Па сега ако не се исчеличи кога, сигурен сум дека поголем придонес ќе имаше од таа џукелата...

3. Последната акција, контата за нерешено....
Прво на памет и мене шо ми дојде беше да се оди со тајмаут, но многу време се потроши бадијала....
Можеше да се оди со УРА дирек на гол.... ЗОШТО?
Како прво полската одбрана не беше формирана, така да можевме многу лесно да постигниме погодок на 20тина секунди до крај, па после нека му ја мислеше Полска, за да постигни погодок за победа, наше ќе беше да ги одбраниме тие помалку од 15 секунди....
Второ, помина толку време за до тајмаут, затоа што Обрван не сакаше да се оди со тајмаут и самиот виде дека можевме да постигниме гол. Го чекаше Киро со раката да сигналириза за тајмаут и овај да побара, а тука поминаа сигурно 10 секунди !!!
И шо направивме, сами си наштетивме, Полска да се намести на 6-0 одбрана....



Дали можи некој да ми кажи: Што изигравме последниот напад ? На шо личеше цела последна акција од 15тина секунди или колку и да беа ?
КЛАСИЧЕН АМАТЕРИЗАМ !

Криво ми е ептен, победата ни беше враце, имав пишано и пред тоа дека ако ги задржиме бековите, ќе пробат преку пикер, животно им е тој пикерот Шипжак...
Мика Јурецки им мрдаше чат-пат, Бјелецки не толку корисен...
За судењето срамота е да збораме, освен тој цепелинот на Манасков дали беше гол или не, другото одлично си ја завршија работата....

Прибак кај нас навистина нема среќа со стативите, нов прекар на овај СТАТИВА треба да му биди, ги уби стативите во поим, ќе прозборат од него:D
Крилата слабо на овај меч, ако со Франција беа 100% овде и не беа толку проигрувани затоа што добро функционираше бековската линија Лазаров,Миркуловски и Прибак но на крај залудно беше се....
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Брзо и експлозивно а заборави да вкрсти после ко шо се договорија, требаше да се послуша Обрван и се знае, после негова одговорност, вака се испомеша...




Преку кур од ова реално. :D Џабе ти си играл у егал со кој и да е, ако не си му скинал скалп. Ајде некни со Франција нема за што да е криво јер реално убација у седма брзина и не сјебаа, али ова денес е ненормално голема пропуштена шанса...
А кој очекуваше дека ќе ги тепаме полска или франција, пред да почне првенствово?
Неаме нит клупа нит играчи за овие горниве, а ги изнамачивме баеги.

Мене ми е преку кур од Јоновски и Велко.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Едно огромно браво за @Tomasino, одлично напишано.

Тоа е тоа, не искористивме шанса за нерешено иако мислам дека и го заслуживме до негде. Мене најмногу ме плаши што игравме одлично и двава натпревари, а и двата ги загубивме. Ме плаши да не имаме лош ден со Србија, а од друга страна тие како гладни лавови својот плен, го чекат мечот со нас.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Поразов оди на душа на селекторот и на никого друг...Недозволиво е да немаме воиграна акција за вишак на крило со онолку спора зона како полската кога имаме играч повеќе или пак удвојување на втор пикер.
Па доволно беше да ја копира акцијата на Раул од Вардар со два пикери каде што завршува Филип која ја знае како оче наш и да успеа да капитализира предност.
Да не споменувам дека со неинвентивна игра кој средношколец ќе ја програмира на голем одмор во Бејзик и со едно единствено додавање кон пикер не растурија во напад Пољаците, слично како и Французите.
Тие истите пикери што за нас беа како супермени Абутовиќ и Тоскиќ ги пикнаа во малиот џеб.
Криво ми е што имаме игра, имаме квалитет и губиме од глупости.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
јас пак мислам и лош распоред ни беше...убаво ќе беше првата со Србија...А вредеше да се тепа Полска, ама со +2 или повеќе...ако победевме само +1 на последната утакмица ќе ја исфорсираа Србија и со публика и со судии. Сега претпоставувам дека ќе имаме мирна утакмица со Србија, без притисок од страна на публика или судии. Башка може да имаме и подршка, зошто ако влезе Србија може да дојде до високоризична утакмица со Хрватска, што не одговара ни на ЕХФ ни на организаторот. Останува дискусијата, дали во моментот кога беше јасно дека нема да победиме , можеше да влезе некој од помладите а пред се да се заштитат од можна повреда стартерите ? Но и минималниот пораѕ има предности, и реми утре не носи понатаму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom