Македонија-Полска 17.01. (20:30 часот) Група А

Кој ќе биде крајниот исход на овој дуел?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
После малата заинтересираност во темиве пред почетокот на ЕП, ситуацијата малку се подразгоре со започнувањето на првенството и првиот дуел со Франција, па решив од сега па натаму да отвараме теми за нашите натпревари, како што беше во минатото :icon_mrgr:

По натпреварот против светскиот и европски првак, Франција, овојпат се соочуваме со домаќинот на ова првенство, бронзената репрезентација од Катар, екипата на Полска. Дури 50 минути бевме рамноправни со Французите, но потоа играта ни се сруши како кула од карти и дозволивме да изгубиме со дури 7 гола разлика, што не смееше да се случи. Борко беше на ниво, но ги немаше оние шутеви од далечина кои се голем проблем за нашите голмани. Полска вчера изгледаше како пошутерска репрезентација, иако противник им беше Србија и ова највеќе ме плаши. Касапана во одбрана, добри шутери во нападот. Крилата им потфрлија во дуелот со Србија, Дашек утна сто зицери, голманите беа со скромен учинок, но бековите одиграа на ниво, во натпревар во висок ритам без некоја посебна убавина. Јурецки и Лиевски ќе бидат најголема опасност за нашиот гол. Иако Јурецки беше одбран за играч на натпреварот, мое мислење беше дека Лиевски одигра подобро. Даде 4 гола, но имаше еден куп добри асистенции до пикерите, а во неколку наврати добро минуваше носејќи го Абутовиќ на грбот :icon_mrgr:
Белицки истотака погоди кога беше најпотребно. Ќе видиме како ќе се снајдеме против нивната одбрана, иако Миркуловски и Прибак овојпат ќе треба да бидат поопасни, отколку против Франција. Имаме една постава што може да се носи со секого и тоа е нашиот главен проблем, што нема замени. Пикерите овојпат мора да одиграат подобро. Сораиндо и Лука Карабатиќ беа преголем залак, но сега мора да имаат многу поголем придонес во играта. Играме убаво, но според мене тоа нема да биде доволно за да ја совладаме Полска. Пољаците одиграа одлично во Катар, но во подготовките имаа и мали падови, за ниту вчера воопшто да не не импресионираат со стартот на првенството кое го играат на домашен терен.

Нашата шанса веројатно ќе ја бараме со Србија, затоа што ниту победа против Полска не ни значи ништо, ако загубиме со Србите :icon_mrgr:
На крај сигурно ќе падне муабет дали требало да се чуваме за последниот дуел, дали требало да играме максимално на секоја утакмица итн... :icon_mrgr: Времето ќе покаже, позитивно е што почнавме да играме помодерен ракомет, негативното е што имаме кондиција за 45 минути пошто играме со истите играчи. И нема што да му се замери на Обрван, кога нема кој да влезе од клупата :icon_mrgr: Ќе се врати ли Вилипче за утре? :icon_mrgr:
 

Charon

Нинџа
Член од
31 октомври 2010
Мислења
428
Поени од реакции
1.104
Како бе не ни значи ништо, два бода си префрламе во другата фаза :icon_mrgr:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Да не се залетуваме дека оние 50 мин добра игра со не баш сериозната Франција ќе бидат доволни за подвиг против Полска на нејзин терен пред 15000 публика + судии. Ако Борко си се врати по старо, т.е. одбрани само 15-20% од ударите што му е просек на кариерата, ние и 30 гола да дадеме малце ќе бидат. Едино може да ни помогне ако Полјаците имаат апла лош ден, ако не им бранат голманите, ако прават грешки итн, ама пошто и ние не сме имуни на тоа, не верувам дека многу ќе искористиме, а бековите ќе го решат натпреварот. Тие имаат бомбардери на сите позиции, ние само со Кире, кој сигурно посериозно ќе го чуваат. Дај боже да грешам во анализава и да направиме подвиг и извадиме макар нерешено, но сепак се држам до реалноста и очекувам тврд натпревар во поголем дел со пораз до 3-4 гола разлика.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Џам ќе свитка Филипче, цела кариера на грбот на брат му ја изигра. :facepalm:
Фала богу знаеме кој се можностите на Филипче, нема да очекуваме од него 10 гола да дај. Ќе имаме поширока ротација на лев бек, Филипче за Мојсо е моментално Даниел Нарцис.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Не знам што се сте се запнале за Вилипче ај најдете подобар лев бек за во репрезентација па ќе збориме..многу лошо е што го споредувате со брат му пошто како брат му не се родил никој а и нема да се роди во наредни 200 години (дај боже да грешам)...човекот ако има ден може да ни биде еден од позначајните играчи, немаме играчи освен браќата лазарови што можат од тотално неизградена позиција да дадат гол...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ако имате слободно време денов, потсетете се на лудилото од пред 4 години:


Кога се чудеа зашто има толку навивачи на ракомет и изјавата на Шундо :pos:



и целата утакмица.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Мислам дека ќе се држиме 30-40мин , и после стандард ..... ... ...
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Јас се плашам дека можеби не е можно да се повтори играта од некни.
Ако би се повторила ги рокаме Пољаците и згужваната фаца на Јурецки
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Колку се само боси од Б групава, како се паднавме во А у пичку матер, штета ќе биде ако не одиме понатаму, имаме голема шанса за 2 победи во втората фаза. Исланд и Беларус ги гледам, не се игра никаква одбрана, 40-40 ќе завршат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom