Македонија-Полска 17.01. (20:30 часот) Група А

Кој ќе биде крајниот исход на овој дуел?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.898
A каква шанса имавме за полуфинале, мајко мила (со лабилни репрезентации во другата група), ејј не можам да се помирам дека му туривме крст и на тоа добро нешто што го имавме у спортот..
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
Можда Кире е најдобриот ракометар во нашата историја, ама и еден од најголемите лузери. Каква мака само ми падна кога го видов видеово и се потсетив на таа маестрална партија против страшната Данска, каде Кире и Хансен имаа симултанка, против која водевме и 6 разлика и на крај решавачкиот шут го промашува Кире, а крајот го знаете, длабоко в срце...данска со таа победа отиде во 1/2 финале и на крај беа први. Денеска во сличен натпревар, тој промашува 2 пенали, а во последната акција за нерешено не ни превзеде одговорност да шутира. Ах бре македонче...кога ние ќе се израдуваме еднаш на една инфаркт победа во ракомет, како што беше во кошарката во Литванија...??? :place:
Не е сам тој виновен вечерва ама како најискусен и како капитен тој е тој што треба да ја направи разликата.

 
Последно уредено:

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.095
Поени од реакции
16.291
МРТВ - МАКЕДОНИЈА ОДИГРА ОДЛИЧНО, НО ЗАГУБИ ОД ПОЛСКА

:pos::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
A каква шанса имавме за полуфинале, мајко мила (со лабилни репрезентации во другата група), ејј не можам да се помирам дека му туривме крст и на тоа добро нешто што го имавме у спортот..
Шансата сеуште е тука, теоретски, уште повеќе поради тоа што од Б група најверојатно никој нема да пренесе 4 бода а во 2012 сме имале 2 победи во втората фаза ;) но и бод пренесен од првата, со Шведска 26-26, тоа што требаше да го направиме со Полска вечерва. Али да видиме прво нека ја тепаат Србија, да не се исклошариме и со нив па да се вратиме дома.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.794
Филипче и Манасков повторно ми го навлекуваат гневот. Првиот е во вечна сенка на Кире, а вториов две утакмици по ред прави грешки што во втора лига не се прават. Деки има супер сенс за крилл, брз е, дрзок и се... Ама глуп е ко ташак. 3-4 секунди пред крај, топката во аут (корнер), а он чека да го сопрат времето и не изведува. На утакмицата до Франција му украдоа топка ко на школски натпревар. Па оди убиј се.
Немој вака Пеџа ќе те искара.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Шта речи а не заплакат?-шо би рекол Чевларот на прес по некој меч:place:..
Ај да е само на ова ЕП,да се констатира таа вечна спремена реплика шо ја имаат нашите НЕМАВМЕ СРЕЌА,ЗАСЛУЖИВМЕ БОД,СУДИИТЕ НЕ ЕБАА,БЛА,БЛА...
Денес имавме се да станеме хит на првенството,како шо беа кошаркарите во Литванија..
Шо сакавме повеќе?Имавме се:ПРОТИВ ИГРА ЗА БЕКОВИТЕ(цело прво само еден гол од таа страшна бековска артилерија,ретко кој го направил ова)на крила како Дашек и Крајевски од пусти страв од Борко топки од раце им паѓаа,милион зицери им скина,шо е додатен плус кога ГИ УБИВАШ ВО ПСИХА ПРОТИВНИЦИТЕ...
And then like usual it hapened
...:tapp:ни ја најдоа слабата точка..слабата одбрана на пикер...:popce:
Гледајте ја снимката уште еднаш ќе видите,не одеа повеќе на безглави шутеви од надвор како во прво,туку стрикно влегуваа во зона меѓу 9и6 метри,примарна опција беше по секоја цена да се проигра Шипршак,ако не успеваше тоа одеа со индивидуална акција на некој од бековите,пред се Јурецки и Лијевски,иста песна различен противник,Французите на ист начин не потопија,ете сега и овие пацерите..
Не знам шо да речам навистина...ова веќе ги преминува сите нормални граници на рационалниот разум....:mad:
Толку да не знаеш да браниш позиција пикер,не ми е јасно,како е можно на секој ебан меч пикерите да ни се шетаат како пауни,па таа позиција треба да е најзатворена,не смее око да отвори пикерот бре,а не да не толчи со по 5,6 комада,плус уште толку изнудени пенали..
Па Пепи мадафака Манасков,еден бомбардер, кога беше млад и имаше бујна виткана коса:pipi: немаше вакви бројки како шо имаат пикерите со нас...:tapp:
И тие Ацо и Велко веќе аман,речиси се шо примаме преку нив оди,у курац веќе,или ќе сркнат две минути(најчесто безврска)или ќе задоцнат да излезат и да се постават,и веќе со една нога бранат од нашиот простор и еве ти пенал,доволно е само некој од бековите да ја протури топката до пикер и еве ти или гол или пенал,прочитана книга шо и најслабото прваче напамет ја има научено...:tapp:
За напад шо да кажам,првите 20 минути одлично,после се изгубивме тотално,без идеја..
Очај е премал збор,се индивидуално,насила..освен тие неколку добри акции,пред се за Митков и голот првенец на дечкото со УБЕДЛИВО НАЈЈАКАТА ФРИЗУРА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЕП,погодувате кој е така?:pipi:
Поминаа неколку КАМИКАЗА ПОТЕЗИ на Жути и Прибак и толку беше..
Ејјј,еден куп исклучувања имаа Пољаците,подобро од она судење не можевме ни да посакаме,на тацна ги имавме,шо требаше судиите да дадат гол?Па можеби и требаше,кога веќе не знаат нашите...
Алоооо бе,како е можно кажете ми другари и другарки,имаме вишок така,имаме,и кој :kuracc:го бараме да играме преку средина ејјј,па 2или 3 последователни пробивања имавме,при играч плус...
Резил,аматерски...
Па и најмалите деца шо се во категорија цицибани,шо почнуваат да тренираат сите нормални тренери ги учат дека кога имаш играч плус ОДИШ ДА ЈА РАШИРИШ ЗОНАТА,БЕЗ НЕПОТРЕБНИ КОНТАКТИ СО СРЕДИШНА ОДБРАНА,ОДИШ ИЛИ НА ВИШОК НА КРИЛО(најчеста варијанта),ИЛИ ПРАВИШ НЕКОЈА ПОЗИЦИЈА ЗА ПИКЕР(кој мора да игра без топка и да си напрај позиција)ИЛИ ПАК ОДИШ СО ДИРЕКТНО ДИЈАГОНАЛНО ВКРСТУВАЊЕ ОД ЛЕВ ДО ДЕСЕН ИЛИ ОБРАТНО,И ДА СЕ НАПРАЈ ТОЈ ПОСАКУВАН ВИШОК И ЧИСТА ПОЗИЦИЈА...
Просто како граФФФФФФ...:tapp:
Па пичка му матер бе,ова се основни работи,примарни,како ќе победиш ти ако не ги користиш тие брејкови,ова се тие мали фактори кои одлучуваат вакви тесни мечеви....
Ако не ги користиш овие не те вадат ниту 20 одбрани на голман,баталете Металург како победуваше на времето,едно е ЛШ со Констанца да играш,сосема друго е едно ЕП,на меч со Франција и Полска пред толку публика...
Вака така дојдовме од изгубена позиција кога губевме со 4,за само 2 минути скинавме 3 негатива..
И шо прај Обрван,алооооо бре дали си ти нормален?
Пресекуваме топка,на 30(ина)секунди до крај,и овај чека да побара тајмаут,алоооо чекан да те акни....:tapp:
За кој :kuracc:поминаа 12,13 секунди?За кој:kuracc:
Помина толку време а ние шо напрајвме?Изненаден беше дека пресековме топка,па требаше да си спремен одма со тоа картончето да трчаш кон записничка:tapp:..
Секоја секунда беше важна,ама буквално секоја,а ние дадовме 12 секунди у курац да одат...
Ејјј за 12 секунди екипи имаат давано голови од гол на гол без право на тајм аут,а ние за цели 18 секунди тргнуваме од 10 метра акција,не ни пробавме да шутниме шо е најтрагично...:facepalm:
Ок,се дешава,луѓе се,ама тие 12 секунди или колку и да беа(сигурно беа барем 7,8) мораше да ги имаме,па ќе имавме време барем за еден шут,или ако не за шут барем една акција да свртиме пред да ги турниме гаќите...:tapp:
Вака ништо не бидна...како и обично...:facepalm:
Овие работи треба да ти се спремни пред меч,да не се будалат после на утакмица и спонтано да реагираат,треба да се знае се...
Ама јебига...то е,Македонче,само ако не се заеби кој?:facepalm:
Како и да е,браво за дечките,не смее да им се замери,дадоа се,посебно Борко над нивото,и Жути во прво страшен,и секако Прибак,Кире стандард,Деки вон баланс,Митков пријатно изненадување,можеби требаше да го пушти во второ,како бек ап за Кире,ќе имавме уште едно оружје во напад,ако имаше укрстување и менување места со Кире,можеби ќе поминеше некоја таква акција како во прво....
Тоа е,сега со четниците има да биди држ не дај..
Искрено не сум голем оптимист,тие денес лагано си го ладеа,дадоа отпор 20ина минути,и рутински откако видоа дека нема надеж ги извадија сите првотимци,и комплетно се чуваа за нас,без разлика колку ќе изгубат,едноставно се остварија тие најави на Ненадиќ дека се спремни да изгубат со милион разлика од Франција и Полска само да не скинат нас...
Со Полска им се погоди денот,и тие ни во најлудите соништа не очекуваа сигурно дека така ќе изиграат,башка шо Полска се дупка тешка....
Сега за жал тие ќе бидат поодморни,погладни,накурчени до јаја,а ние емоционално испразнети до даска ќе ја бараме вистинската игра која ја имаме,неспорно е ова,ама не знаеме да ја задржиме до крај на меч,а така не се добива на едно ЕП,тука сите се јаки,и никој нема да ти поклони победа туку така.....
Очекувам валкана игра од Србите,посебно од касапите шо ги имаат назад како Абутовиќ,Бељански,Марсениќ,доста мавање ќе ни удрат,посебно врз главните наши оружја,Кире,Столе и врз тој шо ќе е расположен од ДРУГИТЕ БЕКОВИ(ако ги има)?,плус заебана рабоата е шо имаат"шпион"во Станиќ кој ги знае како дишат сите наши играчи,сите слаби точки,сите детали...
А реално ние немаме многу претстава шо да очекуваме од Србите.....Нон стоп менуваат селекции,енигма се голема,иако индивидуално играчите се тие,добро познати...
Многу тешка утакмица ќе е,да се надеваме дека утре со ладни глави ќе спремат некоја тактика,па да ги спуштиме на земја тие лигушите како Џукиќ...
Ако испадниме од тие пацери навистина ќе е како крај во некоја турска теленовела,да си ја стегниш кубурата самиот од очај:shook:...
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.055
Па како можеше да заборави дека треба да го извади голманот и да влезе играч со маркер, како можеше? Тука се збунија играчите, Кире му кажа пред да почне играта после тајм-аутот. Требаше да им нацрта акција со 7 играчи во напад,а не влезе Маркоски и појма немаше што да прави, греота ... И да, у пизду матер веќе од вакви натпревари.
 
Член од
20 декември 2014
Мислења
99
Поени од реакции
106
Наумче и Филип нека ги пратат назад во Македонија со првиот лет, нема потреба да прават трошок за јадење и хотел ионака се бескорисни.
Не, ни лет не треба да им платат, нека ги остават на улица на нивен трошок!
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Зошто бе секогаш мора вака? Зошто по незнам кој пат усеравме добиена утакмица?
По ова одлично прво полувреме, човечки беше да се надеваш дека овде можеше да се триумфира, тотално ги убивме во поим на Полска.
Но..... вториот дел беше комедии, Полска играа лошо, ама ние бевме комедии, па преку курот веќе.. толку ли е тешко да го совладате овој синдром кој што секогаш е присутен во клучни моменти? првенства и првенства одигравте, имате изиграно квалитетни утакмици..
Па не е можно толку да не знаете да искорисите кога имате играч повеќе? Филипче 5 пати ја згреши жалниот, но и тој не е крив што изборникот не му даде шанса на Фитиљо, не дека ќе сменеше нешто, но чисто да се извадеше канцерот кој што изупропасти 4-5 напади..
Па и цепелин сакаше со Георгиевски да праи жалниот..
Како бе не ја добивме оваа утакмица?? КАКО НЕ ЈА ПОБЕДИВМЕ ДЕНЕСКА ОВАА ЛОША ПОЛСКА ? КАКО?
Лузерски менталитет еј, незнам зошто воопшто се мачеа да го изиграат вака лавовски првиот дел, за во вториот да се однесуваат ко се да им е исто.
И сеа се фалеме дека сме ја намачиле Полска? Па џабе е кога нема резултат.. РЕЗУЛТАТОТ е тоа што се памети, така сме си со курот во раце, уште повеќе боли дека денеска имавме победа на лагер и сами си ја прокоцкавме.
Големо потфрлање од капитенот денеска, промаши клучни пенали кога се кршеше резултатот.. Столе кутриот цел гол промаши, тоа намерно да сакаше немаше да го направи, па цел живот играш таму бе човече , како успеа жити се?
Џабе е веќе критики и триста срања.. шансата за големо полуфинале е прокоцкана, а таму па какви селекции имавме за противници, ЕДНОСТАВНО МИЛИНА.
Полска се покажа колку беше мизерна и во последните 2 минути кога прими 3 гола во серија и ни овозможи напад за израмнување, али баксузите и тоа не го искористија, плус судењето беше феноменално, во Македонија да се играше ЕП така немаше да ни судат, се беше во наша полза ејјј .. па како да не ти е криво да му се невиди..
Дај да ни го плеснат и БРАЧАТА БАКСУЗИ.. оовај Срби и да си ги спакуваме куферите, реално со таков пристап не се игра ЕП, очекувам барем да имаат милост кон нас фановите, уште во првите 10 минути да им направат разлика, да не кинеме нерви и да завршиме на интерно ко на овие утакмици, туку да си се помириме уште во почетните минути и да не се стегаме цела утакмица, да не ни испука срцето.. да ти ебам баксузите смрдени.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
@Tomasino алал да ти е брат :place: текстов ми дојде таман за пред спиење, ајде последна шанса со Србија, тоа е финалето за нас, јбг кога не не бидува за нешто повеќе, барем да имаме шанса да изиграме уште три утакмици. А да прашам, треба некое посебно место да бркаме за да играме кв за ОИ или доволно беше само некој од јакиве да го освојат ЕП?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Член од
20 декември 2014
Мислења
99
Поени од реакции
106
Многу ми се јаки ваквиве интернет херои :D ги какаат по страниве со коментари се јачаат за лајкчиња и кога ќе им врати играчот, само смајли или ее најаки сте ај ќе се соберете позз хехехехехе
Не сме ние нешто слично на нив :D?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom