ПОЗИТИВНИ ВИБРАЦИИ ОД МЕКЛАРЕН-ХОНДА
Според Шпанскиот портал AS.com тимот на Мекларен-Хонда ќе ја стартува 2016 сезоната со значително подобрена ПЕ, која ќе биде во можност целосно да го користи ЕРС-системот, по големите промени во текот на зимскиот период. Разочарувачките перформанси на Хонда ПЕ допринесоа во минатата сезона Мекларен да ја преживее една од своите најлоши години, но од двете засегнати страни доаѓаат позитивни вибрации по напорната работа за време на Божиќните празници.
Основно било да се овозможи 100% фунционирање на ЕРС-системот, нешто што беше слаба точка мината сезона и која не била во можност да се поправи пред зимската пауза. Инженерите на Мекларен ги направиле потребните промени на шасијата за новата локација на ЕРС-от, како и место за поголемиот турбо-компресор.
Според теоријата Хонда ПЕ сега треба да ја има силата на Мерцедес ПЕ од минатата сезона, што треба да им обезбеди многу подобар болид на Алонсо и Батон. Придобивките би можеле да изнесуваат до 70КС од турбото и екстра 160КС од ЕРС-от. Адутот на Мекларен за 2016 година, MP4-31, ќе биде презентиран на 21-ви Февруари, а веќе следниот ден сето ова ќе треба да се провери во пракса на првата од двете пред сезонски тест сесии кои ќе се одвиваат на патеката Каталуња. Првата трка во Австралија е на 20 Март.
Инаку денес е првиот ден од тест сесијата на Пирели, почеток на Ф1 2016 сезоната или НЕ?[DOUBLEPOST=1453748474][/DOUBLEPOST]ДЕМАНТ ОД ХОНДА
25.01.2016 Нашата ПЕ има подобрувања, но не во толку голем обем. Невозможно е да се направи толку голем скок за само една сезона. Нашиот проблем беше ЕРС-от на кој напорно работиме за да го имаме целосниот капацитет на ПЕ!!!