Не зборевме кои филмови ќе влезат во групата на 94та и 99та туку дали 2016та ќе биде филмски сигнификантна година. Филмовите од 94та и 99та што ги кажа беа драми, зашто 90тите беа
ера на драми.
Во нова ера сме сега, на CGI ефекти, врз која што суперхеројските франшизи почнаа да се градат.
Е во овој период кај што сме сега, со хајлајтот потенциран на суперхеројските франшизи, 2016та ќе биде тоа што 99та беше за драмите.
Кога ти реков првиот пост да не ги потценуваш, не мислев да збориме за жанрови и дали драмите се повредни од суперхеројските, туку дека 2016та ќе биде важна филмска година без разлика на жанрот.
Тоа дека нема да излезат филмови од класата на фајт клаб, д гејм и сличните, нема, точно.
Ни оваа година, ни следните што го фаќаат овој филмски период, ама затоа ќе излезат филмови од друг тип што имаат шанса да се култни понатаму.
А за фајт клаб неам идеја кои биле очекувањата, ама ете, и таа е базирана на книга