Најспорното претекнување: По правилата е или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
На секој возач со добра километража му се има случено ваква ситуација, кога ќе започнете да претекнувате камион на испрекината линија, но додека да го претекнете, почнува полната линија, но возачот не знае за тоа затоа што знакот е покриен од камионот, како што е прикажано на сликите.

И како што обично се случува, после ваква ситуација секогаш наидувате на полицаец кој ве запира и сака да ве казни.

001-860x573.jpg 002-860x573.jpg 003-860x574.jpg 004-860x574.jpg 005-860x574.jpg


Но, дали во случајов има прекршување на правилата, бидејќи возачот не знаел и не можел да знае дека почнува полна линија? Од правна гледна точка, за вакво претекнување возачот не треба да биде казнет.

Но кај нас нели никој не ти верува на жими мајка па така да доколку недај боже да се случи вакво нешто да фатат џандари како се претекнува на полна линија казна не бега секако, иако нели јас мислам дека праведно е дека возилото започнало да претекнува на испрекината линија што не е направен прекршок.

Но доколку се пише веќе казна што тогаш? како да се постапи во вакви случаеви?
 
тема за добар муабет...
ама ова не е ништо,јас се враќам од кај Паланка за Скопје и кај што се врти за Кратово лево,тука ме сопира полицаец (некој шоп) и ми вели згазна на полна линија и ми пиша казна.
Времето беше навечер ама само што заврнало снег и околу 1см на лентата-патот снег,поточно само се гледа бел пат, на тоа место и проширен поради свртницата лево,дури и никој немаше ни поминато или беше покриено, ни полна линија се гледа ни ништо, и ме викнаа на суд во Паланка,бидеиќи не платив одма на лице место.Па и за овој случај што ако линијата е покриена со снег ( и знакот понекогаш ).
 
Знакот за забрана за претекнување треба да биде поставен малку подоле за да се избегнат вакви ситуации. Како и да е претекнувањето е правилно.
 
Правилно. Чим почнал да претекнува на испрекината може да заобиколи на крај на пуна само не ептен џенем туку најскоро што може.
 
правилно или не ова е сигурно казниво, доколку е вака солидно бележано хоризонтално и вертикално треба да забележи до каде е дозволено претекнувањето,доколку не е возможно да го изврши да забави и да се врати во својата лента поскоро...........би бил голем проблем доколку истовремено го почнат претекнувањето други нервозни и непромислени возачи веднаш по него[DOUBLEPOST=1451083000][/DOUBLEPOST]
Правилно. Чим почнал да претекнува на испрекината може да заобиколи на крај на пуна само не ептен џенем туку најскоро што може.
шоферите на камионите се професионалци и треба совесно да ја намалат тука брзината колку да бидат претекнати до местото каде е означено дека е забрането претекнувањето,е сега колку се такви расположени е прашање и не можеш да се потпираш на нив секогаш
 
Нема теоретски шанси некој да ти пише казна за ова.
 
А зашто уопште у примеров лентата станува пуна кога нема потреба? Се знае кога треба да биде полна лентата
 
А зашто уопште у примеров лентата станува пуна кога нема потреба? Се знае кога треба да биде полна лентата
004-860x574-jpg.135437

Од сликава може да видиш зошто има потреба од полна линија.
 
^ од сликава многу јасно може да се види дека треба да се откажеш од претекнувањето и да се вратиш во твојата лента пред да го загрозиш твојот и нечиј друг живот
 
АКо не се лупнеш правилно е, а ако се ондак не.
 
Треба да нагазиш на гасот не како некоја бабичка да претекнуваш со 70-80 на саат или да подзастанеш да се вратиш назад. Башка се гледа од страна дека има доволно место за уште една кола :)
P.S. прво му се лепиш од позади на каминото на еден метар убацуваш у втора правиш забрзување од над 4000 rpm претекнуваш и на пола негде убацуваш трета. (Иронија).
 
Одговорите ви се како да немате возачка дозвола. Или имате, ама немате искуство.

1. Недозволиво е да се лепиш зад друго моторно возило, а уште помалку шлепер. Минималното растојание кое треба да го држиш зад возилото пред тебе е 3-4 секунди (ако возиш со 36 кмч, во превод 30-40 метри. ако возиш со 72кмч 60-80 метри. Ако возиш со 108 кмч, 120-140 метри). Лепењето зад некој е едно од поглупавите нешта (кои изгледаат невино/безбедно) што можеш да ги направиш како возач.

2. Ако држиш нормално растојание (како растојанијата погоре), ќе го видиш знакот барем 100-200 метра пред да почнеш со каков и да бил маневар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom