Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.113
Поени од реакции
9.062
Штета шо го дупат Лео а стварно добро дете е. ама оди кажи бил добар актер and the next you know is this

Ех? Одамна е јасно дека е добар актер, уште од What's Eating Gilbert Grape. Тоа што јаде ремет е зашто неможе оскар да земе а има добри улоги и се паѓа во тешка конкуренција секогаш кога е номиниран. Сликата ти е поприкладна доколку некој каже дека не го бива, а не обратно.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Знае некој што се дешава со филмовиве што излегоа така наеднаш на скринер ,некој бил хакнат или стандард крадење е?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.827
Поени од реакции
36.847
Знае некој што се дешава со филмовиве што излегоа така наеднаш на скринер ,некој бил хакнат или стандард крадење е?
Секоја година е исто - им испраќаат DVD скринери на сите членови од Академијата на крајот од декември, во случај некој од нив да не го гледал филмот на проекциите низ кината или на специјалните скрининзи наменети пак за нив. Среќа, секоја година некои од членовите на Академијата се солидаризираат со нас, простата раја. :P Инаку, сега е периодот кога Академијата гласа за номинациите по категории, па затоа продуцентите се обидуваат да си ја подобрат позицијата на нивните филмови (повеќе номинации би значел и поголем профит за нив). ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.827
Поени од реакции
36.847
Labyrinth of Lies класи подобар од Mustang, кој имаше фалинки од секој можен аспект. За Sicario бев хајпнат, не го донесе тоа што го очекував. Но - вистинското уживање на денот беше The Peanuts Movie - ме врати во детството! Истата меланхолија која ја паметам, истите ликови со кои пораснав (Чарли Браун, Снупи, Вудсток, Луси, Лајнус, Пеперминт Пети...), одличниот хумор, овојпат надополнет со извонредна графика правејќи го и визуелно ремек дело...Не знам, можеби е само до мене и до мојата сентименталност, но мене ми беше дури и подобар од Inside Out.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.113
Поени од реакции
9.062
Benicio del Toro ми беше единствената светла точка во Sicario. Останатите карактери беа слаби, премногу нереални и ме иритираа со нивната префорсирана "јас сум мангуп" аура. Проблемот го гледам во сценариото пошто знам дека се солидни актери.

Не ги разбирам високите оценки кои ги добива филмов.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тапа е Сикарио, 1:50 минути ништо не се дешава, лоша акција па и крајот не беше нешто уау. Кој го излажал режисеров за Џош Бролин само не знам, каде бе него го нашле агент, таму специјалец да ми глуми.
Женската најдобра заедно со Беницио.
 
Па не би рекол баш дека Sicario е акција, а верувам дека и поентата не им била да снимат акција. Повеќе би го нарекол „драма на каректери”, заради што и беше толку спор. Но, убаво рече Тегла - во филм, во кој развојот на ликовите е најважен, баш ликовите се слабата алка.
 
Не мислев акција ко жанр, туку дејствието кога идеа во `акција` по тие и тие, да не шириме спојлери. :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.473
Поени од реакции
114.345
И мене не ми се допадна премногу Сикарио, некако премногу кружење имаше во филмот, без некое напето дејствие и некаква кулминација. Дел Торо си одглуми добро, мене и девојката ми беше океј, али останатото и не ми направи некој голем ќејф. По мене неоправдано има толку голема оцена...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom