Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што на секое корисничко место му припаѓа електрино броило чиј број е регистриран во ЕВН
 
Не те разбирам баш. Ај вака да прашам. Купувам куќа од некој човек. Тој има саат на негово име. Кога ќе ја купам куќата, дали во ЕВН треба да се поднесе некакво барање за промена на сопственикот на тој саат?
 
Се поднесува барање, ама таму не може да се вгради струјомерот од чичко ти. Ако ја вклучиш струјата во викендицата без струјомер или со непријавен струјомер, ќе заработиш кривична пријава за кражба на струја
 
Значи кажуваш дека чичко ми не може да го постави саатот во викендица што е негова сопственост? Струјомерот инаку е сеуште активен, барем така ми кажаа. Во смисла дека сеуште плаќаат некаков надомест (не знам за што) иако не работи продавницата со години.
 
Ќе ти се разјасни ако пробаш да го направиш тоа што си го наумил
;)
 
Значи кажуваш дека чичко ми не може да го постави саатот во викендица што е негова сопственост? Струјомерот инаку е сеуште активен, барем така ми кажаа. Во смисла дека сеуште плаќаат некаков надомест (не знам за што) иако не работи продавницата со години.
Не е во негова сопственост. Тоа прво. Кога ќе биде, саатот од таа продавница е врзан со локација (објект). Не можеш сега од дома да го извадиш и да го донесеш кај мене твојот саат, ти текнува? Секој саат има каде е поставен и на чие име се води. Можете да го одјавите саатот од продавницата, па после да барате (еве нека биде по твое) истиот да се стави во викендица. Само што, ќе ви стават нов и исто ќе му дојде. Џабе компликации, не добиваш ништо.
 
реприза, по 2 недели
Види вака, кога си добил отказ си требал да поднесеш приговор во фирмата дали до надзорен одбор, дали до директор важно до орган кој ти го издал отаказот, они се должни по 8 дена да ти одговорат, ако ти одговарат а тебе не те задоволува одговорот или ако по 8 дена не дадат никаков одговор тогаш си требал во рок од 8 дена да поднесеш тужба до надлежен суд, така да по мене си ја закаснил работата.
 
Имам правен проблем па би сакал некој од правниците да ме посоветува што да правам преку ПП или емаил или телефон.
Молам за помош
 
Имам правен проблем па би сакал некој од правниците да ме посоветува што да правам преку ПП или емаил или телефон.
Молам за помош
Пиши го овде, за тоа е темата
 
Вака сега, земав еден циркулар од германија на насата граница не е пријавен на прашанје од цариникот дали имаш нешто да пријавиш. Ми прави записник и ми ја одзема робата , дали има некако шанси да си ја земам ?
 
Ај за помош правна...лесно е, значи комшијава од 07.30 сабајле пали пила моторна, сечи дрва, свеста ми ја зеде, не еднаш, ако беше еднаш двапати имам толеранција ќе ризикувам од сонот, прашањето ми е Дали има основ да го пријавам за нарушување на јавен ред и мир... плс за помош пошо останав не наспан
 
Jok nemas nikakva osnova. Do 5 mislam bese tolerancijata i pocnuva od 12h.

ROMA ROMA ROMA
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom