Улицата на која што живеам е прилично теснa, широка е точно колку да се разминат 2 коли без проблем. За да си ја изнесам колата од дворот, потребно ми е нормално чист простор во ширина на портата. Проблемот е што е "прометна" улица и преку ден многу луѓе доаѓаат и паркираат на улицата и често се случува да има паркирана кола, не точно пред мојата порта туку од другата страна на улицата што ме оневозможува да си ја извадам колата од двор кога имам потреба.
Кои се моите права во случајов? Смеам да повикам полиција и пајак служба, доколку нормално не знам кој е паркиран, а немам залепено знакче за забрането паркирање? Доколку на портата залепам знакче за забрането паркирање, тоа се однесува на просторот само пред мојата порта или и другата страна на улицата и дали е тоа основ да повикам полиција?
Прегледај го приврзокот 134402
Сликовито објаснето