Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Имаш ли пресуда од независна Македонија дека на Дедоти неправедно му била одземена бакалницата и дека е рехабилитиран или обештетен?Let 3... многу навредливи квалификации редиш. Сакаш да ти одговорам во ист стил? Ти си веројатно припадник или потомок на неработници, недомаќини луѓе, можеби и коцкари, женкари.. кои не знаеле чесно да заработат па 1945 г. во името на народот им одземале на домаќините за да имаат и тие.
Дедо ми воошто не бил богаташ, воопшто не се богател на туѓа мака, напротив, со мака и труд се грижел за семејството. Живеел и работел во тогашните држави, прво турско, па Кралството Југославија, па Италија (фашистичка), па СФРЈ и почина во независна Р. Македонија. Многу побожен, многу човечен, лош збор немаше кажано, а камо ли да бил нечесен и да се богати на туѓа мака. Немам јас никакви документи од затворањето на продавницата (дури и објектот под кирија му бил). А, со кое право им се одземал ЛЕГАЛНО СТЕКНАТ имот на луѓето? Никој нема против тоа да се прави на нечесно стекнато, ама туку-така... Нели приватноста е светост? Зошто да им се земе на едни, за да се даде на други? Така и жената може да му се земе некому за да му се даде (макар одвреме-навреме) на друг, да се „омрси“ и тој. Тоа се дебилштини.
Ти овде само муабети расфрлаш и хвалопојки за дедо ти, дедото мој беше еден од водачите на ослободителното движење во својот крај и носител на орден татко ми беше за време на војната на Вис па во Бари па Таранто и на крај во Синај во Ел Шат, не седеше во бакалница и не броеше париња заработени тргувајќи во време на војна глад и немаштија. Моите зедоа пушки и одеа да се борат против неправдата и фашизмот. Не клаваа на книшка ни српски динари ни бугарски левови. Не знаеа дали утре ќе загинат во некоја офанзива или засед, не легнуваа во удобни јоргани планирајќи колку роба утре да земат и колку ќер ќе направат туку пребројуваа колку куршуми им остаnaа и делеа корка леб негде надвор на студ или дожд.
Се бореа за земја и држава каде сите ќе бидат рамноправни и слободни. И дедо ми умре во својата куќе на село во 70 и некоја исто ко шо умре и дедо ти но мојот дедо на твојот му донесе слобода и право да води човечки живот. Да седеа сите дедовци во своите бакалничиња и рачунаа дневни промети ден денес овде ќе си имаше блгарски кмет, ќе си плаќаше во левови и ќе се нарековаше себе си Блгарин.
Има и такви кои тоа го посакуваат и сега.
Последно уредено: