Бог констатирал дека нешто не е корисно?! Тогаш зошто го допуштил?
Вкусувањето од плодот на познавањето на доброто и злото ги прави прародителите-луѓето богови. Тие немале духовна сила за тоа познавање да го поднесат, но ќе им било дозволено подоцна. Со
воздржувањето (постот) од неговото вкусување растела нивната духовна сила. Тие со еони се воздржувале и веројатно со еони ќе требало да се воздржуваат, што ќе им донело духовна способност да се носат со познавањето на доброто и злото. Тогаш би станале богови на правилен начин.
Зошто не ја спречил таа можност, тој исход?
Тоа ти го објаснив погоре со трансцендентноста на слученото и неслученото. Бог овозможува целосна слобода во нашите избори и што и да биде избрано пак е од Бог предвидено. Нешто слично има во квантната физика објаснето со пример како игра со кибритчиња. Кога се сокрива топче под кибритчиња, во квантната физика се вели топчето може да е секаде и никаде. Каде ќе биде зависи од набљудувачот. Условно кажано набљудувачот. Така ако избериме црно тоа било предвидено од Бог дека ќе избериме црно
откако се случило. Ако наместо црното сме избрале бело тоа било предвидено од Бог дека ќе биде избрано
откако се случило. Што и да сме одбрале тоа било предвидено, а се имало можност и да сме го избрале другото и пак ќе било предвидено. Бог не подлежи на времето. За Бог времето стои иако се случува. Што ќе се случи случено е но идните настани и дела влијаат на значењето на минатите настани и дела.
На овој начин прародителите не морале тоа да го сторат, но им била навистина оставена вистинска слобода за избор и тие избрале да не ја почитуваат Божјата заповед.
Бог не го спречувал тоа, затоа што ќе ја нарушел слободата за избор. Наместо таа трансцедентна божествена слобода на избор, тоа ќе било роботска механика. Така секој има можност да го слави Бог или да не го слави. Што ќе сториш ќе биде сторено, што нема да сториш ќе биде несторено.
Apple и NASA работат на квантен компјутер кој проблемите ќе ги решава миговно. Сега за еден компјутер да помине низ еден лавиринт ги испитува сите патеки една по една додека не ја најде патеката за излез. Ако има милиони патеки, тоа ќе потрае. Квантниот компјутер поради истовременоста на сите опции (кибритчињата), ги пробува сите одеднаш независно од нивниот број на можности, милиони и милијарди и веднаш го најдува решението. Ја искористува квантната физика во микрокосмосот.
Ова како пример дека и физиката знае за овие чудеса на времето и настаните, што претставува отпечаток на божествената трансцедентност.
Се што постои е создадено од одвоени честички кои имаат непремостлива просторна и временска одвоеност. Постојат во различни свои светови временски и по простор. И пак сите заедно го создавааат нашиот свет.
И втора работа, која е поентата некому да кажеш дека нешто не е корисно, ако предходно си го создал без сознание за добро и зло и си му забранил истото да го спознае?
Не знаеле за добро и зло но знаеле за полезно и неполезно.
Вербата сама по себе е како автомобил во движење без волан и без кочници. Ако немаш скептицизам и веруваш во она што ти е презентирано, тогаш без разлика дали е вистина или не, ќе го прифатиш.
Не знам зошто таква претстава си добил. Верниците имаат право на испитување на духовите. Има барање и право - „испитувајте ги духовите - испитувајте се`“. Верникот треба многу внимателно да се однесува кон сите поуки и толкувања дури и внатре во Црквата. За сите прашања се советуваме едни со други, се прашуваат теолозите, постарите, се консултираат разни книги, каноните... и сето тоа да се вклопи со духот внатре во нас...
Ако репер за вистина ти е утехата и надежта, тогаш многу поверојатно е да прифатиш лага одколку вистина, затоа што во реалноста и во животот најчесто вистината не е секогаш розева.
Во најдлабокото ниво вистината се поклопува со убавината, утехата, надежта, смислата... Не може да биде поинаку.
Тоа за тебе е доволно за да тврдиш дека си ги проучил сите останати религии и дрско и безобразно да ги прогласуваш за демонски?! Си чепкал 2-3 книги и од тоа чепкање си заклучил дека знаеш доволно за да прогласиш цела религија за демонска? А незнаеш да одговориш ни две прашања? Тогаш зошто истото не важи и за христијанството? Како тогаш некој што "чепкал" низ 2-3 книги за христијанството не е експерт за истото?
Ти одговорив затоа што христијанското е суштинско и не се доаѓа до разбирање на суштината така лесно.
Затоа што немаш одговор за истите.
Можеби не си задоволен од одговорот но ти одговорив и нема да се вртиме во истото за истите прашања.[DOUBLEPOST=1450141188][/DOUBLEPOST]
Кое е тоа место бе МИКИ ?
Сите ке завршиме на исто место инаку. Два метри под земја, некој повеќе некој помалце, зависи колку се расположени гробарите за копање.[DOUBLEPOST=1450133982][/DOUBLEPOST]
Оти да не се замараме, интересен субјект сте за посматрање.
И не Не правам разлика пошто нема личност како божји одраз? Тоа е само во твојата глава.
Но сепак иако неколку пати ви е нагласено дека не е тоа темата тоест кој во што верува и дали е тоа вистина или не, упорно пробувате да ја смените насоката на дискусија да не речам како навиени. Добро до толку немате капацитет да сфатите за што тука се зборува или едноставно ви е страв дури и за момент да помислите дека тоа во што верувате можеби и не е вистина, па како би реагирале по тоа сознание, секако хипотетички. Едноставно кај вас тое не се доведува ни под знак прашалник и баш затоа сте интересни за посматрање.
Ете ти на пример како би реагирал ако еден ден дознаеш дека цел живот си живеел во лага? Што би направил потоа, како си го замислуваш понатаму животот?
Истово прашање што го поставуваш што ако верникот дознае дека нема Бог одговори го ти во спротивен правец.
Што ако еден ден несомнено се утврди дека постои Бог, дека ќе одиш на суд, а ти не си верувал во очигледното. Те чека вечен затвор. Ќе се затвори вратата зад тебе, вечно ќе бидеш сам и нема НИКОГАШ да се отвори. Како би се чувствувал тогаш? Хипотетички прашувам како би се чувствувал?