Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Законите на религиите како христијанството тврдат дека моралните принципи ги диктираат и определуваат физичките закони. Па така, може да сретнеш тврдења од типот дека вршењето голема нужда е негативна последица, која произлегла од "падот" на Адам.... Ова не само што е тотална глупост и бесмислица....туку е и практичен пример како може да се забега кога нешто субјективно и лично како што е моралот, се издигнува на ниво на причинител на физичките закони во универзумот.Она кое го напишав БЕА ЗАКОНИТЕ НА УНИВЕРЗУМОТ, барем една сфера (животинскиот свет) затоа што нема простор за се да се напише и проучува овде. Тие закони површно погледнати се разочарувачко безнадежни за секое суштество. Христијанството дава нивен подлабок поглед и открива вистина во која има и надеж и светлина. Ако не се подложни на „човековата потреба за утеха и смисла“, тогаш зошто разговараш, Зошто објаснуваш, зошто негираш?
Дали за тебе има или нема смисла универзумот, не е репер за да се одлучува што е вистина а што не. Ако однапред одлучиш што смее а што не смее да биде вистина, тогаш ти не бараш вистина, туку утеха, а лагата е далеку подобра кога станува збор за надеж и утеха.Ако нема смисла и утеха ќе вреди ли да се живее? Ако ти немаш смисла тогаш жив или мртов би ти било сеедно. Зошто тогаш сеуште живееш?
Кажи ми кој се четирите архетипски светови во кабалата, како се подредени и кој сефирот одговара на кој архетипски свет.Во целина да сум ги проучил и воопшто не е нешто сложено. Само Библијата е како ѕид кој тешко се пробива, другите со 2-3 прочитани книги и се пробива во нивната суштина. И она кое не си го прочитал правилно се претпоставува и кога ќе го сретнеш, гледаш дека правилно си претпоставил и добиваш доказ дека тоа учење ти било сфатено.
Кажи ми ако Брахман е макрокосмичкиот аспект во хиндуизмот, тогаш кој е микрокосмичкиот?
Воопшто не е глупо, ќе ти посочам и друг аспект што е подеднакво несоборлив доказ за тврдењето дека интегрален доказ неможе од една страна да ги обединува сите свери, а од друга истиот да има дуална природа.Јас не те разбирам како едно глупо тврдење го издигнуваш како несоборлива логика. Прво ако читаше внимателно пишував за очигледност и самоочигледност. Очигледното е подложно на сомнежи и претпоставки, самоочигледното не дозволува да се оспорува. Вистината на овој свет му е дадена на очигледно ниво, а не на самоочигледно ниво. Така никој не може да се правда зошто не верувал во Вистината кога била очигледна, а не е принуден на неа.
Сеопфатниот доказ, во себе има подсфери. Луѓето може да се сомневаат поради пониските закони кои постојат во подсферите. Тие може да бидат обземени од пониски закони (сили, енергии) и да ги третираат како врвни божествени..., божји..., Бог. Со оглед на функционирањето во нивната сфера ќе им изгледаат живи и докажано потврдени. Од таму идат споровите затоа што потпаднатите под разните сфери едни со други ќе се спорат. Но секој од нив и во својата сфера ќе има недостатоци и нефункционалност но посебно во другите сфери ќе покажува недостатоци затоа што иако произлегува од врвниот кој всушност и е негов извор, тој е смален, а и попримил нечистотија при надворешното дејствување. Но кога ќе се бара повиск и повисок закон (сила, енергија) тој ќе опфаќа се повеќе сфери. Кога биде допрено до врвниот тој треба себе си да се докажува секаде и совршено да се поклопува во целината на сите сфери.
Затоа интегралниот доказ може и Е од Бог обезбеден за сите суштества кои го бараат. Тие самите не се способни, но Бог како семоќен им го преработува на секој на негов начин за да му биде достапен за разбирање.
Ако христијанството и исламот Бог го претставуваат како судија, тогаш тоа подразбира дека тој нештата ги перцепира како погрешни и исправни, добри и зли, потребни и непотребни. Но! Ако тој е единствениот креатор и нема други освен него а во исто време тој е безгрешен, (неговата промисла ги интегрира сите создадени нешта), тогаш од каде доаѓа она за кое тој ќе пресуди дека е погрешно, непотребно, зло? Повеќе од јасно е дека доколку Бог го сметаме за интегрален аспект, тогаш се што постои а потекнува од него, мора на негово ниво на перцепција да има смисла или цел, доколку нема, тогаш тој не ги интегрирал сите аспекти што постојат, не е совршен, направил превид, грешка.
Ако црвениот болд важи за обичен човек, што ниту е совршен, ниту безгрешен, мислиш дека не треба да важи за битие што наводно треба да биде совршено и безгрешно? Колку пати во библијата Бог го наметнува своето убедување со сила, закани и казни?Така треба да биде. Вистината е ултимативен императив. Барај, копај. Не е проблем што се спориме, ако тоа го правиме на академски начин и ако совеста ни е чиста. Проблем е ако своето убедување сосила или со заведување му го наметнуваме на другиот или ако во себе не веруваме во она кое го кажуваме или пак знаеме дека другиот е во право ама од навивачка тенденциозност, суета не се сака да се признае вистината.
Последно уредено: