Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Знаете ли што е чудното (барем на мене ми е)? Како може преку ден, сите раздвижени со возила, кој е дома се грее (пример) на дрва, јаглен... концентрацијата е највисока во 1 наутро? Повеќето што се вработени, во 1 или легнуваат или веќе спијат, а оган дома да остави некој и да заспие, не верувам. Барем не силен. Нешто друго е поголем загадувач од возила и домаќинства. Не дека и овие не се, ама...
Очигледно не си ги гледал графиконите... Не е во 1, туку во 21, баш кога веќе сите оџаци се имаат убаво расчурено. Во 1 веќе почнува да се намалува.

http://off.net.mk/vreme/kvalitet-na-vozduhot
 
Билбоардон скрши нозе одма да најде објаснување кое апсолутно ќе исклучи соработка на власта со рандом голем исфрлач на штетни материи, кој редовно си плаќа мито.
 
Очигледно не си ги гледал графиконите... Не е во 1, туку во 21, баш кога веќе сите оџаци се имаат убаво расчурено. Во 1 веќе почнува да се намалува.

http://off.net.mk/vreme/kvalitet-na-vozduhot

Untitled.jpg

Значи, според логиката каде се наоѓа поголем дел од населението во одредени часови од денот, излегува:

- околу 16-17 часот, кога луѓето се вратени од работа и на големо се грее (дел од нив се по улици одејќи дома) загадувањето е помало од 1-2 часот наутро кога истите тие спијат???

Намерно ги обележав тие саати и "измерените" вредности. Или табелата е:
- на шашма правена
- мерењето не е точно
- податоците се намерно погрешни

Значи: НЕМА ШАНСА ДА Е ВАКВА СИТУАЦИЈАТА!!! Врвовите на загадување треба да бидат од 11 до 14/15 часот. А не кога сите спијат.

Погледни само Лисиче колку се без врска бројките. Како може во 4 наутро да е позагадено од цел ден? Магла нема врска со ова, греење и возила не....излегува дека постои ГОЛЕМ загадувач во близина, што работи навечер. Ајде од трипати, колку е далеку Усје и кој го загадува воздухот на тој простор?

Гази Баба е пола шума (ако не ја исекле, не сум бил одамна), а е позагадена од Карпош?!?
 
Прегледај го приврзокот 134701
Ајде од трипати, колку е далеку Усје и кој го загадува воздухот на тој простор?
Гази Баба е пола шума (ако не ја исекле, не сум бил одамна), а е позагадена од Карпош?!?
во Усје горат мелена гума ( увозна, сигурно не се плаќа туку наплаќа што ја гори тука), ми кажа човек што има таму магацин, не се трпи таму нонстоп
.. ова за Карпош имаш грешка, последниве денови ненормално високи вредности во Карпуш, а таму е градски парк ??
 
Не те разбрав за Карпош. Гледај бројкиве... Гази Баба е позагадена, а нема логика да е така. Градски парк повеќе е во Центар, не во Карпош. Како и да е, бројкиве не изгледаат реално. Како штимани да се. Па и мерниве станици, де има податок за ЦО, ЦО2... де нема. Околу 14 денес, немаше никаков податок за Центар, освен за PM2,5.
 
Прегледај го приврзокот 134701

Значи, според логиката каде се наоѓа поголем дел од населението во одредени часови од денот, излегува:

- околу 16-17 часот, кога луѓето се вратени од работа и на големо се грее (дел од нив се по улици одејќи дома) загадувањето е помало од 1-2 часот наутро кога истите тие спијат???

Намерно ги обележав тие саати и "измерените" вредности. Или табелата е:
- на шашма правена
- мерењето не е точно
- податоците се намерно погрешни

Значи: НЕМА ШАНСА ДА Е ВАКВА СИТУАЦИЈАТА!!! Врвовите на загадување треба да бидат од 11 до 14/15 часот. А не кога сите спијат.

Погледни само Лисиче колку се без врска бројките. Како може во 4 наутро да е позагадено од цел ден? Магла нема врска со ова, греење и возила не....излегува дека постои ГОЛЕМ загадувач во близина, што работи навечер. Ајде од трипати, колку е далеку Усје и кој го загадува воздухот на тој простор?

Гази Баба е пола шума (ако не ја исекле, не сум бил одамна), а е позагадена од Карпош?!?
Ти глуп си или имаш проблем со логиката? o_O

Поголемиот дел од населението се враќа после 17 од работа, тогаш и ги палат огновите. Зошто би бил врвот на загадувањето од 11 до 14 кога тогаш ретко кој е дома? (и со тоа нема кој да пали оган за да ја грее куќата).
Исто така, околу 1 почнува да се намалува затоа што тогаш веќе сите спијат и се гасат огновите.
Загадувањето е најголемо кога подолго време гореле огнови во куќите, т.е. периодот од 21 до 01.
Гази Баба колку куќи има, Карпош колку?

Што не е јасно?
 
Така, така. Центар во 2 сабајле е позагаден од цел ден, нели? Намален сообраќај, целиот е згради, не сум видел оџаци...ама повеќе е загадено во 2 сабајле. Важи, нема проблем.
 
Каква гнаса од народ сме, абе со колата на кафе, на шетање низ молови, на планинарење по Водно, на работа па макар и секој ден да се мучиш и нервираш за паркинг место, гратис на тоа палиш цигара у кола со сантим отворен прозор и цепаш накај дома брзајќи се да го спотнеш ќумбето. Да сакаше пастирот веднаш да го намали загадувањето, ќе донесеше една непопуларна мерка која би ги отстранила сите коли од сообраќај со +12 - 13 години во употреба. Доколку би се поштувала таа мерка за едно 60% - 70% ќе се намали сообраќајот.
 
Ние сме Карпош4: Што прави општината додека граѓаните се гушат

Што работи општината за да се намали загадувањето на воздух, каде се резултатите од активностите преземени и ставени на хартија, поткрепени со буџет, прашуваат група граѓани од иницијативата Ние сме Карпош4.

„Деновиве сме сите сведоци дека живееме во една од најзагадените општини во Р.Македонија, општина која беше меѓу првите кои имаа донесено Локален акционен план за животна средина за периодот од 2011-2017. Иако во планот се одредени најприоритетите проблеми и се определени активност за нивно решавање, во однос на состојбата во нашата општина не гледаме никакво подобрување туку само влошување. Тоа може да се потврди од сите објавени податоци за изминатиов период од 2011 до сега, впрочем веќе секој жител почна да го осеќа и вкусот на воздухот – тој што треба да е безбоен и без вкус. Бидејќи е крај на 2015 год, ги бараме информациите на кои сте се обврзале да бидат итно објавени и јавно достапни за сите жители на општина Карпош“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.

Тие бараат од советниците најитно да се заложат да се добијат овие одговори и да се утврдат сите недоследности во извршувањето на предвидените активности т.е. планови со овој ЛЕАП.
 
Не те разбрав за Карпош. Гледај бројкиве... Гази Баба е позагадена, а нема логика да е така. Градски парк повеќе е во Центар, не во Карпош. Како и да е, бројкиве не изгледаат реално. Како штимани да се. Па и мерниве станици, де има податок за ЦО, ЦО2... де нема. Околу 14 денес, немаше никаков податок за Центар, освен за PM2,5.
денес околу 18.30 бев кај СитиМал, труе слично како кај нас во Лисиче, можеби помалку дим од ложење, ама пак коли има таму повеќе. Патем добро е некој што ги знае деталите, да напише која врста загадување е за што штетна, дим од горење јаглен е работа стара со векови, а гасови од автомобили и хемикалии е понова работа.
На времето немаше толку користење на плин и струја во техниката, ковачници, леарници се беше на кокс, се кршеше со чекан, прашината се лепи во нос...Рударите и работниците во такви фабрики добиваа професионални болести, но ова со канцерот е нешто друго...
 
Сеа мене не ми е јасно, да проветрувам или не?
 
Сеа мене не ми е јасно, да проветрувам или не?
Еднаш, еден "голем" (ќелав повеќе) кажа: воздухот дома, не е од надвор. Којзнае што мислеше со тоа.

Запали цигара, да прочистиш бели дробови ;)
 
Се сечат дрвја позади АРМ
Овој простор е веднаш до Собранието и пратениците гледаат што се случува.

Народните избраници вчера дебатираа за загаденоста на воздухот и се расправаа кој е виновен за состојбата, која е веќе алармантна. Освен меѓупартиски препукувања, кој што направил-решение никој не понуди за опасната загаденост по здравјето на луѓето. Скопје, според податоците е еден од најзагадените градови во светот, а секојдневно се оголува и се сечат дрвјата.

Чад и непријатна миризба од Газела
Објавено: 08:49, 16/12/2015 Прегледано: 1,786 пати.
gazelachad-685x320.jpg

Вработен во „Газела“, ни ја испрати оваа аматерска снимка. Со денови, вели нешто гори во фабриката.

„На неколку вработени им се слоши од непријатната миризба. Се жалевме на претпоставените, но тие ниту ни објаснуваат за што се работи, ниту преземаат нешто. Вака може и да не потрујат, а никој не мрда со мал прст“, се жали вработениот.

Не е за чудење ама сите што ги знам про-владини познаници ни за жива глава не прифаќаат дека Скопје е загадено.
 
Не е за чудење ама сите што ги знам про-владини познаници ни за жива глава не прифаќаат дека Скопје е загадено.
:pos:
веројатно тврдат дека СДСМ ги амнестираше воените злосторници и дека сме влезени у НАТО и ЕУ

Па ги знаеме бе ние таквите. Си ги имаме овде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom