Очигледно .... Битно македонската
централна и локална власт придонесоа за ваквите состојби со урбанистичките планови, елиминација на зеленилото, непроодност и блокирање на постоечките сообраќајници со разноразни "градежни активности" (како онаа под стоковната Мост), со неисполнети ветувања за булевари и подземни улици, со лош јавен превоз, со ист систем на греење како пред 50тина години итн. Со тоа, покрај зголемена смртност, се зголемуваат и трошоците за здравствениот систем, за фирмите и за граѓаните.
За зеленилото, непланскиот развој на градовите и здравствените проблеми
Во 2011, кога Скопје имаше многу помалку бетон
Во
Скопје има 7,5 квадратни метри зеленило по глава на жител, што е помалку од пропишаните норми на Светската здравствена организација (СЗО).
Просекот на зеленило
во европските градови по глава на жител е 16 метри квадратни, додека во Скопје се планира во иднина да се достигне до 8 метри квадратни, вели Никола Нешкоски - инженер за животна средина. Тој истакнува дека зеленилото е многу важно за продукција на кислород, "заробување" на јаглерод диоксид и спречување на бучавата.
"Зголемувањето на станбениот простор во Скопје го блокира протокот на воздух. Исто така се јавуваат проблеми како зголемен број на жители во Скопје и зголемен број на возила кои често се наоѓаат на пешачките патеки. Многу е важно да се зголемуваат зелените површини бидејќи влијаат на психолошкиот развој на луѓето, ги смируваат и ги прават попродуктивни, за разлика од бетонската џунгла околу нас", заклучува Нешкоски.
и веќе во 2013
Скопје расте на штета на граѓаните
Македонскиот главен град нуди незадоволителен квалитет на живот, велат експертите. Се гради на штета на зеленилото и јавните површини, а граѓаните и јавноста не се вклучени во донесувањето на одлуките
Истражувањето ги третира градските четврти Дебар Маало и Буњаковец, кои се најмногу погодени од зголемувањето на стамбената структура. Резултатите покажуваат дека во 1990 година на нив имало 21,6% зелени површини, а моментално 13,9%. До 2020-та се предвидува дека
ќе останат само 4,5 проценти зелена површина.
Дури 870.000 граѓани боледуваат од респираторни болести
Дури 870.000 граѓани во Македонија боледуваат од респираторни болести, од кои 670.086 или 76 отсто од граѓаните боледуваат од болести на горните дишни патишта, додека 198.431 или 22 отсто од населението страдаат од болести на долните дишни патишта, покажуваат последните статистички податоци од 2014 година.
Овие бројки со јавноста денеска пред Институтот за јавно здравје во Скопје ги споделија активистите од граѓанското движење „Ќе дишеме или ќе издишеме“ и го прашаа директорот на Институтот, дали оваа здравствена установа нешто работи или е филијала на Државниот завод за статистика.
- Бараме јавно да се каже колку граѓани боледуваат од респираторни болести и од карцином во Скопје, Тетово и во Битола – истакнаа на активистите од „Ќе дишеме или ќе издишеме“.
За проблемот околу загадувањето на воздухот, Светска банка со години алармира. Извештајот за Зелен раст на Република Македонија за 2014-та, кој го објави банката, покажа дека загадениот воздух во земјава годишно убива по 1. 350 луѓе.
И поздрав од
Тетово
Од гинеколошкото одделение при Клиничката болница Тетово, не ја исклучуваат можноста аерозагадувањето да биде еден од причините за спонтаните и неразвиените абортуси во тетовско, чија бројка се движи од 350 до 400 на годишно ниво.