Чудни се податоците у смисол што се фингирани у некој смисол, и за јоркот па и за аирвелот.
Како може да е TOL за јоркот(hansolot) само -10 кога на тие -10 ЕуроВ имаат измерено дека вади 3,19Kw топлина 3,5ката или 4,36KW 5,5ката што на таа Т= -10 грубо речено е 80% од моќноста и далеку од ТОL (краен лимит на климата).
А за споредба имаш податоци пример за оној "евтиниот" даикин RXB дека на -7 дава 2,48kw ама битно има TOL од дури -15 на кои едвај може да извади 1,99Kw со COP=2,12.
Кај аирвелот(у-краун) повторно само до -10 се мерени и наведен е пак TOL= -10 со тотално нелогичен податок CSOP=4,60, klasa A++, и пази лапсус од дури 4900KW годишна потрошувачка за 12ката што нема логика да има толкава потрошувачка со тој COP i А++, за таа класа потрошувачката треба да e околу 1000KW а не 4900KW. За 18ката па имаат наведено дури 7420Kw годишна потрошувачка при SCOP=4,00 и А+ класа
. Просечен европски купец кога ке види енергетска налепница од скоро 5000KW веднаш ке избега од климава, иако не ми иде никако да може да се отпечати таква енергетска налепница на која ке пишува и A++ и под неа 4900KW годишна потрошувачка за греење.