Владе е сам свој газда, не ферма никој, ако има да си каже нешто ќе си каже, само ако може модераторите да му овозможат да пишува на ауфидерзен македонија, ако треба за замена, јас ке се одјавам од форумов, ќе се избришам и нема да постојам
Немора брате Бојчо толкава саможртва, ама сепак зборот ти вреди
[DOUBLEPOST=1449690556][/DOUBLEPOST]
Владе знаат у општински комитет дека лупаш вакви глупости на форум?
Интересно ќе им биде.
Абе веќе ако одиме оффтопик знаат бе институциите ( оние менталните посебно) дека имаш пристап до интернет а со тоа и до широки народни маси ?
А сега до темата. Што конкретно за тебе тука се глупости ? Ајде со твои зборови. Само аман не се резили. Не е ова политичка тема.[DOUBLEPOST=1449691204][/DOUBLEPOST]
Се додека под религиозност подразбирам човек кој следи одредени морални вредности која ги носи самата вера(значи се обратно од прељуба,крадење,лажење и сл.) никогаш нема да може да ми наштети.
Тогаш зошто јас упорно да пробувам да му наштетам ако го убедувам во спротивноста на постоењето на Бог.
А во контекст на прашањето, што доколку некој верник дознае дека Бог не постои, е еквивалентно на тоа да атеист добие доказ дека Бог постои.
За болдираното ти држи вода муабетот, еквивалентно е. Но начинот на размислување кај едната група и кај другата е сосем различен. Затоа и беше наменето за верниците баш ради нивниот начин на размислување( ако може така да се каже) каде нема место за сомнежи.
И каде виде дека јас пробувам да му наштетам или убедам некого. Не ја отворив темата за да се докажуваме или убедуваме дали постои или не постои бог. Имаш такви теми еден куп.
Прашањето е хипотетичко, што би било кога би било а не дека е тоа факт дека бог не постои па сега ајде што ке прават понатаму верниците. Читни го уводнот пост малце повнимателно или ако ништо изгледај го еднаш филмот. Убав филм е со квалитетни глумци. Нема да зажалиш за тие сат и пол од времето, тоа ти го гарантирам.[DOUBLEPOST=1449691787][/DOUBLEPOST]
sard,
да не го заборајме оној „класичен„ атеистички став: „Она кое не постои, не се докажува дека не постои„. Се чини дека „доказот„ за Божјото непостоење е даден од атеисти, кои ионака не веруваат, а овој „доказ„ ќе им биде уште една причина да продолжат да не веруваат во „она„ кое ионака не постои....
Научен доказ (како ли само „изгледа„?...) за Божјото постоење или непостоење, нема, а верата во Бога ионака не е овосветовна потреба, туку потреба од духот, кој е оносветовен.
Мики погрешно си ја разбрал темата. Никој тебе не ти бара доказ дека бог не постои, не станува збор за тоа тука. Нити пак некој пробува да те одврати од твојата вера и бог. Но сепак прво си човек нели?
Никогаш не си се запрашал како би реагирал во таква ситуација што ке правиш потаму ако еден ден ја изгубиш вербата во твојот бог безразлика од каква причина. Прашањето е повеќе хипотетички што би било кога би било. И баш затоа што во твојата психа нема место за двоумење, сомнеж итн итн , затоа и одговорот уште повеќе ме интересира. Што ти би направил ако еден ден ја изгубиш вербата во бога која до тој ден била непреиспитлива и без тронка сомнеж. Што потоа ?
Ако прочита внимателно јас не нагласив каков доказ туку секој од вас посебно сам да си одбери што би било тоа.[DOUBLEPOST=1449692085][/DOUBLEPOST]
Би ја испитал работата до крај. Би исчекал да биде се проверено и ако остане неоспорноста на доказот против Бог, онака како што сум научен од Црквата и потврдено од духот во мене или во спротивен редослед, тогаш би го сменил моето мислење за вистината.
Дали треба да се има став врз основа на доказ кој го нема, а си мислиме дека можи да се појави. Или да имаме став врз основа на она кое сега го знаеме и чувствуваме. Јас мислам никој не можи да биде осуден ако живее според она кое го знае, а ќе биде исмеан оној кој гради живот врз основа на можност на откритие спротивно на она кое сега го знае.
Но прашање за меките верници. Колку време треба да помине и колку прашања треба да ви бидат одговорени за вашата вера да стане тврдокорна? Се од филозофија, наука, се до внатрешното чувство зборува за Бог, го искажува Божјото дело и присуство. Но на секој одговор постои нов сомнеж. И кога тој биде одговорен, повторно сомнеж. Кога ќе речете: доволно е одговорено. Концептот е заокружен, сомнежот не може да биде отстранет, затоа што според природата на состојбата во која се наоѓаме, секогаш ќе го има. Но за верниот за да верува онолку колку што е потребно и дадено да се знае за да се верува, нема право за колебливост. Инаку и не би било испит на верата.
Тогаш зошто да не бидете тврдокорни верници се додека не се појави тој неоспорен противтеистички доказ, кој и никогаш нема да се појави.
Значи хипотетички збораме. Работата е испитана, доказот валиден, вербата разнишана, цел твој живот и цела твоја верба била лага.
Понатака што ? Ќе станиш другиот ден како ништо да не било и ке си продолжиш по старо? По кое старо. Старото било лага.
Тоа е дилемата. Што потоа ?[DOUBLEPOST=1449693002][/DOUBLEPOST]
Едноставно нема да признаат дека постојат докази што ја оспоруваат религијата.
Тој што верува ќе продолжи да верува и ништо нема да го премисли. Единствено што може да стави крај на религијата е образованието и времето, најверјатно две до три генерации од сега, надевајќи се дека светот нема да отиде поѓаволите до тогаш.
Насилно или пак со доакзи неможе верник да се отргне од религијата. Тоа ти е исто како да сакаш навивач на некој клуб да го натераш да поверува дека неговиот клуб ќе изгуби. Надеж...нема појако од тоа.
Значи го поминавме тој момент дека ништо нема да го премисли. Премислен е веќе, сега зборуваме за потоа. Доказот пред кој се исправил пред него е неоспорен и непобитен ( барем за него) и тука завршува тој дел од муабетот. Дали доказот бил од материјална или духовна природа не е битно, битно е дека каков и да е тој доказ делувал доволно на него ( верникот) за да тој комплетно си ги преиспита своите верувања и заклучи дека цело време бил во грешка и наеднаш се најдува пред непознат терен. Светот му се врти наопаку а тој нема за што повеќе да се задржи како што имал претходно во религијата и бог.