Black Mass го глеав вчера. Тапа ми е некако, не знам зашто, ваљда сум научен вакви мафијашки филмови да гледам со Ал Пачино, Де Ниро, Џо Пеши а не Џони факинг Деп. Океј беше Џони со глумата, адаптацијата на ликот малце ја утнале, ептен страшен го напраиле овој со плави очи и помаранџеста фаца а го гуглав вистинскиот Џими баш нормален човек изгледал.
А и приказната е некако утната, не е добро раскажана... јеби га сеа не е секој Брајан де Палма или Мартин Скорсезе.
Филм што дефинитивно ќе го забораам за 15 минути а сум голем љубител на овој жанр, крими-трилер-драма... али јеби га, нема веќе Ал Пачино баки мој.