UEFA Champions League 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Доста давате аргументи од гледање резултати само. Швајни и Шнајдрелин биле лоши трансфери. Швајни бил ваден и давал само сигурни пасови, па мрднатиот Ван Гал го вади секоја партија за да го игра Фелаини, а сигурни пасови цела екипа дава не само он туку цела екипа, тоа го налага мрднатиот. Шнајдерлин е најдобриот трансфер на тимов, ја држи сам цела средина. Се виде вчера колку фалеше на одбеаната. Проблемот е во филозофијата која ја наметнува Ван Гал, во Руни и Мата што се непропознатливи и во тоа што немаме бекови па и централен.

Офтопик, ама сега ја приметив госоѓицата што ја имаш на сликите, фала шо и името си и го оставил. Сакам да се преселам у Норвешка и да имам блиски средби од интимен карактер со неа секој ден. :semolam:
 
Порто мора да брка победа,со секој друг резултат Динамо е прв,Челзи е втор[DOUBLEPOST=1449652686][/DOUBLEPOST]@red.devil @Ilumious

Очигледно не ме разбравте најдобро,не реков дека Шнајдерлинг и Блинд се лоши играчи туку со тие пари и со тој буџет што го има клубот можи да земи многу подобри играчи што ќе го ораат теренот и ќе прават разлика а не само да се сведува на зборот "добри"..јас доволно го имам гледамо Манчестер Јунајтед оваа сезона и сфатив дека немаат никаква идеа кога се работи за организирање на акциите,како да нема кој да превземи одговорност или пак не се оди на ризик односно се плашат да не изгубат наместо да се обидат да победат..

Тој лузерски менталитет му е наметнат од Ван Гал и тотално ги лимитира играчите со неговите глупи замисли ...ете ги имате Шјнадерлинг;швајни,Херера,Блинд,од страните Јанг,Мата и Депај,во нападот Руни и Мартиал,како странични бекој Дармиан,Шо,Рохо......И навистина мислите дека овој е соодветен тим за клуб што троши над 300 милиони евра во две години за засилувања со астрономски плати за секој фудбалер?..зарем се ќе се сведува на добри фудбалери?..само добри?
Тоа што фали плејмејкер фали, таа улога требаше да ја има Ерера кој е повреден.

Види, ова што го збориш ти држи вода до некаде, се согласувам дека требаше да се фрлат пари на некој како Погба или Верати (ама реално кој ќе ти пушти такви играчи ама нејсе).
Сега не знам како да ти објаснам дека толку пари не се потрошени. Односно, вкупно таа е сумата ама треба да се земи во предвид дека се продадени еден куп играчи (чии позиции треба да се пополнат), во таа сума влегуваат и парите кои беа дадени за Ди Мариа кој веќе не е во клубот. Сакам да кажам за да има комплетен тим Јунајтед со квалитетни играчи со егзодусот што се случи во тимот овие две години и инфлацијата на пазарот му се потребни околу пола милијарда евра. Да беше чиста инвестиција како што прават стокмените тимови како Барса, Реал, Баерн, Сити, ПСЖ... и да надоградуваат на веќе квалитетните тимови ќе беше друг муабет и тотално ќе се согласев со тебе. Иначе, за ребилдинг 200м ништо се денес, тргни по квалитетно крило од твојата дефиниција преку 60м сигурно ќе кошта, квалитетен плејмејкер - 35 кошта Ковачиќ кој е уште талент и несозреан. Замисли играч од твојата дефиниција колку би коштал. Манчестер има моќ ама нема толку моќен клуб кој што може да го инвестира целиот обртај. Потребно е време.

Многу играчи што ги спомна не заслужуваат критики. Можеби не се world class играчи ама да играа вчера Џонс, Шо, Рохо, Шнајдерлин и Ерера ќе гледаше тотално друг тим од аспект на стабилност. Кривицата за фудбалот кој го игра Јунајтед највеќе јас ја гледам кај Ван Гал со неговата пасивност.
 
Не е баш така.Ребилдинг не се праи само со играчи ко Роналдо Иниеста Нејмар Милер и слично....Немораш да купуваш само супер ѕвезди од светски калибар од шортлистот за Балон Дор.Не е тоа гаранција за успех-пример Реал у 2009(Кака и Роналдо во исти трансфер рок и уште мал милион топ играчи)

Кај ребилдингот колку што е важен калитетот на играчите исто толку е и важен нивниот потенцијал.Кога мислам на потенцијал мислам и на карактер,на тоа каква е можноста да се вклопат во екипата за релативно брзо време,да се направи хемија во тимот.А за тоа ти треба комбинација од играчи-лидери и играчи млади со голем огромен потенцијал.

Кога знаеш што бараш и што купуваш и за 30 милиони се зимаат топ играчи(Даглас Коста)

Некогаш и паметно потрошени 80 милиони можат да завршат многу поголема работа од рандом потрошени 200 милиони.Мислам дека тука вашата управа носи одговорност заради тоа што не можете да земете просечен играч под 15-20 милиони...Тоа е последица и на финансиската тежина на лигата и нормално на вештините на преговарање.

Види ги Дортмунд,Атлетико како класични примери како може со релативно малце пари да се биде ефективен.Јуве е уште еден пример(Дибала,Мората)

Некогаш не треба да биде само фокусот на ТОП Фифа ѕвезди.Треба да знаеш како да делуваш на пазарот,да си брз ефективен и да оставиш време за воигрување и градење на односот меѓу екипата и тренерот.Носење на Марсијал на последен ден од трансфер рокот кажува дека не се работело така баш.Играч како Марсијал се носи на почеток.

На крајот од денот,како што сам кажа тоа е процес.Процес кој трае и треба трпени и процес кој бара континуитет а не инстант решенија.
 
Не можеш да очекуваш од навивач на Јунајтед да чека, да сфати дека процес на градење на тим со нов тренер не е траење од само година дена и дека после тоа сфе ќе биде најдобро. Истото може да се каже и за навивачи на Реал Мадрид.[DOUBLEPOST=1449672459][/DOUBLEPOST]Не сите, @Божино pls sakaj me <3
 
Абе коњино, цел живот ќе те учам дека сочуВство се пишува?? В бе В, со В пиши Тандер да те ебе ти ебам тоа бебешката фаца што ја имаш. :yid:

#stefankobeсиндром :icon_lol:
од многу тешко што ми падна сум лапнал буква, прости ми :icon_lol:
 
Не можеш да очекуваш од навивач на Јунајтед да чека, да сфати дека процес на градење на тим со нов тренер не е траење од само година дена и дека после тоа сфе ќе биде најдобро. Истото може да се каже и за навивачи на Реал Мадрид.[DOUBLEPOST=1449672459][/DOUBLEPOST]Не сите, @Божино pls sakaj me <3
Абе да, од толку што не можеме да сфатиме треба им објаснуваме на интерашиве. :D

Ама Пејо, битно вие сфаќате, еве уште малце три децении кај што праите ребилдинг. :kuracc:
Не е баш така.Ребилдинг не се праи само со играчи ко Роналдо Иниеста Нејмар Милер и слично....Немораш да купуваш само супер ѕвезди од светски калибар од шортлистот за Балон Дор.Не е тоа гаранција за успех-пример Реал у 2009(Кака и Роналдо во исти трансфер рок и уште мал милион топ играчи)

Кај ребилдингот колку што е важен калитетот на играчите исто толку е и важен нивниот потенцијал.Кога мислам на потенцијал мислам и на карактер,на тоа каква е можноста да се вклопат во екипата за релативно брзо време,да се направи хемија во тимот.А за тоа ти треба комбинација од играчи-лидери и играчи млади со голем огромен потенцијал.

Кога знаеш што бараш и што купуваш и за 30 милиони се зимаат топ играчи(Даглас Коста)

Некогаш и паметно потрошени 80 милиони можат да завршат многу поголема работа од рандом потрошени 200 милиони.Мислам дека тука вашата управа носи одговорност заради тоа што не можете да земете просечен играч под 15-20 милиони...Тоа е последица и на финансиската тежина на лигата и нормално на вештините на преговарање.

Види ги Дортмунд,Атлетико како класични примери како може со релативно малце пари да се биде ефективен.Јуве е уште еден пример(Дибала,Мората)

Некогаш не треба да биде само фокусот на ТОП Фифа ѕвезди.Треба да знаеш како да делуваш на пазарот,да си брз ефективен и да оставиш време за воигрување и градење на односот меѓу екипата и тренерот.Носење на Марсијал на последен ден од трансфер рокот кажува дека не се работело така баш.Играч како Марсијал се носи на почеток.

На крајот од денот,како што сам кажа тоа е процес.Процес кој трае и треба трпени и процес кој бара континуитет а не инстант решенија.
Што да ти кажам, погрешно ме разбра, а сега имам и друга работа ај може покасно ќе се објасниме.
Накратко, Даглас коста е украсување на веќе накитена елка. Да беше во Јунајтед ќе се изгубеше и тој. Кога станува збор за потенцијал Депај е светлосни години пред Коста и не ти го зборам ова зошто сум фан на Јунајтед.

Ми го споредуваш Дортмунд и Атлетико со Јунајтед? :icon_lol: Кога ќе се поврзи играч со Јунајтед сумата троструко скока. :)
И Јуве примерот со Дибала. - Одличен талент ама ги кошташе 40м. Значи истото што го зборам јас погоре. Ај после ќе ти пишам подетално мое мислење.
 
Абе да, од толку што не можеме да сфатиме треба им објаснуваме на интерашиве. :D

Ама Пејо, битно вие сфаќате, еве уште малце три децении кај што праите ребилдинг. :kuracc:

Брат, нас за кур не не' бива. Единствен показател после носењето на Рафа дека е можно како целина клубот да оди нагоре е тоа што повторно се носи шампион за тренер, Клоп. Рафа беше шампион во Шпанија, па го донесовме, сега тоа го направивме со Клоп. 10 години во меѓувреме се залажуваме, после 2007ма и финалето во ЛШ Ливерпул не постои на мапа, 5 години не игравме во ЛШ, бруки невидени, со еден Карлинг и една трка за титула.

Како и да е, тоа не го менува фактот дека треба малку да се приземјите и да сфатите дека тешкиот период не завршува толку брзо. Брат, ти раскинала девојка после 10 години, пред свадба што се вика и ти мислиш дека за 2 месеци ќе бидеш океј ама сфаќаш дека после 2 години сам одиш во театар и пробуваш да најдеш културна дама, за да се уозбилиш а завршуваш секоја вечер у бифе у драмски со чуварот :kuracc:
 
Кога веќе го зачнавте ребилдинг процесот, мора да кажам дека во таков процес најбитна алка е тренерот. Јуве се обиде со Дел Нери врска немаа. Конте кога дојде одма се осети. Дортмунд се издигна со никој друг, туку со Клоп. Така да при поволните услови кои ги има Ван Гал во Јунајтед од аспект на финансиите негова вина е играта која што ја имплементира и која не личи на ништо. Игра во која Меси ќе игра просечно.
 
Ние правиме ребилдинг на филозофиите бе, што не е јасно тука?[DOUBLEPOST=1449676244][/DOUBLEPOST]
Манчини склопи боље екипа од Ван Гал. :cool: :kafence:
Можда не склопи боља екипа ама вас ве ваѓа маестралниот Гнокурац.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom