Пишав повеќе во ЛШ темата, да не се повторувам, си поигра фудбалот со нас денеска, 10 пати сменивме расположение....
Да почнам со други работи. Прво, колку и да ми е чудно/болно да го гледам Јунајтед во Лига Европа тимот мора, мора и мора да се натпреварува таму. Во лоша ситуација сме и на УЕФА ранг листата, ќе паднеме многу лесно во трет барабан, а тек тогаш ќе не чекат заебанции во ЛШ секоја сезона. Ваљда се свесни за тоа, и се надевам дека нема да го дозволат. Па и да го спасат Англискиот фудбал, многу лесно може да се изгуби 4тото место кое води во ЛШ, па да си имаме проблеми и во Премиер Лигата некоја од наредните сезони.
Друго, отпаѓањево оди само и само на душа на ЛВГ. Игра ептен претпазливо, одеше на ебано нерешено во Холандија и Русија и токму поради тоа завршивме вака. Затоа и се нервирав кога последните 20 минути во Москва ја имавме топката и цели 20 минути си подаваа средниот ред со одбраната како да водиме 0-5 и да го чекаат крајот и двете екипи. Играше демек посигурно, а ја избра најризичната варијанта, според која ако не ги добиеме трите меча на домашен терен сме аут од ЛШ. Од една страна го разбирам, бидејќи денеска најдобро се виде колку ни е шугава одбраната. Јасно ми беше оддамна, а еве сега и се потврди дека тие 5-6 клин шита што ги имавме по ред беа само и само поради пристапот на игра, а не поради јаката одбрана. Ете вечерва мораше да бркаме победа и ни правеа контри како сакаат. Ама тоа е пак негова грешка, што не си донесе нормален дефанзивец место да се коцка со Блинд на штоперската позиција? Зошто го продаде Рафаел кога можеше да заврши огромна работа место да играме со Валенсија, и сега да се крпиме со Варела?
За денешниот меч конкретно, да бидеме реални тимот ни беше составен од деца. Бековите, Џеси, Пауел, па и Депај и Марсијал кои колку и да се талентирани, сепак се деца. Не е воопшто чудно што изгубивме. Ми се допадна тоа што се трудеа до сам крај и не се откажаа. Џеси мора да поработи на финишот. Борбен е ептен, брз исто така, ама се џабе ако не знае да даде гол. Депај и Марсијал исто беа добри, сигурен сум дека ќе оформат неверојатно дуо за некоја сезона, доколку не ги кочи филозофот. Единствено не ми беше јасна позицијата на Фелаини. Што улога имаше денеска на мечот? Да трча лево десно и евентуално ако има центаршут да се обиде да даде гол со глава? Па кај што игравме со деца, игравме и со играч помалку цело време. Откога се повлече Керик на стопер и отиде Смолинг напред почнаа да го играат....последните 15 минути.
Кога веќе го спомнав Смолинг кој играше повреден тие 15 минути, само за крај - СЕКОЈА ЧЕСТ МАЈСТОРЕ!

