Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Јодоровски е легенда, еден од најдобрите режисери во овие 120 години филм. Кога некогаш би ме прашале зошто сакам филмови, би рекол дека поради Јодоровски.

Е сега, споредбата Холивуд вс. Европа веќе нема значење како порано.
Колку европски филмови излегле последниве години кои вредат да ги гледаш по втор пат или се нешто поинакво и поквалитетно од холивудските? На прсти се бројат.

На фестивалот на француски филм кај нас секоја година ги носат најдобрите француски филмови од изминатата година и од 20 филмови кои тие ги сметале за најдобри, едвај еден филм дали вреди и да речеш дека би го гледал пак, дека „те сменил" кога си излегол од кино.

Од друга страна, блокбастерите искинаа последниве години. Марвел филмовите за пример се најлошото нешто што постои досега излезено од Холивуд и допрва ќе кешираат пари од нови проекти со нови суперхерои и нема запирање.

Од трета страна - арт филмовите за кои кажува Јодоровски никогаш не можат да заработат пари, но ќе дојдат до одредена публика. Особено арт филмовите од режисери кои веќе си имаат репутација на култни ликови, како него.

За мене не е проблем, ќе отворам интернет, форум, авб клаб или некој таков сајт и ќе ги најдам тие hidden gems од Холивуд кои за среќа се уште постојат. Исто и @wot ќе видам на што дал лоша оценка и го ставам на симнување :D значи се на се 10тина минути пребарување.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
за не холивудски филмови може да дам препорака на следниве што ги гледав овие денови:
Camaron La Pelicula - биографија за истиот
The City of Lost Children 1995 - режија Jean-Pierre Jeunet
You And The Night 2013 - го изгледав чисто ради саундтракот на м83, иначе перверзен филм.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
за не холивудски филмови може да дам препорака на следниве што ги гледав овие денови:
Camaron La Pelicula - биографија за истиот
The City of Lost Children 1995 - режија Jean-Pierre Jeunet
You And The Night 2013 - го изгледав чисто ради саундтракот на м83, иначе перверзен филм.
Тhe CIty of Lost Children ме потсети на Delicatessen од истиот режисер. Исто добро филмче со интересна тематика. Aко не ти е гледан можиш да го ѕирниш.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
како ти фати око овој? прв пат или re-watch ти беше?
го рецензирав тука, на доста луѓе не им е гледан баш сакам да чујам мислење
JaС пред неколку години го зачекав на тв 1000, ама онака на крај. Тогаш немав интернет за да прогуглам филм со таква тематика, и онаа ми остана мистерија кој е филмот и што се случувало претходно во истиот, оти крајот ми се виде ептен забеган кога се разбркуваа.

Па пред 2-3 години листав на Imdb некои листи со европски филмови и ми падна постерот в очи. После гугл ми кажа дека уствари тоа е тоа што сум го видел некогаш и со сиот мерак го изгледав овој пат цел :D Приказната е одлична и замислата. Плус и друг пат имам спомнато, ми се бендисува стилот на овој режисер. Онака замрсено има воспоставено добра игра со боите во сликата.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Ако Јодоровски е толку добар зошто ни еден филм му нема стапанто на 8ца ?(сериозно прашувам) патем неам изгледано ништо од него у компјутер ми дреми The Holy Mountain 3месеци по ред Rating: 7.9/10 - ‎20,843 votes очигледно и ќе треба да одговорам сам на прашањево со торент у раце и така не му е богата филмографијата
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
како ти фати око овој? прв пат или re-watch ти беше?
го рецензирав тука, на доста луѓе не им е гледан баш сакам да чујам мислење
Не ми е баш свежо гледан филмов и малце матна ми е содржината. Но од аспект на сет дизајн и елаборација на гротексни ликови е врв. Стилот на сетот е многу јак, дистописко време со мрачен vintage амбиент. Ми се допадна ептен.
Гледам двајца режисери се. Треба да го гледам Delicatessen од нив двајца, не ми е гледан.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Тhe CIty of Lost Children ме потсети на Delicatessen од истиот режисер. Исто добро филмче со интересна тематика. Aко не ти е гледан можиш да го ѕирниш.
Го имам гледано филмот како дете, многу ми е страшен, морбиден, он има таков стил како со fish-eye изобличено. :)[DOUBLEPOST=1449344314][/DOUBLEPOST]
како ти фати око овој? прв пат или re-watch ти беше?
го рецензирав тука, на доста луѓе не им е гледан баш сакам да чујам мислење
Првпат го гледам, баш се запрашав како го немам гледано порано плус дека е Рон у улога, ја пратам темата редовно да видам добра препорака, ама ете веројатно тој ден сум рипнал некоја страна.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.183
Поени од реакции
10.185
мене па Delicatessen не ми се свиѓаше. City поради морбидниот постер не ми се седнува да го гледам. :noze:
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Goosebumps ме потсети на Jumanji, ме врати у детство малце :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.774
Поени од реакции
43.978
@Erich Zann

Mислам дека ти имаше пишано оти си го гледал филмот за Меси. Англиски превод најде ли негде? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom