Премногу самоуверено влезе Вардар во дуелот,шо е добро но во некоја мера и е заебано,посебно се покажа вчера кога влезе во црни дупки и дозволи Барса со лесна транзиција набрзина да анулира предност,а со последната црна точка на крај на меч и одбраните на Варгас и да го реши мечот..
Судиите,шо да се кажи за нив?
Не знам кој се сеќава,ама уште на времето Скандинавските судии имаат историја дека
САКААТ ДА БИДАТ ВИДЕНИ..
ФАЦИТЕ ДОЛОВНО ГОВОРАТ ЗА ЧОВЕКОТ,ВИДИ ГИ ШО СУРАТИ ДРЖАТ И СЕ Е ЈАСНО....
Не знам како се викаше една позната судиска двојка од мината декада,па пола Европа кукаше од нив,посебно ги уништија Хрватите на финалето на СП во Хрватска 2009...
Тоа ти се тие клети Скандинавци,посебна сорта на луѓе,посебно се ненаклонети кон Балкански екипи...
Погледнете ја снимката Загреб-Веспрем и се е јасно за каква "арбитража"прајме муабет..
Исто и Сегед ако добро се сеќавам се жалеа на нивното судење...
Го исклучуваат Илиќ без потреба,за никаков старт,непотребно сецкање на игра,непотребно дигање тензија,едноставно сакаат да
бидат главни на терен...
Овие судења се за одземање лиценца,неам видено по-препотентни лигуши од Скандинавците,најмногу ги мразам од сите....гнасен народ,по,по....
Нема полошо од еден меч ако судиите го водат орото,а овде победува екипата која подобро ќе се прилагоди на тоа судење..
Веспрем доби изгубен меч во Загреб,Барса доби на психа вчера,Вардар сам си влезе во психолошка војна и дозволи нервозата да го диктира темпото...
Според мене два клучни моменти влијаеа на резултатот...
Судиите секако..
Но два поважни фактори беа клучни-
нервозата кај Вардар и измешаната ротација на Раул во второ...
Посебно се виде на почеток на второ,кога беше исклучен Македа,за само 2 минути Барса анулира 3 гола...
За ова е крив и нападот на Вардар шо одеше на пребрзо завршување на напад,во вакви моменти не можиш ти да имаш и убава и брза игра и резултат...
Овие две работи не одат заедно,посебно не кога имаш расположен голман против себе..
Очигледно е дека скаутинг тимот на Барса добро си ја заврши работата,точно знаеше Варгас каде шутираат играчите,посебно бековите,речиси сите шутеви ги прочита,посебно во второ,освен тие шутеви на Македа при крај на прво,и тие бомби на Горбок кои не се бранеа,се друго лесно стопи...
Тие контри/зицери на Шишкарев,Марсениќ се едноставно
игра КО ЈЕ ЈАЧИ...
Секогаш е така,секогаш играчот шо е во контра е во пол позиција-има забрзување,има скок шут,има преглед на цел гол,можност за побрзо размислување каде да ја упати топката,на голманот му преостанува само една работа
ДА СЕ ПОСТАВИ И ДА ГО ЧЕКА ИГРАЧОТ КАДЕ ЌЕ ШУТИРА,а големите голмани едноставно те наведуваат на една страна,и те чекаат да одбериш агол и дури тогаш се отвораат,или креваат рака или нога и пробуваат да го заштитат голот....
Тука се делат голманите....Варгас е голем потенцијал,доста сталожен,и сериозен голман....
А и му се погодија играчите,да беа во тие контри Дибиров,Карачиќ тешко дека ќе имаше шанса за нешто повеќе...
Така одеше текот на играта,повеќе дупки имаше на страната кај Шишкарев,дали намерно Барса оставаше простор кај Шишкарец е добро прашање?
Исто добро прашање е зошто Брумен не доби шанса во второ?
Друга работа...
Раул тотално ја поеба тактиката во второ,и во одбрана и во напад...
Во одбрана дозволи голем простор за Жалуз,ако веќе одеше со таа 5-1,мораше тој индијанец да е залепен до Жалуз,да оневозможи проток на топка од десен на лев,и обратно..
Добро кажа и Клинчаров на крај,тие брзи укрстувања од линија во линија(Жалуз-Кире-Копљар)го решија мечот,зошто?
Зошто Македа е пребавен играч да го следи текот на топката,и се уморуваше од тоа движење на топка,и едноставно кога веќе ќе добиеше брза топка Жалуз од десен бек тоа значеше дека е спремен за шут,и немаше време Македа за реакција,пребрзо исфрлање на топка има Жалуз,а се креваше од 10ина метри,нема тука шо да се направи,едноставно тие акции беа нерешливо,истото го праеше и Менсах додека му одеше....
Тука ја реши Барса таа агресивна одбрана на Вардар,иначе не беше лош Вардар во дефанзива,Кире тотално аут беше,пак еден куп топки ги поеба...
Средниот бек исто така исфрлен,ако не се лажам Раул даде само еден гол,и тоа на сила,кога Тоскиќ очекуваше дека ќе се стопира нападот...
Одбраната на втор пикер слаба,доста топки успеаа да прифатат крилата и да се напрај голем вишок по страните шо доста се користеше....
Штербик повеќе од солиден,нема збор за младичот,но му фалеше подршка...
Нападот,целосно потфрли,ротацијата во втора целосно погрешна..
Ако не беа тие голови од Горбок немаше ни 10 гола да има Вардар во второ,топката до лево крило ја немаше..
Тоскиќ не ни влезе во напад во второ,самоубиство..
Да не го играш ти најдобриот пикер,кога се крши резултатот сам си го бараш..
Марсениќ по сето ова шо го прикажа овие 8 кола се докажа дека е тешко дрвце...
Премногу му ја набија цената на дечкото,не е ни чудо шо цела пролет ја помина во Партизан..
Џабе толкава висина има,кога не знае да се позиционира,да прими топка пред играч,да заврти играч околу себе,да прими топка во позиција за шут,да напрај блок..
Тотално бескорисен играч..
Можеби со послаби одбрани како оние на Кристианстад,Монпеље,Сегед не се гледа ова,ама против овие волови на Барса,како Виран Морос,Шипршак,Сораиндо,Јиха,Копљар се гледа пикерот...
Нека си бара Вардар пикер со време,зошто наредна сезона најслаба алка ќе биди оваа позиција...
Исто и лев бек нема да е лошо да ископаат,ако останат само со Горбок тешко...
Друга работа,не знам зошто играа заедно Карачиќ и Циндриќ,го убија нападот,немаше ни шутеви,немаше ни влезови(немаше ни можност за ова)..
На крај мораше мечот да го завршат со Горбок и Карачиќ...
Циндриќ против вакви одбрани се губи едноставно,тој е навикнат да игра со пониски играчи,против таква средина како онаа на Барса таков тип на играч се губи тотално...
Исто и Македа во второ беше резервиран,а му тргна во напад при крај на прво,требаше со него да се проба,посебно на таа страна кај Јиха,кога веќе не одеше шутот на страната кај Копљар...
Се виде дека има простор таму,посебно со тие топки кон Шишкарев...
Тие се тие мали детали кои го решаваат мечот...
Вардар влезе со нервоза во најнезгодниот момент и немаше шанси да се врати,посебно не откако цел меч го контролираш и во последни 4 минути противникот ти прај серија,тогаш и психички паѓаш....
И Барса не изигра ништо искористија нервоза кај Вардар и имаа среќа шо баш во клучните моменти Варгас скина неколку чисти зицери,иначе мечот сигурно ќе одеше во неизвесна завршница...
Со оваа победа речиси го резервираа првото место..
За второ ќе се борат до крај Киелце,Вардар и РНЛ,зошто да не и Сегед..
Каша попара ќе биди...
Многу работи ќе бидат појасни наредно коло кога меѓусебе ќе играат Киелце и Вардар...
Киелце вчера одвај тепа со Колдинг,со судни мака,резултатска нишалка беше цел меч(шо би рекол Југо)
Држ не дај цело време,на крај една топка го реши мечот,и со голот на Зорман се реши победникот...
Има шанси Вардар во Полска,за разлика од Барса Киелце е дупка во одбрана,таму ќе има голеада,ниѓшто чудно и 80 гола да паднат
Победникот од овај дуел ќе има речиси гарантирано 3то место во група,иако допрва следуваат разврските...
И Сегед можи да напрај големи проблеми во групата...
Интересна група во секој случај,далеку најинтересна и можеби и најквалитетна,со оглед дека Кил падна во форма,а и Веспрем не блеска засега....
Остануваат уште две кола и следува паузата...
Па после можат да се сменат многу работи..
Следуваат припреми за ЕП,па ЕП,еден куп тешки мечеви,па умор/повреди на играчи,па мал период од само две недели за враќање во форма..
Многу работи можат се сменат за овие месеци,екипата која ќе ги зачува главните играчи од повреди ќе има најголеми шанси за Келн....
За тоа 1/4 финале конкурираат дури 10 ина и тоа како сериозни екипи,со претпоставка дека ПСЖ И Барса веќе се во 1/4 финале...
Значи за преостанатите 6 места ќе се борат екипи како Веспрем,Фленсбург,Кил,Киелце,Вардар,РНЛ,Сегед....
Горе долу од овие екипи треба да се бараат патниците за Келн....