88ми американски филмски награди (Оскари 2015, 28 Февруари)

Кој е вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.838
Поени од реакции
36.876
Четврта година по ред ја имам честа на месец до крајот на годината да ја отворам темата во која ќе биде сумирано сѐ значајно што се случило на филмското платно. Осумдесет и осмото доделување на наградите на Американската филмска академија ќе се случи на 28 февруари 2016. на старото место - Dolby Theatre во Холивуд, Калифорнија.

Системот според кој е составена листата е повторно ист: сумирани предвидувањата на 5 сајта кои пишуваат за седмата уметност, преку сложен систем за бодување на истите. Оваа година тоа се стандардните Indiewire, Variety и Awards Circuit, и за прв пат Awards Watch и Animation Alley. За жал, еден од најпознатите сајтови за филмска уметност, чии предвидувања исто така беа земени во предвид во изминатите 3 години, Rope of Silicon, оваа година згасна. Заради обскурноста на листата која ја приготвиле од следбеникот на Rope of Silicon, ComingSoon, истата не ја зедов во предвид.

До објавувањето на номинациите можете вашите желби и прогнози да ги објавувате тука. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум.
_______________________________________________________________
ФИЛМ (ранг листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг)
СИГУРНИ НОМИНАЦИИ:

1. Spotlight - Tom McCarthy (8.4)


2. The Revenant - Alejandro González Iñárritu (N/A)


3. Bridge of Spies - Steven Spielberg (8.1)


4. Room - Lenny Abrahamson (8.2)


ЌЕ БИДE НОМИНИРАН, НО СО ПОМАЛИ ШАНСИ ЗА ОСКАР:

5. The Martian - Ridley Scott (8.2)


НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДАТ НОМИНИРАНИ И:

6. The Hateful Eight - Quentin Tarantino (N/A)


7. Inside Out - Pete Docter, Ronnie Del Carmen (8.4)


8. Brooklyn - John Crowley (8.0)


9. Joy - David O. Russell (N/A)


ДОКОЛКУ ИМА 10 НОМИНИРАНИ, ЗА ПОСЛЕДНОТО МЕСТО НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ ИМААТ:

10. Steve Jobs - Danny Boyle (7.7)


11. Carol - Todd Haynes (7.4)


12. The Danish Girl - Tom Hooper (5.4)


МОЖНИ „ИЗНЕНАДУВАЊА“:

13. The Big Short - Adam McKay (8.2)


14. Black Mass - Scott Cooper (7.2)


15. Beasts of No Nation - Cary Joji Fukunaga (7.9)


16. Mad Max: Fury Road - George Miller (8.2)


17. Son of Saul (Saul fia) - László Nemes (7.9)


СЕ СПОМНУВААТ УШТЕ И:

18. Straight Outta Compton - F. Gary Gray (8.1)


19. Sicario - Denis Villeneuve (8.0)


20. Youth - Paolo Sorrentino (7.5)


До крајот на листата за оваа година има уште 26 филма, но нивните шанси се речиси еднакви на 0 - ако можам, ќе ја продолжам листата утре. Во изминатите три години, сите 10, 9 или 8 номинирани филмови во категоријата „Најдобар филм“ беа во мојата топ листа со предвидувања, и 3 години по ред мојот систем го погодува освојувачот на Оскарот. Ќе видиме дали годинава ќе се повтори истото.

Лани не успеав, но доколку имам време, повторно ќе направам вакви листи и за останатите позначајни категории.

P.S. Ве молам немојте повторно со муабетот „рано е за темава“ - наместо одговор, видете ги мислењата од минатите години, сто пати имаме дискутирано на таа тема. ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.838
Поени од реакции
36.876
Ви ветив продолжение на листата, па еве, бујрум-те. Ако ништо друго, ќе најдете нешто за во вашата листа за гледање. Следните 20:

21. Concussion - Peter Landesman (6.5)


22. In The Heart of the Sea - Ron Howard (N/A)


23. Star Wars: The Force Awakens - J.J. Abrams (N/A)


24. Creed - Ryan Coogler (N/A)


25. Love & Mercy - Bill Pohlad (7.5)


26. Suffragette - Sarah Gavron (6.8)


27. Anomalisa - Duke Johnson, Charlie Kaufman (8.1)


28. 45 Years - Andrew Haigh (7.4)


29. By The Sea - Angelina Jolie Pitt (5.5)


30. Secret In Their Eyes - Billy Ray (6.2)


31. Trumbo - Jay Roach (7.3)


32. Spectre - Sam Mendes (7.2)


33. The Walk - Robert Zemeckis (7.7)


34. The Good Dinosaur - Peter Sohn (7.7)


35. 99 Homes - Ramin Bahrani (7.4)


36. Macbeth - Justin Kurzel (7.5)


37. Me and Earl and the Dying Girl - Alfonso Gomez-Rejon (7.9)


38. Our Brand Is Crisis - David Gordon Green (5.6)


39. The Dark Horse - James Napier Robertson (7.9)


40. Truth - James Vanderbilt (6.1)


И последните 6 филма на кои барем еден од сајтовите му дал каква-таква шанса се: Everest, Legend, The 33, I'll See You in My Dreams, The Lobster и Burnt.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.209
Поени од реакции
30.401
Уште еден ДиКаприо филм, уште една година трпење фенбојс колку он заслужува оскар.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Ниеден немам гледано од тие за потесен избор ама добро не се излезени повеќето. Вака од тепка, за најдобар филм ќе освои тој на Стивен Спилберг. Гарант е класика амерички филм за оскар. :icon_mrgr:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.066
Eddie Redmayne ke povtori godinava so oskar za glavna sigurno. :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
А како знаете дека првите сигурно ќе бидат номинирани? Мислам знам дека ќе бидат 100% ама мр интересира дали има некаде баш официјално дека се веќе номинирани илинспоред реномирани страници и чуда е?

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
А како знаете дека првите сигурно ќе бидат номинирани? Мислам знам дека ќе бидат 100% ама мр интересира дали има некаде баш официјално дека се веќе номинирани илинспоред реномирани страници и чуда е?

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
Врати се на првиот пост и прочитај од А до Ш што пишува. :tapp:

Bridge of Spies и The Revenant - тоа е тоа што се чека.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.838
Поени од реакции
36.876
Ниеден немам гледано од тие за потесен избор ама добро не се излезени повеќето. Вака од тепка, за најдобар филм ќе освои тој на Стивен Спилберг. Гарант е класика амерички филм за оскар. :icon_mrgr:
Тој е излезен, одамна ми е симнат, но нема превод.

Според мене главната битка ќе биде меѓу Spotlight и The Revenant, и Оскарот ќе го земе Spotlight, да не му се слоши на Ињариту - две години по ред со Оскар за најдобар филм.[DOUBLEPOST=1448306893][/DOUBLEPOST]
Уште еден ДиКаприо филм, уште една година трпење фенбојс колку он заслужува оскар.
Нема - годинава Лео е поблиску до оскарот од било кога. ;)[DOUBLEPOST=1448306965][/DOUBLEPOST]
А како знаете дека првите сигурно ќе бидат номинирани? Мислам знам дека ќе бидат 100% ама мр интересира дали има некаде баш официјално дека се веќе номинирани илинспоред реномирани страници и чуда е?

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
Кај пишува официјално? Ова е предвидување само, го прочита ти цел текст?[DOUBLEPOST=1448307039][/DOUBLEPOST]
Абе Bridge of Spies веќе го има. Само нема превод.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.058
А Star Wars? А Ex Machina? A Martian? (се ова на невидено :P освен Ex Machina де)
Star Wars можно е конкуренција да е или евентуално во друга категорија да се трка. Екс Машина и Марсовец е веќе видено. Галаксии други планети има еден куп. Гравитација и Интерстелар од скоро. Макс, 90 посто од ефектите се во студио па во постпродукција. Али шо знам некако и Star Wars кога го спомна ми се меша, али ко што спомна прво да почекаме да видме што ќе испадне.[DOUBLEPOST=1448309110][/DOUBLEPOST]Башка сега ми текна, за Макс е користена дури и нова технологија во пост прдоукција што мислам и може да е пресудно.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Од кај го ископа само Bridge of spies? Освен кам снимка, друга не наоѓам. Прати ми пп да си го симнам за некоја недеља. Превод и онака не ми е многу потребен на англиски филм.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.066
Макс, 90 посто од ефектите се во студио па во постпродукција.
Sto zboris ziti se? :D

Max e eden od retkite koj ne e snimen cel so zelena pozadina. Site akrobacii se snimeni real life.


Inaku se soglasuvam deka sekako zima, da duri ni star wars ne bi go doprel.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.838
Поени од реакции
36.876
Интересна е ситуацијата кај анимиран филм: иако Inside Out е frontrunner, има други два кои му дишат зад врат: Anomalisa собра еден куп награди по фестивали, а многу го фалат и новиот на Pixar, The Good Dinosaur (лани Pixar никаде ги немаше, годинава со два можни номинирани). Се сеќавате што му се случи лани на frontrunner-от Lego Movie? Ај, да не кобам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom