Хаха, какви двојни стандарди. Кога во Русија, употребува полицијата вакви инструменти на присилно растерување на толпа веднаш се јавуваат центрите за хумнаоност и права на човекот
Патем кога Русија го штитеше територијалниот интегритет во Чеченија од целиот џган собран таму еве како известуваа повеќето западни медиуми.
Бунтовници. Исто како и во Сирија, само што во Сирија не им успеа.
Не е темава за Русија. Но чисто да се нагласи таа дволична политика на западот.
Инаку СПЕТСНАЗ ги исплескале ИСИС на Кавказ. 11 ликвидирани ИСИСовци
ТЕРОРИСТИ СЕ КРИЕЛЕ ВО РУСИЈА: Единаесетмина убиени во анти-терористичка акција во Русија
ноември 22, 2015 / By
iNFOMAX
На југот на Русија ликвидирани се милитанти кои припаѓале на група која положила заклетва за верност на ИСИС, соопшти Националниот антитерористички комитет (НАК)
Единаесет милитанти се ликвидирани во текот на антитерористичката операција во Наљчик, место во северен Кавказ. Сите оние кои припаѓале на групата која положила заклетва на верност на ИСИС.
“Во текот на специјалната операција пронајден е бункер во кој се криеле разбојниците. Како одговор на предлогот да го положат оружјето и да се предадат тие решија да отворат оган на соработниците на чуварите на редот и употребија гранати. По тоа донесена е одлука за почеток на активна фаза за специјална операција, во чиј тек, според прелиминарните податоци, единаесет бандити се неутрализирани. Сите оние кои биле членови на банда која положила заклетва за верност на ИСИС” – се вели во соопштението.
Според податоците на Националниот антитерористички комитет, се продолжува со активната фаза на специјалната операција.
Од 6 часот по средноевропско време на делот на територијата Наљчик и Черкескиот регион Кабардино-Балкарија воведен е режим за контратерористичка операција.
http://infomax.mk/wp/?p=42253[DOUBLEPOST=1448231003][/DOUBLEPOST]
А дојде време мафијата да ги брани цивилите од терористи
БАНДИТЕ НА ЊУЈОРК: Сицијлијанската Мафија во Њујорк нуди помош и обезбедување на граѓаните од терористички напади!
ноември 22, 2015 / By
iNFOMAX
Синот на Њујоршки мафијашки шеф се закани на ИСИС, велејќи дека доколку тие планираат напади на Њујорк, тие ќе мораат да се соочат со Сицилијанската мафија. Озогласениот криминален синдикат вели дека сакаат да помогнат и да ги заштитуваат граѓаните.
Џовани Гамбино, синот на клучна фигура во мафијашката организација гамбино, вели дека мафијата е во многу подобра позиција да обезбедува граѓани, отколку ФБИ или останатите безбедносни служби.
“Тие често реагираат кога е предоцна, или не успеваат да ја видат целосната слика за тоа што се случува поради недостигот на “човечка интелегенција” изјавил во интервју за НБС Њуз, а цитиран од Ројтерс, додавајќи дека познавањето на мафијата за индивидуалните потези и интеракцијата со локалните жители им дава предност дури и во споредба со најновите технологии за следење.
Гамбино, кој пробува да направи кариера како сценарист во Холивуд, вели дека, следејќи ги ужасните напади во Парис на 13 Ноември, заштитата сега е попотребна од било кога досега.
“Светот е опасен денес, но луѓето кои живеат во Њујоршките населби со Сицијлијански врски треба да се чуствуваат безебдно” изјавил тој. “Ќе се потрудиме да бидеме сигурни дека нашите пријатели и фамилии се заштитени од екстремистите и терористите, посебно од бруталната, психопатска организација која се нарекува ИСИС”
Гамбино Џуниор, кој е дојденец од Торета, планински предел над Палермо, престолнината на Сицилија, вели дека ИСИС треба да се плаши од Сицијлијанската мафија, и дека тоа е причионата поради која тие немаат ниту една ќелија поставена во Сицилија.
Италијанскиот остров не бил мета на напади од ниту една терористичка организација, и Гамбино смета дека мафијата може да ја понуди својата помош на Њујорк, за да помогне во уништувањето на ИСИС и да им помогне на луѓето да ја гледаат мафијата во ново светло.
“Мафијата има лоша репутација, но многу од тоа е претерано” – вели Гамбино кој се преселил во Бруклин во 1988 година. “Како со се во животот, има добри, и лоши и грди работи – издигнувањето на глобалниот тероризам и дава на мафијата шанса да ја покаже својата добра страна”
http://infomax.mk/wp/?p=42260