СМИРЕТЕ СЕ, ПОЛЕКА: Еврократите кои ни велеа ситуацијата во Куманово да ја сватиме “лесно”, испратија Армија во Брисел
ноември 22, 2015 / By
iNFOMAX
Ако не е карма, тогаш не знаеме што е.
За време на Кумановскиот терористички напад, Македонската влада испрати само полициски сили, иако се водеше битка со повеќе од 50 терористи кои беа вооружени со РПГ, бомби, АК-47, бомби од домашно производство итн. Ретроспективно, експертите сметаа дека ова е ужасна грешка на владата, требаше да ја извади армијата, да донесе тенк и да ги крене во воздух терористите.
Косовските терористи, многумина од нив закоравени вахабисти со искуство во борбите во Сирија, планирале да постават бомби низ Кумановските отворени пазари и во Скопје, на Камениот мост, полициски станици, трговски центри…бројот на жртвите сигурно би бил илијадници, сметајќи го количеството на ТНТ кое беше откриено.
Кој им понуди помош на терористите? Британците, Французите (ЕУ) и Амбасадите на САД. И покрај тоа што никој не ги праша за нивно размислување тие испратија бизарна (веќе спремна) заедничка изјава, уште пред да започне битката, тие тврдеа дека полицајци и цивили се убиени, советувајќи полицијата да се повлече?!
Како прво, како што е и правилото, тие испратија парче пропаганда бидејќи ниту еден цивил не беше повреден, и второ амбасадата на САД беше во директен контакт со терористичката група.
Да прескокнеме денес во Брисел.
Како предупредување на вчерашните предупредувања за “неизбежен” терористички напад на Брисел кога Кризниот Центар на ОКАМ и Владата ја кренаа терористичката тревога на највисоко ниво, денес ескалацијата продолжува и Белгиската престолнина не само што изгледа на град на духови, туку и на видео играта Call of Duty откако властите испратија специјалци и оклопни транспортери, да го затворат метрото, да ги затворат трговските центри, спортските настани, и ја предупредија јавноста да избегнуваат гужви, железнички станици, аеродроми и комерцијални области поради “сериозна и неизбежна” закана од напад.
Тие треба едноставно да го следат советот кој нам ни го дадоа и да се повлечат. Вака излгеда Брисел денес.
http://infomax.mk/wp/?p=42248
Инаку еве по сликовито за моменталната атмосфера во срцето на ЕУ